Инженер во производство

За компанијата: Теламон е специјализиран за решенија за телекомуникациски мрежи и услуги за индустриско склопување. Нашата цел е да го поедноставиме вашиот бизнис со зголемување на ефикасноста и рационализирање на работењето. повеќе за компанијата »

ТЕЛАМОН - една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за пасивни системи за безбедност од автомобилската индустрија од Индијана, САД со седиште во Скопје (Инџиково) има отворена работна позиција:

ИНДУСТРИСКИ ИНЖЕНЕР

​Работната позиција опфаќа:

  • Развивање на алатки и стезни алати кои вклучуваат концепти за проверка на грешки;
  • Извршување на секојдневни активности на одделот за производство и решавање проблеми и предизвици поврзани со процесот на производство;
  • Интеракција со цел подобрување на постоечката опрема, алатки и процеси;
  • Развивање на технички спецификации за нова опрема и алатки купени од различни добавувачи;
  • Развој/подобрување на процесот на изработка на нови и постоечки производи;
  • Изведување на мали промени на алатките и опремата;
  • Развој и одржување на процесни документи како што се FMEA, контролни планови, графикон за обуки, технички цртеж, и др;
  • Лансирање нови производи;
  • Препорачување и вршење подобрување на производните процеси, методи и контроли со користење на принципите на Lean производство и Kaizen.

 

Потребни знаења и вештини:

  • Силни организациски вештини и способност за мултитаскинг;
  • Способност за ефикасно комуницирање – усна и писмена форма;
  • Способност за ефикасна интеракција со клиенти, колеги, менаџери, производствени работници, како и технички и нетехнички лица;
  • Користење Microsoft Office програми, вклучувајќи напредно познавање на Excel;
  • Познавање на AutoCad;
  • Способност за решавање на проблеми со употреба на Allen Bradley PLC;
  • Способност за детекција и решавање проблеми;
  • Подготвеност да работи сè што е потребно за исполнување на очекувањата на клиентите.

 

Професионални знаења и способности:

  • Завршено Високо образование - технички факултет
  • 2-5 години работно искуство на иста или слична работна позиција;
  • Искуство во автомобилска индустрија;
  • Познавање на концепти на Lean производство.

 

 Теламон нуди:

  • Можност за кариерен и личен напредок.
  • Постојано учење и надградување.

 

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате наведените квалификации, Ве покануваме да се пријавите со испраќање на своето резиме до [најави се за да го видиш е-маилот] , со наслов: Инженер во производство.

Рок за апликација: 05.01.2021

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со целосна доверливост.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »