Промовирани огласи »

На утрешната седница Владата ќе ги разгледува двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното намалување на ДДв на електричната енергија и воведувањето на еколошка такса, по што ќе се донесе одлуката.

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека Владата ќе оди со предлогот да важат од 1 јули и со намера дека во Собранието ќе успее да се изгласаат во тој период.

Владата утре треба да ги разгледа и да одлучи во однос на двете мерки. Имаме предлог за законот за ДДВ за намалување во транзиторен период, односно да се помогне на домаќинствата кога се прави либерализација на пазарот на електрична енергија. Домаќинствата ќе добијат олеснување во однос на цената на електричаната енергија преку намалување на делот на ДДВ, која е конректна мерка која директно влијае врз буџетот на домаќинствата, рече министерот Бесими одговорајќи на новинарско прашање по потпишување на договорот со ЕИБ за креидтна линија од 100 милиони евра.

Прецизирајќи дека Владата не размислува да се повлече и дека Владата утре носи одлука, но посочувајќи дека не може да зборува во име на цела Влада, во смисла кога се носат одлуките на седница на влада, оти надлежноста на Министерството за финансии е само за Данокот на ДДВ, додека еколошката такса е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според предлогот ДДВ кај електирчната енергија за домаќинствата треба од 1 јули 2021 година да се намали од 18 на пет отсто, потоа наредната година да биде на ниво од 10 отсто и третата година да се врати на 18 отсто. Целта е да се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија.

Додека кај еколошката такса, посочи на тоа дека се однесува на друг закон што е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање и дека тоа е за дополнителен износ на она што веќе постои во законското решение со цел да се поддржат зелени проекти, а не како претходно делот на акцизата на горивата.

Сега не се интервенира кај акцизата, каде со последната измена има варијабилен дел кој зависи од цената на горивата на светските берзи. Сега зборуваме за еколошка такса која се регулира со закон од Министерството за животна средина и просторно планирање и тие средства ќе се користат за проекти за обновливи извори на енергија, енегетска ефикасност, како и за зелената агенда. Има разни програми кои се дефинирани во овој дел, има посебен фонд и посебна потпрограми отворена со ребалансот, но и други проекти и програми во рамки на буџетот што се за оваа намена во однос на проекти за подобра животна средина, рече министерот.

Промовирани огласи »

Претставници на градежништвото, обложувалниците и прехранбената индустрија во рамки на Стопанската комора на Северна Македониај денеска излегоа со повик до Владата да ги преиспита усвоените измените во законите за работни односи и за трговски друштва со кои од 1 октомври недела ќе биде неработен ден.

Од таму најавуваат дека можни се отпуштања до 30 проценти, неизвесна реализација на капиталните проекти, застој во производството, повисоки трошоци, намалена продуктивност и несигурен поврат на инвестициите.

- Проектите во градежништвото се врзани со рокови, а иницираната мерка ќе се одрази негативно не само врз нивната реализација, туку и врз исполнувањето на тие рокови, вклучувајќи ги тука и капиталните проекти од интерес за државата. Работата во градежништвото е теренска и на отворено, а кај инфраструктурните проекти подразбира и транспорт и патување на работниците, па доколку недела биде неработен ден, тоа сериозно би се одразило врз континуитетот на изведбата. вели претседателот на Здружението на градежништвото, Андреа Серафимовски.

Според него, со тоа ќе им се намалат шансите на работниците за поголема заработка, а компаниите ќе имаат поголеми транспортни трошоци. Кај прехранбената индустрија посебно на удар би била млечната индустрија и производство на пиво и безалкохолни пијалаци.

Доколку овие активности не се преземат во недела, тогаш измолзеното млеко од сабота нема да се откупува, а измолзеното млеко од недела ќе се превезе во понеделник и ќе се преработува во вторник. На ваков начин се губи еден ден производство, односно при ваков случај се намалува производниот капацитет на фабриката со огромни економски штети, а потребата од работна сила ќе биде намалена за една седмина. Сето ова се надоврзува на веќе изгубениот еден ден за продажба, поради неработењето на малопродажните објекти во недела, смета Васко Ристовски од Комората.

Тој додава и дека во кондиторството работниот процес е во континуитет и овие компании ќе бидат принудени да отпуштат 25 отсто од вработените, додека во однос на пивото и безалохолните пијалоци, Ристовски дополни дека за да почне производството во понеделник, потребна е претходна подготовка која трае најмалку 24 часа. Оттука, прекинот на работата во недела би значело дополнително изгубен работен ден понеделник.

Според обложувалниците, преку 70 отсто од прометот се реализира кај нив во денот недела.

Работата на спортските обложувалници директно зависи од понудата на спортски натпревари. Најголем дел од натпреварите се играат за време на викендите, односно во недела. Треба да се спомне и дека играчите ги посетуваат спортските обложувалници во слободно време, најмногу во текот на викендите и недела, а не додека се на работа, предупредува Васко Илиевски од Групацијата.

Промовирани огласи »

Земјоделците имаат уште десет дена за поднесување барања за субвенции. Крајниот рок е 30 јуни. На барање на Министерството за земјоделство, Владата минатиот месец го пролонгираше рокот поради пандемијата. Првично, рокот за аплицирање за финансиска поддршка беше до 31 мај.

Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство во соработка со Агенцијата за финасиска поддршка поднесе барање до Владата за продолжување на рокот кое беше прифатено, информира тогаш МЗШВ.

Министерството апелира земјоделците да го искористат продолжениот рок и да аплицираат електронски на www.ipardpa.gov.mk, а доколку не можат или не знаат како, да се обратат во подрачните единици на МЗШВ каде ќе добијат помош.

Барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, додека барањата за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на аплицирањето.

Пред да поднесат барања за субвенции, земјоделците треба да ги ажурираат податоците за да бидат точни и целосни информациите во сите системи од каде Платежната агенција потоа ги презема. Потоа може преку веб страницата на Агенцијата електронски да поднесат барања со претходна регистрација во системот и клик на банерот „директни плакања” – е-барање.

За финансиска поддршка во земјоделството оваа година се предвидени 3.723.103.000 денари, а аплицирањето почна на 5 април 2021.

Промовирани огласи »

На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции.

Од МВР денеска соопштија дека од вкупниот број изречени санкции, 13 се за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три санкции за возачи почетници, 12 санкции за управување без возачка дозвола.

91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Изречени се 45 санкции за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за непрописно паркирање, стои во соопштението.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »