Промовирани огласи »

Што ќе се случува кога недела ќе се прогласи за неработен ден? Кои работници ќе добијат право на поголема дневница?

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ги разјасни сите постоечки дилеми околу работата на моловите, како и дејности кои не можат да си дозволат неработен ден.

„Во Законот за трговија, по дополнување и изменување, стои дека во недела ќе работат една смена моловите од 10 до 18 часот по претходно добивање на лиценца за работа во недела. 2 проценти од нивниот неделен промет ќе биде уплаќан во буџетот на Македонија и нашата заложба е да тие средства на годишно ниво да изнесуваат 1,2 милион евра“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на прес-конференција, за мерката недела-неработен ден.

Според неа, работниците во недела ќе имаат надомест на дневница од дополнителни 100 % и ќе имаат право на неделен одмор.

Тоа се предвидува со Законот за трговија. Исклучок се угостителските објекти, затоа што тие во недела се место каде се воспоставува баланост меѓу приватниот и професионалниот живот. Семејствата сакаат да се дружат и затоа угостителските објекти ќе работат во недела, потенцира Шахпаска.

Владата неодамна посочи дека примената на ова законско решение ќе биде во согласност со сите социјални партнери а ќе бидат земени во предвид сите фактори кои се дел од функционирањето на економијата во нашата држава – во тоа спаѓаат и веќе зацртаните планови за буџетирање на компаниите од приватниот сектор како и на институциите од јавниот сектор.

Промовирани огласи »

Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, на денешната прес-конференција рече дека очекува во наредниот период во Собранието да бидат одблокирани измените на Законот за работни односи, со кои мажите ќе одат задолжително во пензија на 64 години, како и жените, кои сепак ќе можат тоа со барање да го сторат две години порано.

Законското решение за одење во пензија со 64 години се наоѓа во Собранието. Знаете дека во изминатиот период дека постоеја 482 амандмани конкретно за Законот за работни односи кој што е системскиот закон на кој понатаму се повикуваат и другите закони како лекс специјалис. Моите сознанија се дека ќе биде деблокиран и дека ќе продолжи собраниската процедура. Дека ќе бидат повлечени амандманите и дека ќе продолжи понатаму процедурата, одговори Шахпаска на новинарско прашање.

Шахпаска додаде дека оваа година не е предвидена дебата за најавениот владин проект за можност за откуп на пензиски стаж до пет години, односно за предвремено пензионирање, и како што рече таа, приоритет во 2021 ќе биде гласањето на законите за пензионирање на 664 години и регулирањето на работата во недела.

Според предлог-измените, жените ќе се пензионираат на 64 години како и досега, но и натаму ќе имаат право, доколку сакаат, да одат во пензија со навршени 62 години, но и со најмалку 15 години работен стаж. Мажите задолжително ќе се пензионираат на 64 години и 15 години работен стаж. Отстапки ќе има само за дефицитарни професии во здравството и образованието.

Промовирани огласи »

Да беше до нас, придобивките од читањето и пишувањето ќе се спомнуваа и славеа на секое емитување на утрински и вечерни вести:

 „Сега е 11 часот, дали им читавте на вашите деца денес?“ 

Кои се 5-те работи кои треба да ги знаете за моќта на писменоста?

1. Читањето на глас е од витално значење.

Истражувањата докажуваат дека читањето на глас на децата секој ден ги става речиси една година пред децата кои не добиваат доза дневно читање на глас и тоа е без оглед на приходите на родителите, академската или културната позадина. Згора на тоа, педијатрите сега препишуваат читање на глас, заедно со нивните совети за исхрана и здравје, како признание на докажаните придобивки од развојот на мозокот и стекнувањето богат речник.

2. Писменоста спасува животи.

Според УНЕСКО, подобрувањата во образованието за жените се најверојатно прилина за преполовување на смртноста кај децата во изминатите дваесет години. Мајките кои се образовани има поголема веројатност да ги вакцинираат своите деца и почесто да ги испраќаат на училиште. Замислете што ќе се случи кога секое дете и возрасен човек ќе може да чита, пишува и учи сè што сака и што треба да знае.

3. Писменоста ве учи да ја поседувате и цените сопствената приказна.

Во извештајот за образование според глобалното набљудување се вели дека постои јасна врска помеѓу писменоста и позитивната слика за себе. Градењето на доверба како читател, писател, слушател и говорник е трансформативно во животот на една личност. Овие основни способности се користат секоја минута од секој ден за да се прочита светот. Повеќе од тоа, читањето приказни дава поголемо разбирање за себе. Одеднаш има ликови кои ги чувствуваат истите чувства како вас, кои ги споделуваат вашите борби, вашите надежи и вашите соништа. Писменоста дефинитивно може да нè извади од изолација и да нè однесе во заедницата на читатели и писатели.

4. Писменоста ве носи до целта.

Истражувањата покажале дека луѓето кои ги запишуваат своите цели имаат 80% поголема веројатност да ги постигнат. Документирањето на вашите цели и редовното читање на истите, ја задржува вашата мотивација во првите редови на вашиот ум и ви овозможува да започнете да креирате акциони планови. Ова е продуктивна писменост на дело. Едноставно да имате способност да запишете што сакате да направите и каде сакате да одите, доведува до импресивен почеток.

5. Писменоста вдахнува моќ

Способноста да бараме и разбираме информации на сите ни ја дава слободата да донесуваме сопствени автентични одлуки, да се залагаме за сопствениот интегритет и да учиме за нашата заедница и светот. Луѓето кои знаат да читаат и пишуваат се моќни во општеството и студиите покажуваат дека писменоста доведува до поголема самодоверба и граѓански ангажман.

Во име на мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, која уште трае и ден денес во форма на борба против неписменоста во било кој аспект од општественото постоење. 

Информирај се, истражувај, анализирај, ако веќе си научил да читаш и пишуваш навреме!

 

Промовирани огласи »

Заедничката студија на Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната организација на трудот (МОТ) во 194 земји низ светот откри дека долгото работно време ги зголемува смртните случаи поврзани со срцеви заболувања и мозочен удар.

Глобалната мапа на смртни случаи од прекумерна работа покажува дека земјите од Балканот се едни од најекспонираните земји во Европа. Податоците на СЗО и МОТ покажуваат дека во регионот доминира скалата од 6,6-7,7 смртни случаи на 100 илјади жители, што е едно од највисоките европски нивоа. Освен Македонија, може да се види дека и другите балкански земји имаат голема смртност поради товарот на болести кои доаѓаат од долгото работно време и трудоинтензивните професии.

Според интерните податоци објавени од ИНСТАТ, сегашното просечно неделно работно време за платените лица во 2019 година било 41,3 работни часа неделно во Макеоднија, далеку подолго отколку во другите европски земји кои работат 30-35 часа неделно. Всушност, целиот Балкан работи подолго. Рекордот го држи Црна Гора, со 44,4 часа неделно, Албанија со 43,4, Србија (42,3) итн.

Но, дури и во Европа, најголема смртност од долги часови на работа имаат источните земји, како што се Украина, Белорусија, Молдавија со 10-15 смртни случаи на 100 илјади жители. Ризиците од долгите часови на работа се претежно високи во азиските земји и Кина и во некои африкански земји. Додека најниските нивоа на здравствени ризици што доаѓаат од долгото работно време ги имаат земјите од Западна Европа и САД.

Конвенцијата за меѓународни работни часови предвидува работното време на вработените да не надминува 8 часа на ден и 48 часа неделно (со некои исклучоци). Во некои земји, дефиницијата за долго работно време зависи од националните прописи. Сепак, многу земји го дефинираат стандардното работно време како 35-40 часа неделно.

СЗО и МОТ заклучија дека долгото работно време ја зголемува смртноста и морбидитетот од срцево заболување и мозочен удар преку психосоцијален стрес. Опасноста доаѓа преку две главни причини.

- Прво ослободувањето на вишокот на стресни хормони поради долготрајно работење може да предизвика нарушувања во кардиоваскуларниот систем.

-Второто е преку однесување, што вклучува употреба на тутун, алкохол, нездрава исхрана, физичка неактивност и нарушувања на спиењето кои негативно влијаат на здравјето на срцето.

Во регионот во просек најмалку работи јавниот сектор, а најмногу производствениот сектор, со 46,3 часа во просек. Вториот сектор со подолг работен ден е трговијата, транспортот, угостителството, деловните услуги. Во продавници, барови, ресторани и хотели, вработените работат долги часови до 45 часа неделно. Следат градежништвото  и земјоделството.

  
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »