Промовирани огласи »

Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за работни односи, што Владата го усвои, а со кој се дефинира дека недела е ден на неделен одмор е добар од два аспекта. Од една страна создаваме можност за најголемиот број работници во државата недела да биде ден за неделен одмор, ден за семејството, ден за слободни активности, за дружење. Ова во интервју за МИА го вели Министерот за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. 

Од друга страна, ги заштитуваме и им даваме поголеми права на оној помал процент од околу осум отсто од работниците, кои сепак ќе мора да работат во недела. За нив обезбедуваме додаток на плата за работа во недела во висина од најмалку 50 проценти повеќе од дневницата што редовно ја добиваат, но и дополнително користење на слободен ден во наредните седум дена, вели Шахпаска во интервјуто. 

Таа додава дека за вработените во трговијата, каде што исто така има одредени исклучоци,  додатокот на плата е во висина од 100 проценти, значи двојно повисока дневница во недела.

Вработените во трговските центри во недела ќе работат само една смена од 10 до 18 часот, со што исто така се ограничува, односно се намалува бројот на работниците што ќе работат во недела и исто така ќе добиваат слободен ден што треба да го искористат во наредните седум дена.

Промовирани огласи »

Германскиот институт Роберт Кох објави дека Македонија и уште неколку балкански земји можат повторно да патуваат во Германија, бидејќи веќе не се означени како држави со висок ковид-ризик. 

Ова се должи на значајното стабилизирање на епидемиолошката состојба. Претходно, повеќе од една година, Македонија за земјите на ЕУ важеше за високоризична ковид-зона и не беа дозволени влезови во ЕУ-државите. 

Прва која ги отвори границите за Македонија беше соседна Грција. 

Новите правила за патување ќе важат од утре.

Покрај Македонија, од „црвената листа“ во регионот се симнати и Србија, БИХ, Косово и Црна Гора и повеќе не се третираат како ризични земји.

Промовирани огласи »

Податоците за остварената наплата на патарините во првите месеци од годинава ни даваат за право да бидеме оптимисти дека не само што ќе се вратат приходите остварени пред пандемијата на Ковид 19, туку реално е да очекуваме и да се зголемат, вели во интервју за МИА  директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

За периодот јануари-мај, во 2021 година е остварен промет од наплата на патарина поголем во однос на истиот период во 2019 година (која според годишниот промет е рекордна) и има зголемување за над 4 проценти. Ако во 2019 година до мај биле инкасирани 926.114.696 денари, за истиот период во 2020 година е остварен промет од вкупно 751.329.426 денари, за разлика од 2021 година кога прометот изнесувал 968.718.496 денари или зголемување од 28,9 проценти во 2021 година.

Овие средства, посочува, се важни за планирањето на Годишната програма на ЈПДП, од нив ќе зависи што ќе содржи програмата и колкав опфат на патишта ќе се рехабилитараат или градат.

Воведувањето на електронската наплата на патарина на Коридорот 10, како што вели  директорот на ЈПДП, наиде на позитивен прием кај корисниците.

– Во екот на пандемијата, многу корисници си набавија електронски уреди токму поради безбедноста и избегнувањето контакт со пари, билети и на крај, избегнување и на човечкиот фактор. Навиките за наплата на патарина се сменија и се менуваат секојдневно. Доказ за тоа е и продажбата на речиси 24.000 електронските уреди од кои 8960 се M-Таг и 14963 се М-Смарт картички. Со заокружувањето на имплементирањето на електронската наплата на патарина и на наплатните станици на Коридор 8, овие цифри ќе се зголемуваат, смета Рустеми.

Тој информира дека изградбата на новите наплатни станици Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци- Штип, што стартуваше во мај годинава, согласно со Договорот со изведувачот конзорциумот Аселсан-Жикол треба да заврши кон крајот на октомври годинава.

За постојните наплатни станици, „Миладиновци“ на автопатот Миладиновци-Штип и наплатните на Коридор 8, Глумово, Желино, Тетово и Гостива, за кои е предвидена реконструкција и воведување електронски систем за наплата на патарина во тек е изработка на проектна документација согласно со договорот со изведувачот конзорциумот Аселсан -Жикол. По реализацијата на проектната документација и нејзино официјално одобрување ќе започне и реализацијата на терен, најавува Рустеми.

На Коридор 8 има четири постојни патарини за кои е планирана реконструкција со претходно изготвена проектна документација од страна на ЈВ Аселсан-Жикол, на автопатот Миладиновци-Штип има една постојна наплатна за која е планирана реконструкција со проширување и две нови кои се во тек на реализација. Проектот чини  12.489.356,17 евра, вклучувајки и поставување фотоволтаичен систем на тие наплатни патарини, и на наплатните на Коридор 10 – Романовце, Петровец, Сопот, Отовица Градско, Демир Капија и Гевгелија, како и  неопходни резервни делови и одржување на новиот електронски систем во период од 12 месеци. 

Промовирани огласи »

Фатмир Бесими, министерот за финансии, на денешната прес-конференција со Светска банка не сакаше конкретно да одговори дали со Ребалансот на буџетот, кој е усвоен од Владата но допрва треба да биде разгледуван во Собранието, ќе поскапи дизелот за 4 денари по литар, но најави воведување на еколошка такса.

Владата се уште нема донесено таква одлука, но во интерес на јавноста, се прават сеопфатни анализи во поглед на еколошката агенда за зелена транзиција и инвестирање во обновливи извори на енергија  и создавање на еколошки фонд на ниво на Влада за зелен развој. Не се работи за зголемување на акцизата, туку за зголемување на еколошка такса, во која ќе бидат опфатени нафтените деривати, за што се уште нема одлука на Владата, рече Бесими.

Тој најави дека по завршените анализи ќе се направат консултации со стопанските комори и другите чинители. Инаку, засега медиумските информации и оние од опозицијата говорат дека е предвидено од 1-ви јули надоместокот на дизeлот од сегашните 0,03 денари да се зголеми на 3,5 денари по литар. Со оваа давачка, за половина година предвидено е да се соберат дополнителни 27 милиони евра.

Бесими исто така не потврди дали ДДВ-то на сметките за електрична енергија ќе се намалува од 18 на 5 отсто, иако медиуми веќе информираат дека тоа е предвидено во Ребалансот.

Со оглед на тоа што во тек е либерализација на пазарот на светско ниво, ние ги следиме барањата на граѓаните, но за оваа работа се уште нема одлука на Влада.Ќе се прават прво анализи и консултации, наведе министерот.

Во време кога енергетските компании бараат поскапување на струјата, Владата со намаленото ДДВ во сметките за електрична енергија, планира да го амортизира ударот врз граѓаните. Дел од енергетските експерти, како и опозицијата бара државата привремено да го намали овој данок.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »