Промовирани огласи »

KARIERA.mk ја започна кампањата пред околу 1 месец, а досегашниот тек веќе дава друга  слика за претприемништвото во нашата држава.

МАСИТ постојано поддржува иницијативи поврзани со проблемите на жените денес, па така и уникатната кампања на KARIERA.mk не остана незабележана од страна на МАСИТ. 

Би сакале да изразиме огромно задоволство што фела на експерти од својата област како што се членовите на МАСИТ ја даваат својата поддршка и ја сметаат за релевантна идејата да им се помогне на бизнисите создадени од жени низ различни видови на промоција во време на пандемија. 

Додека светот се уште практично стои во место ние активно работиме на промоција на храброста на жените претприемачи кои самостојно ја направиле промената што сакаат да ја видат во светот. 

Ова е само најава за една прекрасна соработка меѓу организација и онлајн сервис кои се создадени од експерти од различни области во насока на внесување промени во светот на најхрабрите, односно активно делување во рамките на општествената одговорност која треба континуирано да биде негувана од страна на сите учесници во бизнис светот и надвор од него. 

 

Промовирани огласи »

Она на кое бевме навикнати и се очекуваше како тренд да продолжи и во 2020 година за миг беше „избришано“ од целосно неочекуваниот Корона-вирус. Годината која ќе биде запамтена по Ковид-пандемијата, во осигурителниот бизнис ќе се памети и како прва, после долга низа години раст, која на осигурителниот пазар во Македонија ѝ донесе црвени бројки. Според извештајот на НБО, намалувањето на вкупната бруто полисирана премија (БПП) изнесува 4,89%, или гледано по сектори -4,89 и -4,93% за неживотното и животното осигурување соодветно.

Болеста што се рашири низ целиот свет остави силен траг врз работењето на компаниите и ги примора менаџерите да ги прилагодат деловните стратегии на новонастанатите услови на пазарот. Успешноста во спроведувањето на новите деловни политики и брзата транзиција за работа во услови на „новото нормално“, пред сè на продажната мрежа, им помогна на дел од компаниите да се издвојат од генералниот негативен тренд на македонскиот осигурителен пазар и годината да ја завршат со позитивни резулати.

Во ова посебно предничи австриската „Уника“, која е единствена со раст на премијата на полисите и за животно и за неживотно осигурување. Резултатот од крајот на третиот квартал, кога станаа лидери според бројот склучени договори и БПП во класата која носи најголем приход за компаниите, осигурување од авто-одговорност, го потврдија и во четвртиот квартал. Со речиси 100.000 полиси (96.064) „Уника“ остана лидер на пазарот во оваа класа, пред „Винер“ (86.435) и „Триглав“ (81.001). Преку овие полиси „Уника“ полисираше најголема бруто премија од 528.436.000 денари, пред „Винер“ (487.092.000 денари) и „Триглав“ (478.537.000 денари). Во однос на вкупната БПП за неживотно осигурување, покрај „Уника“, значителен резултат забележа и „Халк“ чиј премиски удел на пазарот се покачи од 5,89% на 9,87%. Водечката компанија според вкупна БПП за неживотно осигурување, „Триглав“, имаше пад на уделот од 16,28% на 14,79%, додека втората во рангот, „Еуролинк“ го задржа истиот пазарен удел од 11,57%.

Во секторот за животно осигурување, „Уника живот“ не само што оствари раст на БПП туку и го презеде приматот на компанија со најголем број на склучени полиси. Според извештајот на АСО, 8.261 е бројот на полиси со кои клиентите дале доверба „Уника“ да им го осигура животот, додека 7.967 договори биле склучени преку „Кроациа живот“, а 4.346 се одлучиле за „Винер живот“. Во вкупниот пазарен удел, „Кроациа“ и покрај падот од 44,02% на 37,61% останува лидер. Кај секоја од останатите четири компании се бележи раст на пазарниот удел и доколку овој тренд се задржи во догледно време може да видиме поизедначена пазарна коцнентрација.

Промовирани огласи »

Летната епидемиолошката слика ќе одреди каков ќе биде есенскиот почеток на учебната година. Се враќаат ли децата на училиште или останува сегашниот образовен модел, засега најави од Министерството нема.

Иако е рано да за проценки, дел од наставниот кадар и родителите велат дека време е за првични но и конкретни размислувања во МОН, за да се избегне ланското сценарио кога учебната година доцнеше еден месец.         

“Не е прерано. Токму сега е времето. МОН треба да бидат спремни за повеќе сценарија. Ние сега сме спремни само за тоа сценарио што беше минатата година... Уште од сега треба да бидат формирани работни групи...”

Целосното враќање на децата без никакви протоколи би било грешка, децидна е Димитриевска, споделувајќи го својот став за тоа како треба да почне учебната година.

“МОН треба да биде спремен за повеќе сценарија но никако за враќање одеднаш 30 деца во училница...Треба да се почне етапно, а онлајн опцијата да остане барем во првите месеци”.

Децата треба да се вратат на училиште, смета и микробиологот Пановски, бидејќи така ќе се стигне побрзо до колективен имунитет, но само под еден услов.

Од МОН, пак, сметаат дека дека наставата во училница е најдобра и најефикасна опција, но не навестуваат дали се размислува за разни сценарија наесен.

“Сепак, кој начин ќе започне и ќе се реализира следната учебна година, односно организацијата на работата на училиштата зависи од епидемиолошката состојба во државата и МОН одлуките по однос на ова прашање секогаш ги носи заедно и согласно со препораките на здравствените институции, првенствено на Комисијата за заразни болести”, велат од Министерството за образование.

Во време на глобална кампања за враќање на децата во училиште, министерката Царовска првичните информации и разговори за тоа како од септември натаму, ги најавува за наредниот месец.

Промовирани огласи »

Владата дава дополнителна можност на сите заинтересирани невработени лица и работодавачи да аплицираат за мерките и програмите од Оперативниот план за 2021 година. Јавните огласи за мерките самовработување, субвенционирање плата, практиканство, обука на работно место за познат работодавач и програмата за јавни работи се објавени денеска и може да се аплицира до петок, односно 28 мај.

Како што појаснија денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и директорот на Агенцијата за вработување на РСМ Абдуш Демири, оперативниот план е во почетна фаза, на новите објави не треба да се пријавуваат веќе оние кои аплицирале во претходниот рок и дека изборот на кандидатите со кои ќе се склучи договор ќе се врши по завршување на рокот за пријавување на реобјавените јавни огласи.

Со мерките и програмите е предвидено да бидат опфатени 10 279 лица, а предвидените средства се во износ од 1,5 милијрди денари. Можност за коритење на мерките и програмите имаат и останатите без работа во периодот на кризата од Ковид 19 чија бројка заклучно со 31 април 2021 година изнесува 17 005 лица.

-На граѓаните и на работодавачите им даваме уште една дополнителна шанса да аплицираат за програмата самовработување, субвенционирање  плата, парактиканство, обука на работно место за познат работодавач и програмата јавни работи. Преку Оперативниот план се обезбедува поддршка за креиерање нови работни места и зголемување на вработеливоста на невработените, особено на младите, дологорочо невработени, корисниците на грантирана минимална помош, како и на невработените кои останале без работа во период на пандемијата, рече министерката Шахпаска.

Таа потенцира дека првпат во Оперативниот план се вградени три принципи. Појасни дека приоритет за вклучување во мерките ќе имаат лицата кои ја изгубиле работата поради пандемијата, првпат се вложуваат 25 милиони евра во рамномерен регионален развој во согласност со податоци од Бирото за регионален развој и степенот на развиеност на планиските региони, како и тоа дека целосно ќе се почитуваат и принципите на диверзитет и инклузивност, односно тоа зачи распределбата на средствата и мерките ќе се одвива и според принципот на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, верска или било која друга ранлива категорија на граѓаните во согласност со стандардите и практиките на ОН и Мерѓународната организација на трудот.

Дополнително за намалување на јазот меѓу вработеноста на мажите и жените на пазарот на труд, криеиран е афирматививен пристап при селекција на кандидатите во мерката самовработување каде соодносот меѓу мажите и жените ќе биде 40 спрема 60 проценти, а  при рангирање на кандидати кои имаат освоени ист број пеони ќе се даде предност на млади до 34 години и корисници на гарантирана минимална помош

Според Шахпаска, целта на овие принципи е да се постигне рамномерна поддршка со Оператиниот план која нема да биде селективна и ќе ги опфаќа сите граѓани.

Интересот за мерките и програмите од Оперативниот план, според директорот Демири е голем и веќе за некои се притигнати и повеќе апликации од предвиденото.

-Нашата цел е во што поголема мера да излеземе во пресрет на невработените лица и работодавачите и да одговориме на барањата на пазарот на трудот. Целиот процес на имплементација на Оперативниот план е во почетна фаза. Поради големиот интерес за мерките што ги објавивме одлучивме во координација со МТСП и претставници на Владата да реобјавиме уште еднаш за да дадеме можност на лицата кои не успеале да аплицираат на првиот оглас. Во тој период беа подготвени упатства, бидејќи оваа година имаме новина да се имплементраат приниципите. Процесот е во почетна фаза и откако ќе биде завршена оваа фаза ќе тече процесот на избор на кандидатите. Веќе е поголем офпатот отколку што беше порано, рече Демири.

Соопшти дека бројот на бројот на пријавени за мерката за самовработување досега е 2 523 а дека е предвидена поддршка за 1 762 лица и дека со реобјавувањето се дава можност и на други лица да апицираат.

Смета дека во координација со Владата и Министерството за труд и социјална политика, за поголем опфат може да се даде можност со ребалансот на Буџетот.

Заинтерсираните за јавните огласи може да добијат информации во 30 центри за вработување низ земјава. скс/са/

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »