Промовирани огласи »

Осумстотини евра – тоа е цената којашто македонските државјани ја плаќаат за да добијат бугарски документи. Цената, пак, којашто ја плаќа државата е – ненадоместлива, анализира „Дојче Веле“.

Додека односите помеѓу Македонија и Бугарија се заоструваат, посебно откако Софија стави вето на интеграцијата на земјава во Европската унија и го оспорува правото на самоопределување и постоењето на македонскиот јазик, бизнисот со бугарските пасоши е во полн ек. Агенции и поединци на македонските државјани преку огласи им нудат вадење на бугарски пасош во кој потпишуваат дека имаат „бугарски корени“.

Постапката за добивање на бугарски пасош се одвива во неколку фази, а првата фаза опфаќа поднесување на извод на родени, извод на родители, извод или посмртница на дедо или прадедо, којшто треба да е роден од 1900 до 1918 година.

Кои се следните фази прочитајте на „Дојче Веле“

Промовирани огласи »

Реформите во областа на грижата за стари и изнемоштени лица и состојбата на пазарот на трудот беа централните теми на прес-конференцијата што се одржа во центарот на австриската влада во Виена од министерот за здравство и социјална заштита Рудолф Аншобер и министерот за труд Кристин Ашбахер. Аншобер најави реформа во областа на грижата за стари и изнемоштени лица.

„До крајот на јануари треба да биде подготвен сеопфатен и значаен пакет мерки“, рече Анчобер, пренесува „Вечерњи лист“.

Тој истакна дека во Австрија медицинскиот персонал е дефицитарна работна сила и дека всушност тој е најважен.

„Во моментов имаме 127.000 луѓе кои работат во областа на грижата, но повеќе од 30 проценти се постари од 50 години и ќе заминат во пензија за околу 10 години“, рече австрискиот министер за социјална заштита, додавајќи дека до 2030 година ќе им бидат потребни не помалку од 100.000 нови медицински сестри.

Аншобер истакна дека тоа може да се постигне само со „преквалификација“ или едукација на одреден број луѓе за таа професија. И со овозможување влез во полето на грижа „без никакви бариери“ со фокус на „оние 7 проценти кои се образовани за таа работа, но во моментов не ја вршат својата работа“, од различни причини, вклучително и финансиски. Тој посочи на потребата од зголемување на платите на вработените, без кои тоа е невозможно во областа на здравството и грижата.

Министерот за труд Ашбахер рече дека владата издвои 700 милиони евра за здравствената криза, за спасување и отворање нови работни места.

„Грижата и здравството се потпора на новиот пакет за финансиска поддршка“, истакна Ашбахер. Таа додаде дека во оваа област во моментов има 10.000 невработени. Таа најави создавање на нови 7.000 работни места за медицинскиот персонал.

Посебна офанзива во таа насока беше иницирана од Австриската служба за вработување (АМС) заедно со Министерството за труд, кое и покрај корона кризата, веќе започна со дополнителна обука на невработените за овие многу барани, но дефицитарни занимања во Австрија.

Како што потенцираше министерот, невработените и лицата регистрирани во АМС кои се вклучиле во процес на дополнително образование или доквалификација за медицинска професија, може дополнително да побараат и бонус за невработеност покрај надоместокот за невработеност.

„Австрија има огромна потреба од работна сила во областа на здравството и грижата“, рече Ашбахер. Таа додаде дека и покрај тешките последици што ги остави корона кризата на пазарот на трудот, таа сепак е „динамична“ и привлечна, пред се за техничкиот и информатичкиот персонал.

Промовирани огласи »

Цели 18 години Македонија нема организирано попис 18, а со тоа е единствена држава во регионот и пошироко без спроведена ваква статистичка операција. Ова дефинитивно ќе го смениме во првата половина на 2021 година, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, на која ги презентираше проектите и програмите од владината „Акција 21 – за европски стандарди дома!” за 2021 година.

„Потсетувам дека во Извештајот на Европската Комисија беше нотирано дека е постигнат особено добар напредок во спроведувањето на пилот фазата од пописот на населението. Затоа сме сигурни дека следува успешна статистичка операција спроведена според најдобрите стандарди на ЕУ. Имаме за цел со предлог Законот за попис, оваа статистичка операција, сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање“, рече Заев.

Премиерот исто така најави дека пописот ќе чини вкупно 8,5 милиони евра и дека ќе се спроведе на малку поинаков начин, односно наместо на хартија како до сега, тој ќе се попилнува на електронски уреди.

„Наместо хартија ќе има електронски уреди. Одговорите на дел од прашањата ќе се земаат од базите на податоци кои ги организиравме во изминатите три години. Пописот во 2021 ќе се спроведе – не заради тоа што премиерот Заев така рекол. И не заради тоа што Мицкоски така сака или не сака. Попис во 2021 ќе има заради тоа што развојот на нашата земја нема да биде можен без резултатите од овој попис. И заради тоа што на граѓаните, на институциите, на организациите, на бизнисот, на науката и на академијата – им требаат нови, релевантни и точни статистички податоци за нашето население“, рече тој.

Промовирани огласи »

Сумата од 6.000 денари што граѓаните ќе ја добијат како финансиска поддршка со четвртиот пакет мерки ќе може да ја користат без рокови и ограничувања, соопшти Владата.

Оттаму за Телма потврдија дека ова значи дека граѓаните ќе може да ги вадат парите и како кеш, а со нив да купуваат и други производи што не се домашни или да плаќаат за други услуги.

Од Владата засега нема објаснување – кога е сменета кампањата „Купувам домашно“, што беше промовирана со претходните пакети финансиска поддршка и која тогаш се најавуваше како обид за помош на домашната економија преку купување домашни производи, со став дека 30- те милиони евра кои ќе ги добијат граѓаните директно ќе влезат во домашната економија.

Сега со четвртиот пакет предвидена е сума од 27,5 милиони евра за финансиска поддршка за ранливите категории граѓани, а парите треба да се префрлат на трансакциските сметки на граѓаните, но нема рок до кога сите ќе ги добијат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »