Промовирани огласи »

Иако уште пред речиси една недела требаше да бидат објавени имињата на оние лица на кои им следуваат парични средствата од четвртиот пакет на Владата за помош на граѓаните во оваа кризна ситуација, сепак на страницата на kupuvamdomasno.gov.mk стои дека податоците се ажурираат. Токму поради тоа граѓаните почнаа да да се прашуваат до кога ќе можат да се искористат овие средства и дали на овој начин им се скратува времето за нивно користење.

Токму затоа денес министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека нема рокови за тоа до кога граѓаните ќе може да ја потрошат фнансиската помош обезбедена со четвртиот сет мерки на Владата, која треба да им биде исплатена на сметките.

– Првично беше одредено дека до 25 декември треба да се потроши државната помош која ја додели Владата за различни категории граѓани, за што презентиравме во неколку наврати, но ние веќе донесовме одлука дека нема да има рок. Ние сме убедени дека во текот на оваа недела сите граѓани што се во тие категории ќе ја добијат нивната државна помош откако ќе завршат сите процедури во Министерството за финансии, УЈП и со банките каде што тие ги имаат жиро-сметките. Значи, нема рокови, граѓаните ќе ги добијат тие средства и ќе можат да ги користат тогаш кога ќе бидат најпотребни за нив, рече министерот Бектеши.

Со пакетот помош, по 6.000 денари се опфатени пасивните баратели на работа, пензиониерите со месечни пензии до 15.000 денари, корисниците на право на социјална сигурност на стари лица, млади од 16 до 29 години кои не добија пари со претходната мерка, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, естрадните уметници, филмските работници. Се проценува дека со мерката за која се издвоени 27 милиони евра, ќе биде обезбедена помош за околу 300.000 граѓани за пазарење домашни производи.

Промовирани огласи »

Одењето во кафулиња е многу поопасно за заразување со коронавирусот од јавниот превоз, тврдат француски научници. Оваа информација ја објави француската новинска агенција АФП.

Резултатите од истражувањето се објавени во време кога Европа и САД се справуваат со големиот број заболени од ковид-19 на почетокот на сезоната на празниците.

Научници од францускиот институт Пастер испитале по кои фактори, како професија, начин на транспорт, места што ги посетувале, се разликуваат луѓето кои се заразиле со коронавирус од оние кои не се заразиле.

„Забележавме дека зголемениот ризик е поврзан со одење во барови и ресторани“, вели авторот на истражувањето Арно Фонтанет, епидемиолог и член на научниот совет што ја советува владата.

Истражувањето е направено во октомври и ноември во период на ограничување на движењето, а потоа и за време на построгите мерки на ограничување во кои многу локали биле делумно или целосно затворени.

Франција е на 5-то место во светот по бројот на заразени, а од вирусот досега починаа скоро 60.000 луѓе. 

Промовирани огласи »

Доколку сте во потрага по нова работа, во продолжение Ви ги претставуваме дел од компаниите кои имаат отворени работни позиции на KARIERA.mk. Не ја пропуштајте можноста, аплицирајте и станете дел од тимот на овие реномирани компании.

Зегин ДОО најголемата и најуспешната веледрогерија кај нас поради проширување на својот тим има потреба од:
ФАРМАЦЕВТ И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР СКОПЈЕ
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР БЕРОВО

СИСТЕМ ОПЕРАТОР
ХИГИЕНИЧАР - ЗА ДИРЕКЦИЈА

ХИГИЕНИЧАР - СКОПЈЕ

Eуроимпекс ДОО екслузивниот застапник за брендовите PEUGEOT и OPEL на териториите на С.Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија е во потрага по:
ФИНАНСОВ ДИРЕКТОР
РЕФЕРЕНТ ЗА ЛОГИСТИКА
ПРОДАЖЕН СОВЕТНИК
ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

Semos - водечкиот провајдер за IT решенија во нашата државa има отворена работна позиција за .NET WEB DEVELOPER да изгради софтвер со употреба на јазици и технологии на .NET рамката и .NET Core.

Согласно потребите за проширување на компанијата, Неоком како лидер на македонскиот пазар за напредни ИКТ решенија има отворени работни позиции за: 
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИКТ ПРОДАЖБА ВО ПРОДАЖБА
СИСТЕМ ИНЖЕНЕР ЗА СЕРВЕРСКА ИНФРАСТРУКТУРА ВО СИСТЕМ ИНТЕГРАЦИЈА
СИСТЕМ ИНЖЕНЕР ЗА МРЕЖИ И БЕЗБЕДНОСТ ВО СИСТЕМ ИНТЕГРАЦИЈА

Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, има потреба од нови вработувања за извршување на работни задачи на работното место:
ИНЖЕНЕР ЗА ДИЗАЈН И КОНСТРУКЦИЈА

Алма-М долгогодишен лидер на пазарот кој се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка поради проширување на својот тим има потреба од: АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА

Промовирани огласи »

Приватната болница „Аџибадем Систина“ е подготвена да го покрие лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од ковид-19, соопшти болницата.

Вчера на Фејсбук страницата на болницата осамна објава во која се вели дека медицинскиот персонал е подготвен да им помогне на дечињата кои имаат ковид-19 со бесплатно лекување на третманот.

Болницата бесплатно ќе ги лекува сите деца до 18 години на кои им е потребна хоспитализација поради ковид-19 велат од „Аџибадем Систина“.

Досега само болницата Козле, од средина на месец јуни, функционираше како Центар во кој се лекуваат деца и пациенти со ковид-19.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »