Промовирани огласи »

Претставници од Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници инжинери и трговци во градежништвото-НС ГРИТГ денеска на прес-конференција побараа намалување на цената на електричната енегија и на другите комунални давачки за 50 отсто.

Го повторуваме барањето за намалување на цената на електричната енергија од август 2020 година поткрепено со петиција од повеќе од 2.000 потписи. Тогашното барање за намалување на цената на струјата изнесуваше 35 отсто заради незаконитото вградување во цената на уставната категорија моќност. Ја надополнивме со 15 отсто додатно намалување во функција на полесно и побрзо закрепнување на граѓаните од тековната пандемија, изјави Страшо Јованов од Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС.

Јованов пред Владата информира дека покрај намалување на цената на струја, бараат намалување за 50 отсто на цените на сите комунални давачки и услуги на интернет и телефонски провајдери и оператори. Предлагаат да се намалат цените на водата, ѓубретарина, улично осветлување, парното греење…

Тој соопшти дека ако тоа Владата не го спроведе во наредните денови, тогаш ќе ги повикаат граѓаните на, како што рече, револуционерна граѓанска непослушност.

Промовирани огласи »

Сопственикот на Амазон, Џеф Безос, сè уште е неприкосновен, и зад него повеќе не стои Елон Маск, туку сега е шефот на модната компанија Луј Витон, Бернард Арно.

Сопственикот на компанијата „Тесла“, Елон Маск од вчера веќе не е втор најбогат човек на светот. Неговото место го зазеде Бернард Арно.

Маск падна на третото место во листата на најбогатите луѓе во светот, откако во понеделникот акциите на неговата компанија паднаа за 2,2 проценти. Неговото богатство се намали за 3,16 милијарди долари, додека на  Арно се зголемија за 285 милиони долари.

Бернард Арно годинава своето богатство го зголеми со 46,8 милијарди долари, додека Маск изгуби 9,09 милијарди долари оваа година. Богатството на Арно сега се проценува на 161,2 милијарди долари, додека на Маск изнесува 160,6 милијарди долари.

На врвот на листата се уште е недопирливиот Џeф Безос, кој е сопственик на „Амазон“, и чие богатство изнесува 190 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Градинките ги отворија вратите за прием на поголем број на дечиња, но и натаму нема место за сите. Групите до двегодишна возраст се прошируваат на 15 деца, а од 2 до 6 години на 20, согласно последните одлуки на Влада. Сепак од скопските градинки за Сител велат дека на терен минимум  40 бебиња се борат за едно место во установите. Од минситерството за труд пак уверуваат дека со проширување на групите  бројката на згрижени деца значително ќе се зголеми.

На ваквата одлука и претходеше препорака од Комисијата за заштита од заразни болести  како стручно тело за справување со пандемијата од Ковид 19, земајќи ја предвид добрата епидемиолошка состојба во државата, процесот на вакцинација на воспитувачите и негователите во детските градинки и стабилната состојба со новозаразени во нив. Согласно протоколот кој што е усвоен од страна на Владата во рамки на детските градинки можат да се згрижат вкупно 23.726 деца.  Согласно последната состојба на ден 20.05.2021 година дневното присуство на згрижени деца изнесува 17 066 деца.  

Но покрај проширените групи во градинките, голем е бројот на мајки кои и натаму остануваат без работа затоа што нема кој да им ги чува децата. Мајка од Скопје раскажува дека породилното и завршува за еден месец и ќе мора да се врати на работа. Ако не и го примат малото во градинка принудена е да даде отказ.

Од друга страна во повеќе општини има деца кои се запишани но не одат во градинка. Главна причина е стравот од корона вирусот. Од МТСП велат дека тоа се решава локално и министерството нема ингеренции да контролира дали градинките ги испишуваат овие деца. Потенцираат дека и натаму приоритет за упис имаат децата на самохрани родители и оние чии родители работат.

Извор: Сител

Промовирани огласи »

Најавите на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за можното воведување на прогресивен данок за богатите и евентуалното враќање на кризен данок наиде на низа негодувања од страна на јавноста и експертската фела.

Според бизнисменот Горан Рафајловски овие идеи се несфталиви и вели дека истите можат да донесат поголема штета на и онака кревката економијата.

Повеќе прочитајте на kanal5.com.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »