Промовирани огласи »

Германската стартап компанија „Мајн Грундајнкомен“ од 2014 година дава 1.000 евра месечно како дел од општествен експеримент.

Се работи за сега веќе добро познат основен месечен приход, а во овој случај парите ги добиваат 85 луѓе, вклучувајќи и 10 деца. Основачот на компанијата Михаил Бомер верува во идејата за основен месечен приход, кој секој би го добивал.

Промовирани огласи »

Украдените три милиони евра од НЛБ банка со автомобил од Македонија биле пренесени во Србија од Борис М., пријател на трезористот Бобан С., кој еден ден претходно ги украл парите од трезорот на банката, информира МВР.

Од министерството немаат дополнителни информации дали парите завршиле во Србија или биле пренесени во друга држава. МВР вчера само ги потврди шпекулациите дека има и други осомничени за грабежот откако поднесе кривични пријави за уште тројца, меѓу кои и братот на трезористот.

По дополнително преземени мерки, како и обезбедени докази, Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе писмено известување за лицата Г.С. (43), брат на Б.С., за Е.П. (24) вработена како банкарски комерцијалист во НЛБ банка, како и за Б.М.(38), пријател на првопријавениот, сите од Скопје. За нив постојат основи на сомнение дека извршиле кривично дело затајување во врска со кривично дело помагање, со што на Б.С. директно му помогнале во извршувањето на кривичното дело, со кое противправно стекнал имотна корист од 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра - велат од МВР.

Инспекторите откриле и како Бобан С. ги извлекувал парите од банката, без да биде забележано дека во трезорот има кусок пари. Имено, трезористот на 4 април околу 17 часот на шалтерот на кој работела Е.П. се информирал за курсот на еврата и швајцарските франци, со образложение дека некој негов пријател сакал да направи конверзија, но наводно не знаел кога би ја извршил. По половина час, Бобан С. заедно со брат му Горан С. дошол на истиот шалтер, при што братот на трезористот на Е.П. ~ предал 95.000 евра заедно со својата лична карта за преку трансакциската сметка да изврши конверзија на наведените девизи во швајцарски франци. Откако вработената ја направила потребната нарачка со електронски налог до трезорот, Бобан С. ~ кажал дека парите, 100.000 швајцарски франци - конвертирани 95.000 евра, тој лично ќе ги земе од трезорот без да ги пушти по воздушната цевка како што била процедурата. Брат му ги потпишал сите потребни документи, а Е.П. ги задржала еврата во благајна, по што по завршување на смената таа поради обезбедените банкарски исправи, уредно потпишани дека извршила конверзија, немала кусок на благајната ниту, пак, имала вишок парични средства. Од извршениот увид во снимките од видеонадзорот во банката констатирано е дека додека Горан С. е на шалтерот и ја врши наводната конверзија, а кога на смена во трезорот е и брат му, од трезорот ниту се изнесуваат 100.000 швајцарски франци ниту, пак, Е.П. му исплаќа пари на Горан С. како би се завршила конверзијата. Всушност, на овој начин е овозможено затворање на претходно настанатиот кусок од 100.000 швајцарски франци во трезорот направен од Бобан С., кој претходно зел 100.000 швајцарски франци од пратката од милион франци која требало да биде авионски испратена во странство.

Второто затајување Бобан С. го извршил на 7 април во попладневните часови кога Е.П. и тој пак биле на смена. Таа повторно постапувала по упатства на трезористот, па преку системот на достава од трезорот примила 375.000 евра во апоени од по 500 и 100 евра. Kомерцијалистката без да подготви каков било банкарски документ за потреба од вакви парични средства во благајната и без да изготви документ за исплаќање на парите од трезорот, парите на рака му ги предала на Бобан С. по што тој си заминал од експозитурата на банката.

Од Единицата за економски и компјутерски криминал во координација со Обвинителството во Скопје и понатаму се преземаат мерки за целосно расветлување на кривично-правниот настан за утврдување на кој начин од банката Б.С. изнел дополнително и уште 300.000 швајцарски франци - велат од МВР.

Не е познато каде заминал курирот со парите

Kако што и претходно беше познато, Бобан С. на 10 април околу 13 часот од трезорот извадил уште 2 милиона швајцарски франци и 270.000 евра и парите ги ставил во украсна кеса, по што незабележан од никого ја напуштил банката.

Според новите сознанија од истрагата, тој веднаш кесата со парите му ја предал на својот брат, кој, пак, му ги предал на Борис М. Тој наредниот ден по 14 часот со автомобил „фолксваген голф“ преку ГП Табановце ја напуштил Македонија и заминал во Србија. Дали таму ги оставил парите на некого, или ги префрлил во друга држава или ги префрлил на сметка не е познато.

Kако што дознава „Дневник“, тој бил уапсен завчера, исто така на Табановце, кога се вратил во земјата. На Борис М. му е одреден притвор од 30 дена, исто како и на Горан С., кој инаку е вработен во Народна банка. На комерцијалистката Е.П. ~ е одреден домашен притвор со забрана за користење мобилен телефон.

Промовирани огласи »

Листата која ја состави „Бизнис инсајдер“ на 18 земји со најмногу милионери ги опфаќа Австралија, Данска, Шведска, Холандија, Белгија, Тајван, Шпанија, Јужна Кореја, Швајцарија, Австрија, Канада, Италија, Кина, Франција, Германија, Велика Британија, Јапонија, САД.

Според информациите на „Кредит Свис“ скоро 33 милиони луѓе низ целиот свет имаат повеќе од 1 милион долари.

Во Америка има 13,6 милиони возрасни лица со богатство од над 1 милион долари, а тоа е 41 отсто од сите светски милионери или повеќе од осум земји заедно.

Швајцарија има најмногу милионери по глава на жител. Скоро 12 отсто од возрасните во земјата се милионери, или по еден на секои 8,6 жители.

Промовирани огласи »

Бадијала ќе седат дома, ама за 10.000-12.000 денари не работат. Познавачите што секојдневно нудат работни места во земјата потенцираат дека време е да се смени менталниот склоп на работодавците бидејќи веќе не можат да им понудат работници за тие плати оти никој не прифаќа и најчесто одговорот од младите, но сега и од средната генерација, е - не прифаќам.

Се бара с ' она што го нема на пазарот

Инаку, продавач за с` и сешто, од стоки до услуги, е најбараното занимање во земјата во моментот. Податоците на Агенцијата за вработување во земјата покажуваат дека меѓу најбараните занимања не се некои професии за кои требаат дипломи и високо образование, туку основни познавања и средно образование. Бројките говорат дека ако изминатиот период дневно имаше околу 8.000 слободни работни места, евиденцијата по празникот покажува дека сега се бараат едвај 3.000 места.

Статистиката на Агенцијата за вработување покажува дека покрај продавачи, недостигаат и шивачи, магационери, возачи, општи работници, касиери, готвачи, поштари, кројачи, чевлари, обезбедувачи. Има и 40 слободни позиции за програмери.

Анализите, пак, на Агенциите за привремени вработувања покажуваат дека се бараат работници што ние ги немаме слободни на пазарот.

- Покрај продавачи, се бара и с` она што го нема на пазарот. Тоа се работнички занимања, мајстори, ѕидари, тесари, возачи со Ц-категорија, заварувачи, бравари, стаклари, столари, касапи, месари, градежни работници, машинисти, кранисти, багеристи. Потребна е промена на менталниот склоп на работодавците, но и целосна промена на програмите за средно стручно образование оти не се потребни три години средно за заварувач и бравар, потребно е шест месеци теорија и уште 18 месеци пракса за да се произведе квалитетен кадар кој е дефицитарен во земјата. Потребно е повеќе пракса - вели Раде Ненадиќ, сопственик на Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“. Според него, потребна е преквалификација на она што го имаме на список како невработени, а со години не можеме да му најдеме работа на пазарот. Ненадиќ е категоричен дека осмоодделенците веќе не се запишуваат во стручно образование.

„Не, благодарам“ е најчестиот одговор од невработените

Дека трендовите се менуваат, покажуваат податоците на Агенциите кои мака мачат да им обезбедат работници на компаниите.

- Факт е дека нема веќе продавачки што прифаќаат да работат за 11.000 денари плата. Станува збор за не така лесна работа бидејќи работни се и саботите, некаде и неделите, се работи на смени, а во млечните ресторани и до 12-1 часот по полноќ. Затоа е потребна промена на менталниот склоп на работодавците и покачување на минималната плата што ја нудат. Зошто на работниците, кога ќе платат за автобус и храна, месечно нема да им останат ни 8.000 денари. Мора да разбереме дека немаме евтина работна сила и дека таа треба да се плати. Трендот е дека с` повеќе младите, па и средната генерација, седат дома невработени, а не одат да работат за таа плата - вели Ненадиќ.

Тој потенцира дека работодавците се водат од девизата дека сите плаќаат толку - 11.00-12.000 денари.

- Порано беше она бадијала работи, бадијала не седи. Сега веќе тоа не важи бидејќи кога ќе се пресметаат, излегува дека на работ на исплатливост е да одат на работа. Сега с` повеќе и младите и средната генерација не сакаат никаква работа за таа плата, сите чекаат да се вработат во администрација, банка, јавни, државни институции за повисока плата и во канцеларија. Додека, пак, за плата од 15.000 па нагоре веднаш се наоѓаат работници - вели Ненадиќ. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »