Промовирани огласи »

Според податоците на релевантни меѓународни организации, на светско ниво, 2% од загинатите лица во сообраќајни незгоди се велосипедисти,  а најчести смртоносни повреди кај велосипедистите се повредите на глава. Во земјава во просек годишно десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди. 

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, велосипедист кога учествува во сообраќај треба да носи заштитен шлем односно кацига, но законот не предвидува никаква санкција доколку велосипедистот не користи заштитен шлем односно кацига. Една од причините зошто законот не предвидува задолжително користење на заштитна кацига е фактот што голем број на велосипедисти, а исто така и Европската велосипедска федерација сметаат дека доколку користењето на заштитна кацига е задолжително и доколку не користењето на заштитна кацига се санкционира, тогаш значително ќе се намали бројот на лица кои користат велосипед како сообраќајно превозно средство и на тој начин ќе се изгубат сите придобивки кои ги носи користењето на велосипедот како превозно средство.

Согласно наведеното, дали ќе користи кацига или не, одлуката ја носи самиот велосипедист.  

На светско ниво застрашувачки  97% од  загинатите велосипедисти во сообраќајни незгоди  не носеле заштитна кацига.

Заштита од повреда на главата

  • Според меѓународни истражувања, при сообраќајна незгода со велосипед од  22%  до 47%  од велосипедистите се здобиваат со повреди на главата.
  • 75% од загинатите велосипедисти во сообраќајни незгоди се поради здобиени повреди на глава.

Заштита од надворешни временски влијанија

Заштитната кацига ја штити главата од директна изложеност на сонце и во случај на дожд не дозволува дождот да се слева кон очите, со што се подобрува видливоста кај велосипедистот.

Видливост

Една од причините поради коишто страдаат велосипедистите во сообраќајот е тоа што возачите не ги забележуваат навремено велосипедистите. Со носењето на заштитна кацига со светла боја и рефлектирачка површина видливоста на велосипедистот е многу поголема.

За да овозможи адекватна заштита кацигата треба да биде користена на правилен начин. Најважни  правила за соодветна употреба на кацигата се:

  • Да се користи соодветна димензија (големина) на кацигата.  Кацигата не смее да стега, ниту премногу да биде лабава за да овозможи максимална заштита.
  • Позиционирањето на кацигата во предниот дел треба да биде два прста над очите, кацигата несмее да биде прениско поставена за да не го намалува видното поле на велосипедистот.
  • Кацигата секогаш мора да биде цврсто врзана за долната вилица, бидејќи при незгода ако не е врзана може да падне од главата и да ја изгуби функцијата.

Промовирани огласи »

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денес најави референдум за анти ЛГБТ закон за кој ЕУ вели дека ги крши основните права, зголемувајќи ја предноста во неговата борба со Брисел.

Европската комисија минатата недела покрена две постапки за повреда на унгарскиот закон, кој цензурира прикажување лезбејки, хомосексуалци и транс луѓе на ТВ и во училишта. Лидерите на 17 најголеми земји на ЕУ исто така го критикуваа унгарскиот закон со заедничко писмо , тврдејќи дека тој ги поткопува основните права.

Будимпешта тврди дека законот има за цел да ги заштити малолетниците. Но, неговите одредби не влијаат само на сексуалното образование, туку конкретно ги издвојуваат малцинствата. Би можело да спречи филмови како Хари Потер да се емитуваат преку ден, според унгарскиот приватен радиодифузер РТЛ Клуб.

Промовирани огласи »

Српски туристи кои сакаат да летуваат во Албанија, а поминуваат низ Македонија а кои не беа предвидени да добиваат картички за бесплатни патарини сепак успеале да стасаат до ваква картичка. Сведочат дека откако љубезно замолиле на граничниот премин добиле ваква картичка. Делод нив претходно на социјалните мрежи во групите во кои се споделуваат искуства од летувањата во туристичките центри реагираа дека се обесправени, па и покрај тоа што се Срби за нив нема бесплатни патарини. Инаку до сега се поделени повеќе од 40.000 вакви картички, но важат само за патарините долж Коридорот 10.

„Кога влегувате во Македонија на граница даваат картичка за бесплатна патарина само за оние кои тргнале во Грција. Ние љубезно замоливме и ни дадоа. Првите две патарини може да ги плаќате со таа картичка но кога од автопатот Пријателство скршнувате накај Охрид на автопатот Мајка Тереза имате уште четири наплатни рампи на кои оваа картичка не важи. Претходно користете ја секако затоа што вредноста на едно евро е заокружена на 40 денари, пишува српски турист.

Инаку картичките за српските државјани важат до 15 август, а од 15 јуни досега, поделени се повеќе од 41.000 вакви картички.

Вќера министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, на граничниот премин „Табановце“ ја прими делегацијата од Република Србија, предводена од министерот за инфраструктура, градежништво и сообраќај, Томислав Момировиќ.

Двајцата министри симболично поделија М-картички за наплата на патарини на српски државјани кои транзитираат низ државата. 

Промовирани огласи »

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, реализираше работна посета на компанијата Алкалоид Скопје, каде оствари средба со генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, кој ги презентираше историјатот и развојните планови на компанијата и заеднички извршија обиколка на дел од производствените погони, соопштија од кабинетот на вицепремиерот. Алкалоид има јубилеј - 85 години од постоењето. 

Да се опстои на домашниот и меѓународните пазари 85 години е навистина успех, а тој успех не би бил можен, доколку Алкалоид не ги следи светските трендови во фармацевтската индустрија и постојано вложува во технолошки развој, во своите вработени и во создавање на нови квалитетни производи, со кои го зголемува обемот на производство и приходите. Ние како Влада, сме среќни кога имаме можност да ги поддржиме развојните планови на компаниите, имаме многу механизми со кои тоа го правиме,  затоа што знаеме дека тоа ќе донесе бенефит не само за таа конкретна компанија, туку и за нејзините вработени, за нови вработувања, генерално за целата економија. Компанијата Алкалоид има склучено договор со Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите вo 2018 година, со кој превидуваат петгодишен инвестициски циклус и во три години веќе се вложени 23,4 милиони евра, а како поддршка од Владата, за мерките од договорот, во овие три години кумулативно се исплатени 3,58 милиони евра. Секоја компанија која инвестира во развој на производството и на вработените, може да ја искористи поддршката од Владата преку Законот, посочи вицепремиерот Битиќи на средбата со генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов.

Од Алкалоид информираа дека се посветени кон постојан раст и развој на компанијата, како на домашниот, така и на меѓународните пазари. Инвестициите во нови производни линии не застанаа ниту во периодот на пандемијата, вложени се над 11 милиони евра во комплетирање на одделението „Пакување на цврсти форми“, со нови линии на површина од 7.000м², со кое ќе се овозможи зголемување на капацитетите за производство за околу 50 отсто, односно од претходниот капацитет од 2 милијарди таблети и капсули годишно, на повеќе од 3 милијарди парчиња цврсти фармацевтски форми.

Во разговорот со вицепремиерот Битиќи, Мукаетов посочи дека компанијата во моментов ги пласира своите производи на над 40 пазари, а во 2020 година е остварена добивка од околу 19 милиони евра, што е за околу 15 проценти повеќе во однос на 2019 година, а воедно бројот на вработени во 2020 година е зголемен за 210 лица. Алкалоид продолжи со својот развој и во 2021 година, при што во првата половина од годината веќе се реализирани нови 58 вработувања и се бележи двоцифрен, во проценти, раст на добивката во однос на првата половина од 2020 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »