Машински инженер во Одделение за машинско одржување

За компанијата: Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност

 

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на

 

Машински инженер во Одделение за машинско одржување

Избраниoт кандидат ќе бидe дел од тимот за машинско одржување на опремата во фабриката применувајќи ги најдобрите методи за превентивно и предиктивно одржување, планирање и распоред на активности за редовно одржување, подготовка на извештаи, оптимизација на залихи на резервни делови, учество во подготовка и имплементација на нови проекти. Ќе бид задолжен за планирање, координирање, изведба и контрола на зафати за машинско одржување според меѓународните и најдобрите технички стандарди, компаниските процедури, следејќи ги националнте законски регулативи за безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина. Извршувањeто на задачите во најголем дел е самостојно, како водач на тим или дел од тим. Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот. Основната нето плата за работното место е 40.000 до 45.000 денари.

 

Квалификации на кандидатите:

• Машински инженер, ВСС/VII степен

• Работно искуство од 3 години

• Одлично познавање на англиски јазик, германски јазик ќе се смета за предност

• Компјутерски вештини – MS Office, AutoCAD (2-D), MS Project, познавање на AutoCAD 3-D и Инвертор ќе се смета за предност

 

Конкурентски предности:

Желба за работа во средина со високи барања

Лидерски, комуникациски и организаторски способности

Способност за критичко, аналитично и логичко размислување

Динамичност, ефективност и ефикасност

Посветеност, мотивираност, иницијативност

Тимска работа, кооперативност, флексибилност и адаптибилност

 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:  

1.    Мотивациско писмо

2.    Биографија на англиски јазик (CV)

3.    Доказ за завршено образование

 

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

 

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

 

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје,

http://www.usje.mk

 каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »