Промовирани огласи »

Најбогат човек на сите времиња е Манса Муса, кралство во Западна Африка, кој владеел во 14 век. Неговото кралство во тоа време било најголем производител на злато, кое тогаш се сметало за неприкосновено мерило за богатство.

Листата на најбогати луѓе на сите времиња претставува обид за рангирање на историските личности според нивното економско влијание.

По најбогатиот Манса Муса, еве како изгледа останата листа:

Август Цезар (63 п.н.е – 14 п.н.е, Римско Царство)

Не само што Римската империја имала учество во третина од светскиот БДП, туку и Цезар сам имал многу богатство. Се проценува дека неговото богатство изнесува приближно 4.6 милијарди долари, а бил и сопственик на Египет.

Царот Шензонг (1048-1085, Кина)

Во времето на неговото владеење, Кина била најмоќната економска империја во светот. Неговото богатство доаѓало од техничките иновации кои биле стотици години пред своето време.

Акбар Велики (1542 – 1605, Могулско Царство, Индија)

Најголемиот владател на индиската династија владеел со индиското царство кое имало четвртина од светскиот БДП.

Сталин (1878 – 1953, Советски Сојуз)

Сталин бил диктатор кој контролирал една од најголемите економии во светот во неговото време. СССР во 1950 година, три години пред смртта на Сталин имал 9.5 учество во светската економија. Ова ниво на производство денес одговара на 7.5 милијарди американски долари. Иако тие пари не припаѓале лично на Сталин, тој лично ја контролирал оваа „фабрика од пари“.

Ендру Карнеги (1835 – 1919, Америка)

Иако Рокфелер било медиумски поекспониран, Карнеги веројатно бил најбогатиот Американец на сите времиња. Овој шкотски имигрант ја продал својата компанијa за 480 милиони долари. Во тоа време тоа бил износ од 2.1% од БДП на америка. Денес би биле 372 милијарди долари.

Џон Д.Рокфелер (1839 – 1937, Америка)

Рокфелер се збогатил со нафтениот бизнис во време кога овој бизнис не бил добро разработен. Во 1880 година, неговата компанија „Standard Oil“ контролирала 90% од производството на нафта на Америка. Кога починал, неговото богатство било проценето на 1.5 милијарди долари што тогаш биле 2% од американскиот БДП. Денес бројката е околу 341 милијарда долари.

Алан Руфус (1040 – 1093, Англија)

Внукот на Вилијам Освојувачот заедно со својот вујко учествувал во освојувањето на Нормандија. Кога починал, неговото богатство се проценило над 11 илјади фунти, а тоа е околу 7% од БДП на Англија.

Бил Гејтс (1955, Америка)

Единствениот жив човек на оваа листа, чие богатство се проценува на околу 80 милијарди долари. Гејтс претставува најбогатата личност на денешницата.

Џингис-кан (1162-1227, Монголско царство)

Неговото богатство во најголем дел било земја, а станува збор за еден од најголемите војсководци на сите времиња. Го контролирал просторот од Кина до Европа, а неговото царство било најголемо на сите времиња.

Промовирани огласи »

Последните истражувања на недвижниот пазар во Солун покажуваат дека за 10.000 евра може да се купи солиден стан во самиот центар на градот.

Колку за споредба  во Скопје станови се купуваат за 1100-1200 евра по метар квадратен, додека во Солун за истиот метар квадратен се плаќа од 200 до 600 евра.

200 евра се најчесто становите на приземје, додека пак до 600 достигнуваат тие што се наоѓаат на повисоките станови.

Поради ова многу Македонци одлучуваат да продаваат дел од својата  недвижнина во земјава , за да си купат стан во Солун или во некое туристичко место на Халкидики.

Промовирани огласи »

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување што го спроведува Агенцијата за вработување годинава се планира да бидат отворени 10 илјади нови работни места.

Корисник на повеќе мерки од Оперативниот план е и фирмата за канцелариска опрема и технички уреди „Анхоч“, чиј продажен салон во трговскиот центар Сити мол, денеска ќе биде посетен од министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и раководителката на Центарот за вработување на Скопје, Слободанка Алексовска.

Промовирани огласи »

Мариналеда е град во Андалузија, во јужниот дел на Шпанија, кој на површина од 25 километри квадратни има околу 2.700 жители.

Жителите на Мариналеда не се плашат да ги изразат своите политички убедувања. Наместо блескави реклами и билборди - уличната уметност во облик на графити и мурали со пораки за поддршка и солидарност со земјите како Куба и Венецуела го красат градот. Улиците се крстени по имињата на славни борци за правата на работниците, како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.

Додека остатокот од Шпанија се бори со локалната олигархија и странските банки кои ја преземаат земјата, одлуките во ова гратче се носат директно по демократски пат на неделни состаноци кои најчесто ги посетуваат 300-400 жители. Додека невработеноста во Шпанија достигна стапка од 27 отсто, во Мариналеда е постигната речиси целосна вработеност на населението. 

Наливот на луѓе кои сакаат да се доселат тука е толку голем што е воведена листа на чекање - а се чека и до две години. До сега се изградени околу 350 куќи, а следната година би требало да се изградат уште 250. Просечната месечна плата изнесува 1.200 евра. Можеби ова и не звучи како многу, но кога ќе ја погледнете цената на домување, која изнесува 15 евра месечно, јасно е дека со оваа плата можете сосема комфортно да живеете.

Градот исто така обезбедува бесплатен пристап до интернет. Фасцинантни се и спортските објекти во овој град со одвај 2.000 жители - тој има две големи фудбалски игралишта, терен за кошарка, терен за тенис, сквош, одбојка и базен. Сите овие објекти им се бесплатно достапни на располагање на жителите на градот (освен базенот за кој се плаќа годишен надоместок). Мариналеда има своја црква, но учеството во црковните активности е многу слабо. 

Во овој град луѓето сами си ги градат своите куќи, а еден од нив е и Дејвид Гонзалес Молина. Откако поминал две години како регистриран жител на Мариналеда, од локалните власти го добива материјалот потребен за изградба на куќа, а дури откако ќе ја изгради започнува да и' плаќа 15 евра месечно на истата таа влада за да се надоместат трошоците за искористениот материјал. 

Се разбира, со оглед на тоа дека не знаат сите да градат куќа, владата во помош им испраќа професионални градежници и архитекти кои им помагаат во изградбата. Куќите не можат да се продадат, што се спречува можноста за профитирање. Еднаш месечно во градот се одбележува т.н. Црвена недела кога некој на пленум изнесува идеја околу тоа како би можеле да го направат градот уште подобар или поубав. Доколку диејата биде прифатена, волонтерите се собираат да ја завршат таа работа. Некогаш станува збор за чистење на улиците уили поправка на куќите. 

Градот си има и своја сопствена телевизија и радио канал, а неодамна на гости во студиото дошла и ќерката на Че Гевара. Полицијата овде не постои. 



Според шпанскиот закон, според бројот на жители би требало да имаме околу 4 до 7 полицајци. Но не ни требаат. Бидејќи тука се се базира на доброволна основа, сите заедно се бориме и заедно ги кроиме нашите животи, постои многу висок степен на коезигстенција, објаснува градоначалникот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »