Промовирани огласи »

Creative Hub е Центар за неформално образование со Академии за маркетинг и ПР, графички дизајн и програмирање. Центарот е фокусиран на давање вештини на идни професионалци како и нивно поврзување со компании, партнери или инвеститори. Инспирирани од успесите на Creative Hub, KARIERA.mk се потруди да овозможи екслузивно интервју со основачот и раководител на Creative Hub - Аријана Коскарова. Во ова интервју ќе имате можност да дознаете нешто повеќе за нејзиното искуство, креирањето на Creative Hub, а воедно и ќе добиете и некои совети како идни претприемачи.

Како дојде до идејата за формирање на Creative Hub?

Како и што вели правилото пред да почнеш еден бизнис, одговори си на прашањето “Дали има потреба на пазарот и како твојот производ или услуга го решава тој проблем?”. Токму потребата од квалификувана работна сила и несоодветното образование во нашата земја ја отворија идејата за формирање на центар како Creative Hub. Некои можеби ќе речат, да но отсекогаш постоеле центри за едукација, на што јас се согласувам исто како и што постојат многу кафетерии, но сепак еден е Starbucks. Сакавме да изградиме бренд кој ќе биде препознатлив по квалитет, а не само уште еден едукациски центар. Бренд кој ќе им понуди квалитетно образование, поврзување со професионалци од индустријата, насока за работа тука или во странство и секако можност за подобра кариера. 
 

Кој беше твојот најголем предизвик во формирањето на Creative Hub?

Немав никакво искуство во формирање и раководење на сопствен бизнис, па оттаму и многу грешки кои ги направив на почетокот. Но никогаш не се покајав што избрав да бидам претприемач. 

 

Имаше можност да живееш во повеќе држави, да видиш различни култури и сепак се одлучи за вложување во Македонија. Што најмногу те мотивираше за тоа? 

Најефтино место за да започнеш бизнис, и најлесно да го пропаднеш. Вистински предизвик, бидејќи ти требаат малку финансиски ресурси за старт, но исто така имаш и мал пазар со мала куповна моќ.


Убедени сме дека имаш многу поголеми желби и планови. Кои се твоите следни чекори? Што е следното нешто кон кое целиш?

Како завршува годината така верувам дека сите работат на преиспитување на сопствените цели и планови. Иако во мојата природа е освојување и позиционирање на нови пазари, сепак овојпат ќе кажам континуирано подобрување на услугата во чекор со светските стандарди која ја нудиме во регионот односно на пазарите на кои сме застапени во Македонија, Косово и Албанија.
 

Кој е твојот совет за оние кои стравуваат од неуспех?

Неуспехот е најголемиот учител. Ако се оди добро, ништо нема да подобриме. Ние нема да се подобриме. А целта е да растеме, ние и бизнисот.

Промовирани огласи »

Доколку се уште сте во потрага по ново работно место, KARIERA.mk во продолжение Ве информира за новоотворените работни места  во повеќе градови во нашата држава. 

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. За потребите на своето работење објавува оглас за:
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МАШИНСКО ОДРЖУВАЊЕ

А1 е телекомуникациска компанија, фокусирана на креирање и нудење на понуди за конвергентни и софистицирани дигитални решенија, коишто ги задоволуваат комуникациските потреби, не само на резидентните и на деловните корисници, туку и на секое модерно семејство. Поради проширување на својот тим А1 има потреба од:
CUSTOMER SERVICE INTERN

Magna International Inc. е водечка компанија во автомобилската индустрија која е посветена на пронаоѓање на нови технолошки решенија. Со повеќе од 152,000 вработени, 93 центри за развој и продажба во повеќе од 27 земји, Magna International Inc ја отвара следната позиција за новата фабрика лоцирана во регионот Охрид/Струга:
QUALITY MANAGER

Флекс Кредит е брзо растечко финансико друштво кое за потребите на своето работење има отворени работни позиции за:
ОПЕРАТОР ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ
ОФИС МЕНАЏЕР- ФИЛИЈАЛА СВЕТИ НИКОЛЕ
ОФИС МЕНАЏЕР- ФИЛИЈАЛА РЕСЕН
ОФИС МЕНАЏЕР- ФИЛИЈАЛА НЕГОТИНО

НИКОБ, агенцијата за обезбедување лица и имот, своето лидерско место во бизнисот за обезбедување го има стекнато поради високиот и гарантиран квалитет на услугите кои ги нуди. Како компанија 25 години е број еден агенција за обезбедување на имот и на лица во Македонија. Поради проширување на својот тим и својата дејност, како и задоволување на потребите на своите коминтенти, НИКОБ објавува оглас за вработување на:
МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ 
СПЕЦИЈАЛИСТ ПО МЕДИЦИНСКА БИОХЕМИЈА 

Грант Торнтон е фирма-членка на САД на Грант Торнтон Интернационал ДОО, една од водечките светски организации на независни ревизорски, даночни и советодавни фирми. Грант Торнтон има повеќе од 50 канцеларии ширум светот. Доколку сакате да бидете дел од нивниот тим и да имате долгорочна кариера со можност за просперитет, аплицирајте за отворенo работнo местo, во Секторот за Сметководство:
СМЕТКОВОДИТЕЛ

Промовирани огласи »

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, малку корегирани цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.34%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 0.50 денари и еден литар дизел гориво од вечерва на полноќ ќе чини 53.00 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.50 денари за литар, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 60.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 62.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок препорачува нова мерка, односно 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во Македонија со директни летови ќе дојдат од Велика Британија. 

Новата рестриктивна мерка за влез во земјава, Комисијата за заразни болести ќе ја предложи на владиниот кризен штаб, а членовите на Комисијата ја препорачуваат превентивно, откако има информации дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.

-Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка - како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.Министерството за здравство апелира до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните, информира Министерството за здравство.

ФОТО Фејсбук

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »