Промовирани огласи »

Asus продолжува да го задржува првото место како број еден избор и долгогодишен синоним за најдобар квалитет на лаптопи. Новото достигнување во светот на технологијата е Asus ZenBook Flip 13 (UX363) и мотив плус за чекор напред кон некое друго ниво на креативност и продуктивност. Овој лаптоп е дизајниран да овозможи голема ефикасност во работата, а истиот има и целосно нов и карактеристичен дизајн, кој што комбинира врвна преносливост со врвна разновидност.

Со својот елегантен NanoEdge дисплеј и 360° ErgoLift ротација, Asus ZennBook Flip 13 (UX363) лаптопот е екстра компактен, а со неговата ултра тенка 13.9мм шасија, овозможува широка палета на I/O порти за лесно поврзување.

Intel® Core™ процесорот дава одличен перформанс за продуктивност во движење и потполна визуелна креативност.  ZenBook Flip 13  лаптопот е моќен и сеопфатен Asus модел, кој што се приврзува со вас и се трансформира во совршен деловен и креативен партнер.

Иновативниот механизам на 360° ErgoLift е паметно дизајниран да ја подигне и навалува тастатурата во удобна позиција за пишување, кога NanoEdge дисплејот ќе се отвори над 135°. Во режим на таблет, механизмот со двојно дејство автоматски се врти однапред, за да дозволи дисплејот да се преклопи рамно на основата. Самото искуство со Asus ZenBook Flip 13 (UХ363) лаптопот ви овозможува заштеда на времето на едно ново, поинакво и креативно ниво.

Овој иновативен лаптоп има моќна батерија (67WHrs, 4S1P, 4-cell Li-ion), со голем капацитет, како и поддршка во текот на целиот работен ден. Со новата технологија за брзо полнење, ZenBook-от е полни за само 49 минути и тоа до 60%, со користење на стандардни USB-C полначи за практично полнење дури и во движење.

Покрај моќта на своите перформанси и креативниот дизајн, кој што ве наведува да го засакате брзо Asus ZenBook Flip 13 (UX363), она што може дополнително да го понуди дисплејот NanoEdge, е работата односно комбинацијата со опционалното пенкало ASUS, кое што доаѓа со купување на овој модел на лаптоп.

Екранот на допир поддржува 4096 нивоа на притисок што ги нуди ASUS пенкалото, што го прави ZenBook-от совршен избор за секојдневна креативност и работа.

Како дополнителни можности и искуства, АSUS ZenBook Flip 13 (UX363) нуди сеопфатна мрежа на решенија за безжична конекција. WiFi 6 опцијата  на овој модел овозможува да се вчитаат содржини на Интернет со движење на окото, а тоа е овозможено со технологијата ASUS WiFi Master Premium, која што вклучува ASUS WiFi стабилизатор и ASUS WiFi SmartConnect.

Како дополнително доживување со лаптопот АSUS ZenBook Flip 13 (UX363)  тимот на ASUS во дефинирањето на ZenBook-от и соработувајќи со специјалисти за аудио-технологија, како што се Харман Кардон, обезбедија аудио квалитет на кино “во мало пакување”. Со овој специјален аудио систем се обезбедува максимална јачина на звук со минимално изобличување за јасен звук. Со овој лаптоп се овозможува испорака на неверојатен звук од било кој агол.

Изненадувањата на новиот АSUS ZenBook Flip 13 (UX363) не застануваат. Овој иновативен лаптоп исто така е достапен со иновативен ASUS NumberPad 2.0. Тачпад со двојна функција, со интегрирана нумеричка тастатура со LED осветлување, што другите лаптопи од неговата класа ја немаат, а е дефинитивно корисна за пресметување на буџети, калкулации и слично.

Благодарение на својот интелигентен софтвер и Харман/Кардон аудио-технологијата, АSUS ZenBook Flip 13 (UX363) овозможува испраќање на гласовни команди за Alexa на Google и Cortana на Windows, кое што ја олеснува комуникацијата и заштедува на време.

Дополнително, предната инфрацрвена (IR) камера, го препознава лицето за неколку секунди и на тој начин овозможува да се најавите брзо и безбедно.

Овој совршен бизнис лаптоп го исполнува и ултра-побаруваниот воен стандард, MIL-STD 810G, за сигурност и издржливост, со што ја намалува грижата за опасност од лесно оштетување. 

Оваа „зен“ технолошка иновација е лаптопот на утрешнината и вашиот иден деловен и креативен партнер.

Посетете го најблиското продажно место на Нептун Македонија и купете го вашиот нов ASUS ZenBook Flip 13 (UX363) лаптоп https://bit.ly/3hUrAhj. Исто така, за прв пат во Нептун Македонија, покрај понудата на ASUS лаптопи, сега можете да најдете и ASUS аксесоари: глувчиња, тастатури, ранци, торбички и многу други.

За сите подетални информации за новиот АSUS ZenBook Flip 13 (UX363) и аксесоарите, дознајте повеќе на www.neptun.mk или во било кое продажно место на Нептун Македонија.

Влези во светот на ASUS со новиот АSUS ZenBook Flip 13 (UX363).

Промовирани огласи »

УНЕСКО денеска ја одржува 44-та годишна седница на која се одлучува за зачувување или променување на статусот на заштитените природни богатства. 

Италијанскиот град Венеција останува нивно заштитено подрачје, со оглед на тоа што Италија веќе воведе одредени рестрикции во начинот на кој располага со водните капацитети на овој град. Тие имаат рок до крајот на 2022 да известат за подобрувањето на состојбата на венециските канали. Со ова, Венеција за малку избегна да се најде на листата на загрозени заштитени подрачја. 

Од друга страна пак, ќе се расправа и за нашиот Охрид. Од УНЕСКО со години предупредуваат дека Охридското Езеро е сериозно загрозено поради постојаната урбанизација и градење околу него, со што се нарушува уникатниот екосистем кој нашиот бисер го има. 

До расправата за состојбите во Охридскиот регион како заштитено природно и културно наследство од исклучителна универзална вредност, според предвидениот дневен ред од работата на Комитетот има уште пет точки, така што веројатно одлуката по нацрт-извештајот и идниот статус на заштитеното културно и природно наследство ќе биде познат во текот на денот.

Што се однесува на нацрт-верзијата на самата одлука, во неа се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација, со конкретен предлог регионот да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност.

Претходно, 34 организации и граѓански здруженија од Северна Македонија и Албанија испратија писмо до Комитетот за светско наследство во кое се бара од УНЕСКО Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светски наследства во опасност.

Промовирани огласи »

Оваа недела информираме за трендовите кои следат во пост пандемијата. Имено се повеќе од нашите клиенти имаат иста приказна во врска со промената на пазарот на сила по ударот на пандемијата. Имено многу од компаниите се соочуваат со потешкотии да најдат персонал кој ќе се согласи на враќање на работното темпо како пред пандемијата. Во прилог издвојуваме огласи на неделата кои вреди да се погледнат и со сигурност ќе го побудат вашиот интерес.

Вис обезбедување во моментот има отворено оглас за Физичко обезбедување со локација Скопје и Штип.

ICONE, компанија која работи во доменот на видео едитирање е во потрага по video editors од регионот со одлични плати, работа од дома и супер бонуси за дополнително сработени обврски.

Inplayer Hub компанија која преку постојана техничка иновација, негување на широк видео-центричен екосистем и вистински партнер на своите клиенти е во потрага по

Sales Support Specialist 

Customer success agent 

Кинескиот ресторан Шин Хаи го проширува својот тим и има ургентна потреба од келнери, хигиеничарка и шанкер на бифе со готова храна.

Автошкола Хирда со долгогодишна традија во обучувањето на кандидати нуди вработување на 15 инструктори во текот на летото.

За сите оние кои бараат работа која нема да биде монотона и ќе им донесе забава и возбуда во текот на работниот ден, Казино Стар има отворени работни места во Скопје и Тетово 

Од кредитните компании оваа недела иги издвојуваме Креди ЈЕС кое е финансиско друшто кое нуди решенија за микрокредитирање на физички лица со износ на кредити од 3000 до 90 000 денари. Оваа недела имаат отворени 3 менаџерски работни места за нивните филијали во Велес, Битола и Прилеп.

Исто така и Флекс Кредит имаат отворени работни места за тим лидери во Тетово, гостивар и Куманово и едно отворено место за маркетинг специјалист во Скопје.

Од градеѓната индустрија ВЕЈМАСТ ИНЖЕНЕРИНГ моментално има 3 активни нови огласи за 

МОНТАЖЕРИ НА ВЕНТИЛИРАНА ФАСАДА
ГРАДЕЖЕН ТЕХНИЧАР
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР/АРХИТЕКТ

Аплицирањето на нашиот сервис е брзо,, едноставно и ефектно. Доколку сте во период на пребарување на ново работно место или пак сте во константна потрага по вработување, ТУКА можете да ги погледнете сите отворени активни работни места во моментот. Аплицирајте уште денес и направете промена во вашиот кариерен пат.

Промовирани огласи »

Детската градинка којашто се гради во скопското населено место Волково, во општина Ѓорче Петров, многумина со право ја нарекуваат најмодерна детска градника во државата, но и во регионот.

Станува збор за градба која отскокнува од традиционалните градби на детски градинки кои се изградени во време на социјализмот но и оние поновите од оваа деценија.

Градинката е изградена во кружна форма во стил на современата органска архитектура. Истата е составена од централен кружен атриум (внатрешен двор) со комплетна енергетска ефикасност и со инфраструктура за да згрижи деца со попреченост и физички инвалидитети.

Ваквиот тип на градба обезбедува и кружно движење на возилата со што се избегнува метежот на кој скопјани сведочат секое утро пред речиси секоја детска градника низ градот.

Во Волково за првпат во историјата се гради детска градинка а во истата ќе може да се згрижат 175 дечиња со што ќе им се олесни секојдневниот живот на семејствата во Волково но и од околните населени места.

Проектот е финансиран од Министерство за труд и социјална политика со грант во висина од 73.800.000 денари, со кофинансирање од Општина Ѓорче Петров во висина од седум милиони денари.

Пуштањето во употреба на градинката е предвидено за до крајот на годината, а во неа ќе се вработат и најмалку 50 негувателки, воспитувачки и технички персонал.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »