Промовирани огласи »

 6-ти мај 2017 година (сабота) со почеток во 11 часот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира Отворен ден, на коj идните студенти ќе имаат уште една можност директно да се запознаат со можностите за студирање на Факултетот. Отворениот ден ќе се одржи во просториите на ФИНКИ - на техничко-технолошкиот кампус, во Карпош 2.

Ги повикуваме сите матуранти да дојдат и заедно со своите постари колеги од ФИНКИ од прва рака да се запознаат со Факултетот, со начинот, условите и можностите за студирање, со студиските програми, со лабораториите, просториите за предавање, итн.

Секако, како и секогаш и овој пат неизоставен дел ќе биде и забавата и игрите. Подетални информации за настанот можете да најдете на веб страната на ФИНКИ.

Останете во тек со случувањата и поврзете се со нас преку Facebook. 

Ве очекуваме!

Промовирани огласи »

Сивус Инкубатор на македонската иноваторска и стартап публика и овозможи уникатна можност преку отворена дебата да сподели искуства со двајца експерти, двигатели на промените во израелската стартап и иноваторска сфера. Се работи за Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe, и Ханан Бранд, ко-основач и партнер во Корнерстоун Вентурс, израелско-американски фонд на ризичен капитал.

Макфакс разговараше со израелските експерти непосредно пред дебатата чија основна цел беше да ја запознае македонската публика со израелското економско чудо. За релативно мала земја, со малку природни ресурси, Израел успеа да создаде најмногу компании регистрирани на NASDAQ берзата и да изгради вибрантен стартап и иновациски еко-систем, на кој може да завидат и многу поголеми земји. Ги запрашавме израелските гости на кој начин нивната земја ги постигна овие успеси и што можат да и препорачаат на македонската стартап публика.

– Како Израел стана економско чудо? Кој е тајната една земја со релативно мала територија и ограничени ресурси да се претвори во толку успешна економска приказна?

Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe: Мислам дека е тоа е доста опширно прашање, но имаме неколку причини. Mислам дека најголемата причина беше поради тоа што немавме никаков избор. Израел е како Македонија, релативно млада држава со мала популација. Како Македонија има на некој начин и проблематично соседство. Мултинационална земја со многу предизвици и без природни богатства. Немаме избор, затоа мора да го земеме тоа што го поседуваме и да го направиме најдобро.

Каков совет би и дале на македонската стартап публика, што треба да се направи за да се постигнат солидни резултати?

Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe: Мислам дека има три работи кои македонските

Стартапи можат да научат од ова. Како прво, не се плашите од неуспех…

Бидејќи кај нас во Израел пазарот практично како да не постои. Не можеш да продаваш само на Македонците и на Балканот, мораш да размислуваш на глобалниот пазар. Каде што можеш да се прошириш и да создадеш реална цена за инвеститорите и за твојот тим.

– Што мислите, дали Македонија може да го следи израелскиот пример и да стане ново, овојпат балканско, чудо?

Ханан Бранд, ко-основач и партнер во Корнерстоун Вентурс: За кратко време откако сме тука, бевме запознаени со македонските ЕКО системи, во кои не се сомневам. Тоа што го поседувате тука, е доволно да направите одлични ЕКО системи. Позитивна работа, мислам за израелските ЕКО системи е поврзаноста. Фактот дека сите работат заедно, големите компании, Стартап-ите, Академијата, инвеститорите, владата…

Од она што го гледаме овде, ми се чини дека повеќето од работите се на своето место. Особено ако успеете да соработувате меѓусебно како ЕКО систем и да ги промовирате вашите компании, верувам дека на тој начин ќе одите по израелските стапки.

 – Кое е новото технолошко достигнување што светот може да го чекува:

Ханан Бранд, ко-основач и партнер во Корнерстоун Вентурс: Верувам дека има многу промени. Технологиите поврзани со вештачката интелегенција менуваат многу работи. Роботиката, гледаме како многу работи од минатото стануваaт заменливи од роботите, машинеријата, вештачката интелегенција. И во медицинскиот и дигиталниот свет секогаш има простор за напредок и мислам дека таму се можни нови достигнувања.

Дебатата со израелските експерти инаку е организирана во соработка со Швајцарската програма за претприемништво, која е поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.

Извор - Макфакс

Промовирани огласи »

Охридската цреша стана деветнаесетиот бренд со заштитен географски називи во Македонија. Барањето што беше поднесено заедно со елаборат за регистрација на заштитен назив со географска ознака од страна на производители на оваа овошка е веќе одобрено и излезено во „Службен весник“. Таа им прави друштво на кочански ориз, тетовски грав, малешевско сирење, охридски чај и македонски ајвар. Меѓу брендовите најмногу има вино, сирење, мед, но и минерална изворска вода. Фирмите кои брендираат одреден производ ќе добијат по 300.000 денари субвенции за производ.

Садење според правилник

Предвидено е кофинансирање на 50 проценти од трошоците во процесот на заштита на квалитетот и поддршка на производителите кои користат заштитени македонски називи. Со 80 отсто ќе се покриваат трошоците направени за воведување заштитна ознака за квалитет, за изработка на елаборат на производот, анализи, трошоци за контрола и верификација.

Во Министерството за земјоделство велат дека елаборатот за охридската цреша беше на увид и секое домашно или странско правно или физичко лице, кое имаше право, можеше да поднесе приговор на предложениот назив.

- Приговорите можеа да се поднесат до Министерството во рок од 30 дена од денот на објавувањето на елаборатот. Секој што сметаше дека се исполнети условите за приговор утврдени од Законот за квалитетот на земјоделските производи имаше право на тоа. Во овој случај никој не поднесе приговор - велат во Министерството.

Земјоделската задруга „Охридска черешна 2015“, секоја година пред почетокот на сезоната на берба изготвува листа на производители која ги содржи податоците за производителот, површината под насад, сортата, подлогата, бројот на стебла, предвидениот принос во тони, просечната старост на овошките во години и точната локација, а на крајот од самата листа се наведува предвиденото вкупно производство.

Во елаборатот стои дека новите насади на охридска цреша ќе се одгледуваат со густина на садење од 625 растенија на хектар доколку се калемени на бујни подлоги и густина од 1.200 растенија на хектар, доколку се калемени на слабо бујни или среднобујни подлоги.

Прскање само со контрола

За подигнување нови насади по добивањето на заштитата за ознака на потекло, задолжително треба да се користи исклучиво саден материјал набавен од официјално регистрирани расадници, проследени со сертификат за конечно сертифициран материјал за размножување и саден материјал, издаден од Управата за семе и саден материјал. Со него се потврдува сортната чистота и здравствената состојба на материјалот за размножување.

Растителна заштита ќе се врши само тогаш кога појавата на болести и штетници ќе го надмине економскиот праг на штетност или кога условите на средината се поволни за развој на болести и штетници.

Плодовите со географска ознака „охридска цреша“ се пакуваат во дрвени или хартиени гајби со тежина од 4 килограми. Подготовката за пазар, како и пакувањето ќе се одвива во производното географско подрачје.

Бербата се врши рачно и крајно внимателно, како би се избегнале штети на плодовите. Плодовите се пакуваат и дистрибуираат веднаш по бербата.

Земјоделците да ги пријават штетите од пролетниот мраз

До 10 мај земјоделците може да поднесуваат барање за процена на штети од доцните пролетни мразови настанати на 21 и 22 овој месец. Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лични документи и трансакциска сметка, како и фотокопија од документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште, соопшти МЗШВ.

За процената на штетите формирани се 73 комисии кои ќе ги посетат сите земјоделските стопанства на чии површини има измрзнување на културите.

Во согласност со одлуката на Владата од недела комисии за испитување на штетите настанати кај овошните и лозовите насади од ниските температури и мразот се на терен и прават записници за штетите.

Промовирани огласи »

Грчките власти ги гонат работниците „на црно“ со оглед на тоа што од следниот месец во земјата почнува да се реализира пилот програма во чии рамки ќе се провруваат сите прекршувања поврзани со непријавена работа.

Весникот „Етнос“ пишува дека претставници на повеќе ресорни министерства заеднички ќе проверуваат области во кои се претпоставува дека има најмногу „работа на црно“, како што се туризмот, рестораните, таверните, објектите за забава, баровите, трговијата и услугите.

Целта на грчките власти е непријавената и неосигурана работа, која сега изнесува 30 проценти, да падне на 10 отсто. За оние кои го нарушуваат законот предвидени се казни од илајда до 10.500 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »