Промовирани огласи »

Во организација на Глобалното движење „Women in Tech" денеска во 13 часот ќе започне втората 24-часовна Светска виртуелна конференција за жени во технологија на тема „Дигитална еднаквост за сите".

Конференцијата ќе започне во Париз и ќе продолжи 24 часа без прекин во живо со програми на различни локации низ целиот свет.

За време на Виртуелната светска турнеја „Women in Tech 24hour" ќе се вклучат голем број на меѓународни лидери кои застапуваат индустрии од АИ до Blockchain, FemTech, Климатски промени, HealthTech, и инклузивност. На овој настан ќе презентираат над 150 говорници: светски лидери од индустријата, владите, академскиот сектор и непрофитниот сектор, заедно на над 30 панели во живо, говори, интимни разговори и работилници, наведува организаторот на настанот.

Нашата земја на конференцијата ќе се претстави со панел дискусија на тема за дизајнирање на добри продукти со женски инпут: „Designing great products with female flavor", што ќе се одржи во периодот од 19 до 20 часот во живо. Модератор на настанот ќе биде Стефан Митески, додека гости панелисти ќе бидат Катерина Трајчевска – коосновач на Adeva, Горица Тапанџиева – менаџер на Nexthing, Елена Андреева – дизајнер во TeamViewer и Моника Ризовска – проект менаџер во Vitala и „Women in Tech" амбасадор. Специјален гостин на овој настан ќе биде директорот на ФИТР, Коста Петров.

Со над 25.000 членови низ целиот свет, меѓународната организација „Women in Tech" има двојна мисија: да го затвори родовиот јаз и да им помогне на жените да ја прифатат технологијата. Родовата еднаквост е во центарот на нашата мисија, каде имаме за цел да ги зајакнеме жените и девојчињата со потребните вештини и самодоверба за да успеат во полињата на СТЕМ кариера. Преку мисијата водена од целите, водена од перформансите, која е тесно усогласена со целите на одржливиот развој на Обединетите нации, ова движење се фокусира на извршување на нашата стратегија со поттикнување на напредок и резултати на четири главни столба: Образование, претприемништво, социјална инклузија, наука и иновација, се додава во соопштението на организаторите. /МИА

Повеќе прочитајте тука

Промовирани огласи »

KARIERA.mk ја започна кампањата пред околу 1 месец, а досегашниот тек веќе дава друга  слика за претприемништвото во нашата држава.

МАСИТ постојано поддржува иницијативи поврзани со проблемите на жените денес, па така и уникатната кампања на KARIERA.mk не остана незабележана од страна на МАСИТ. 

Би сакале да изразиме огромно задоволство што фела на експерти од својата област како што се членовите на МАСИТ ја даваат својата поддршка и ја сметаат за релевантна идејата да им се помогне на бизнисите создадени од жени низ различни видови на промоција во време на пандемија. 

Додека светот се уште практично стои во место ние активно работиме на промоција на храброста на жените претприемачи кои самостојно ја направиле промената што сакаат да ја видат во светот. 

Ова е само најава за една прекрасна соработка меѓу организација и онлајн сервис кои се создадени од експерти од различни области во насока на внесување промени во светот на најхрабрите, односно активно делување во рамките на општествената одговорност која треба континуирано да биде негувана од страна на сите учесници во бизнис светот и надвор од него. 

 

Промовирани огласи »

Она на кое бевме навикнати и се очекуваше како тренд да продолжи и во 2020 година за миг беше „избришано“ од целосно неочекуваниот Корона-вирус. Годината која ќе биде запамтена по Ковид-пандемијата, во осигурителниот бизнис ќе се памети и како прва, после долга низа години раст, која на осигурителниот пазар во Македонија ѝ донесе црвени бројки. Според извештајот на НБО, намалувањето на вкупната бруто полисирана премија (БПП) изнесува 4,89%, или гледано по сектори -4,89 и -4,93% за неживотното и животното осигурување соодветно.

Болеста што се рашири низ целиот свет остави силен траг врз работењето на компаниите и ги примора менаџерите да ги прилагодат деловните стратегии на новонастанатите услови на пазарот. Успешноста во спроведувањето на новите деловни политики и брзата транзиција за работа во услови на „новото нормално“, пред сè на продажната мрежа, им помогна на дел од компаниите да се издвојат од генералниот негативен тренд на македонскиот осигурителен пазар и годината да ја завршат со позитивни резулати.

Во ова посебно предничи австриската „Уника“, која е единствена со раст на премијата на полисите и за животно и за неживотно осигурување. Резултатот од крајот на третиот квартал, кога станаа лидери според бројот склучени договори и БПП во класата која носи најголем приход за компаниите, осигурување од авто-одговорност, го потврдија и во четвртиот квартал. Со речиси 100.000 полиси (96.064) „Уника“ остана лидер на пазарот во оваа класа, пред „Винер“ (86.435) и „Триглав“ (81.001). Преку овие полиси „Уника“ полисираше најголема бруто премија од 528.436.000 денари, пред „Винер“ (487.092.000 денари) и „Триглав“ (478.537.000 денари). Во однос на вкупната БПП за неживотно осигурување, покрај „Уника“, значителен резултат забележа и „Халк“ чиј премиски удел на пазарот се покачи од 5,89% на 9,87%. Водечката компанија според вкупна БПП за неживотно осигурување, „Триглав“, имаше пад на уделот од 16,28% на 14,79%, додека втората во рангот, „Еуролинк“ го задржа истиот пазарен удел од 11,57%.

Во секторот за животно осигурување, „Уника живот“ не само што оствари раст на БПП туку и го презеде приматот на компанија со најголем број на склучени полиси. Според извештајот на АСО, 8.261 е бројот на полиси со кои клиентите дале доверба „Уника“ да им го осигура животот, додека 7.967 договори биле склучени преку „Кроациа живот“, а 4.346 се одлучиле за „Винер живот“. Во вкупниот пазарен удел, „Кроациа“ и покрај падот од 44,02% на 37,61% останува лидер. Кај секоја од останатите четири компании се бележи раст на пазарниот удел и доколку овој тренд се задржи во догледно време може да видиме поизедначена пазарна коцнентрација.

Промовирани огласи »

Летната епидемиолошката слика ќе одреди каков ќе биде есенскиот почеток на учебната година. Се враќаат ли децата на училиште или останува сегашниот образовен модел, засега најави од Министерството нема.

Иако е рано да за проценки, дел од наставниот кадар и родителите велат дека време е за првични но и конкретни размислувања во МОН, за да се избегне ланското сценарио кога учебната година доцнеше еден месец.         

“Не е прерано. Токму сега е времето. МОН треба да бидат спремни за повеќе сценарија. Ние сега сме спремни само за тоа сценарио што беше минатата година... Уште од сега треба да бидат формирани работни групи...”

Целосното враќање на децата без никакви протоколи би било грешка, децидна е Димитриевска, споделувајќи го својот став за тоа како треба да почне учебната година.

“МОН треба да биде спремен за повеќе сценарија но никако за враќање одеднаш 30 деца во училница...Треба да се почне етапно, а онлајн опцијата да остане барем во првите месеци”.

Децата треба да се вратат на училиште, смета и микробиологот Пановски, бидејќи така ќе се стигне побрзо до колективен имунитет, но само под еден услов.

Од МОН, пак, сметаат дека дека наставата во училница е најдобра и најефикасна опција, но не навестуваат дали се размислува за разни сценарија наесен.

“Сепак, кој начин ќе започне и ќе се реализира следната учебна година, односно организацијата на работата на училиштата зависи од епидемиолошката состојба во државата и МОН одлуките по однос на ова прашање секогаш ги носи заедно и согласно со препораките на здравствените институции, првенствено на Комисијата за заразни болести”, велат од Министерството за образование.

Во време на глобална кампања за враќање на децата во училиште, министерката Царовска првичните информации и разговори за тоа како од септември натаму, ги најавува за наредниот месец.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »