Промовирани огласи »

Претседателот на Estée Lauder, козметичкиот милијардер Леонард Лаудер, изјави дека да се биде успешен значи да се потроши времето правилно и да се знае уште на почетокот дека ништо не може да го замени напорното работење.

„Мал совет што би го дал на сите млади луѓе: Никогаш не доаѓајте доцна“, рече тој. „Бидете први  и ако можете, заминете последни. Тоа секогаш придонесува во остварување позитивни резултати“.

Вработените во Estée Lauder сè уште го нарекуваат Леонард како „Главен директор “ на компанијата. Според Форбс, Леонард во моментов вреди 22,5 милијарди долари.

 Лаудер ги откри и своите едноставни клучеви за успех.

„Имам две мали фрази што се клуч за успехот“, рече тој. „Број еден, биди љубезен и број два, слушај. Ако можете да бидете љубезни, да ги слушате и да се однесувате со луѓето  со почит, не можете да верувате колку можете да постигнете и колку ќе бидете запаметени, следени и славени. Тоа е патот по кој треба да се оди “.

Леонард Лаудер  објави  книга „Компанијата што ја чувам - мојот живот во убавина“ оваа година, во која детално се наведени основите на компанијата и неговиот подем до вечно лидерство.

Промовирани огласи »

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, Зегин ДОО Скопје, Magna International, ТРД КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ СКОПЈЕ (ТВ21), се само дел од компаниите кои имаат отворено можности за нови вработувања за крајот на оваа година. KARIERA.mk во продолжение Ве информира за работните позиции, не чекајте и аплицирајте навремено!

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтската индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следните работни позиции:
ОПШТ РАБОТНИК ВО НАВОДНУВАЊЕ
ОПШТИ РАБОТНИЦИ ВО ОДГЛЕДУВАЊЕ

Зегин ДОО Скопје  е првата приватна компанија во нашата држава регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа има потреба од:
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР БЕРОВО
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР СКОПЈЕ
ФАРМАЦЕВТ И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
СИСТЕМ ОПЕРАТОР

 

Magna International е водечки глобален добавувач на автомобили посветен на испорака на нови решенија и технологија што ќе го промени светот. Со повеќе од 152,000 вработени ширум светот оваа компанија е една од најуспешните во својата дејност. За потребите на своето работење оваа компанија има отворена работна позиција за:
PRODUCTION MANAGER

ТРД КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ СКОПЈЕ (ТВ21) една од најуспешните телевизиски станици во нашата земја, со повеќе од 100 вработени, поради проширување на својот тим има потреба од:
21 МЕДИА ИМА ПОТРЕБА ОД 5 НОВИНАРИ

LUSH - City Mall  бара асистент за продажба во Скопје. Повеќе информации за работната позиција тука:
АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Котон Магазаџилик ДООЕЛ Скопје интернационална компанија која успешно работи во Северна Македонија околу 6 години, распишува конкурс за работното место:
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - RAMSTORE MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ

ТЕЛАМОН една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за пасивни системи за безбедност од автомобилската индустрија од Индијана, САД со седиште во Скопје (Инџиково) има отворена работна позиција:
ИНЖЕНЕР ВО ПРОИЗВОДСТВО

Промовирани огласи »

Горивата ќе имаат нови цени од полноќ. Одлуката денеска треба да ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно последната одлука цените на дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство се намалија за половина денар.

Во исто време цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР  БС-98 се зголемија за 0,50 денари.

Промовирани огласи »

Урсула фон дер Лајен, претедателката на Европската комисија упати видео порака до сите граѓани на Европа по повод вакцинацијата која започнува.

Денеска е ден на испорака, а утре ќе почнеме со вакцинирање низ цела ЕУ, рече Фон дер Лајен.

Урсула фон дер Лајен нагласи дека ЕУ набавила доволно вакцини за 450 милиони нејзини граѓани и оти во исто време им се достапни на сите членки на ЕУ. Според неа, европските денови на вакцинација, од 27 до 29 декември, ќе бидат емотивен момент на единство и европски успех.

Вакцинацијата ќе ни помогне постепено да се вратиме во нормалниот живот. Кога ќе се вакцинираат доволно луѓе, ќе можеме повторно да патуваме, да се среќаваме со пријателите и семејството и да имаме нормални празници, истакна фон дер Лајен.

Таа предупреди дека дотогаш сите мора да останат внимателни за да се заштитат себе си и другите. Ајде сите заедно да останеме безбедни и 2021 година да ја направиме година на европско закрепнување и надеж, рече фон дер Лајен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »