Промовирани огласи »

Во Скопје, на местото на поранешен „Скопски саем“, наскоро вратите за сите љубители на шопингот ќе ги отвори „Ист Гејт Мол“...

Новиот шопинг центар, отварањето го закажа за во средината на септември, на два месеци од сега. Овој мол ќе биде вистинско освежување како за главниот град, така и за целата замја, преку понудата на уникатно шопинг искуство за посетители и за уживателите на добрата храна.

Ист Гејт Мол и „Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ повеќе од три години работеа на дистинктивниот микс од брендови, кои на потрошувачите ќе им понудат едно ново шопинг искуство.

Веќе има инфорамции дека 95% од вкупната површина за изнајмување е веќе издадена на локални и интернационални брендови. На почетокот на оваа година, во јавноста протекоа инфомациите дека во новиот трговски центар пристигнува светскиот бренд H&M, но и дека за влез на пазарот во Македонија размислува ЛИДЛ и уште некои други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу кои се познатите SPAR и BILLA.

Влатко Богоевски, извршниот директор на „Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ откри кои други брендови може да ги очекуваме во рамките на овој трговски центар:

„Беше вистински професионален предизвик да се создаде стратегијата за изнајмување на Ист Гејт Мол. Како прв чекор од стратегијата направивме темелно истражување на навиките на потрошувачите и трендовите на локалниот пазар и вложивме огромен напор за привлекување на нови брендови на пазарот. Ги разгледавме тенденциите во регионот, но и пошироко во Европа и создадовме соодветен микс на закупци кој го рефлектира најдоброто шопинг искуство за посетителите, нагласувајќи ја различноста во категориите мода, забава, рекреација, услуги. Ист Гејт Мол е трговски центар на новата генерација кој нуди микс од брендови, исполнувајќи ги потребите на широка целна група, опфаќајќи ја не само нашата земја, туку и соседите од Косово и Србија. Целта беше да се привлечат нови брендови како полската модна групација „LPP SA“ заедно со своите пет брендови „Reserved“, „House“, „Cropp“, „Mohito“, „Sinsay“, потоа „Zara Home“ и „Oysho“ од групацијата Индитекс, како и модни марки кои за прв пат влегуваат на македонскиот пазар меѓу кои XYZ, Armani Exchange, Twinset, Partrizia Pepe, DeFacto и други. Неминовно е да се потенцира дека посебен акцент и поддршка дадовме и на локалните брендови кои навистина имаат што да понудат, така што 23% од сите закупци се македонски локални брендови.“

Промовирани огласи »

Невработеноста во Хрватска дефинитивно повеќе не е проблем, а работниците недостасуваат во областите како што се Кордун и Банија, Лика и Горски Котар, и штом се разбуди туризмот, Јадранот повторно покажа недостаток на вработени од сите профили - готвачи, рецепционери , келнери, слугинки и чистачи.возачи и дилери.

Нема мајстор ни за лек, и ако ви се случи било каква штета на островите, можете да се збогувате со поправката до септември или октомври.

Луѓето едноставно не пристигнуваат во сите правци, а работата им е над глава, пишува Слободна Далмација.

Во екот на сезоната, туризмот се распрснува. Резервациите пристигнуваат во последен момент. Никој не се подготвил за ваков наплив на гости, па во последниве денови често има ситуации во кои нема кој да обезбедува услуги за сместување, изнајмување или изнајмување автомобили на странци, а во многу ресторани, поради недостаток на работна сила, едвај нарачките пристигнуваат на време.

Ниту ниската цена на трудот веќе не е проблем. Во рекордната 2019 година, платите на готвачите, како дефицитарни и ценети поради природата на нивната работа, значително се зголемија, но тие се уште недостасуваат затоа што се барани овде и во странство.

Миењето садови во кујната и персоналот што му помага на готвачот, работни места за кои не е потребно посебно знаење, туку само добра волја, се плаќаат илјада евра (осум илјади куни) нето, но сепак недостасуваат оние што би работеле во тие позиции.

„Што се однесува до нашата угостителска понуда, но и гледајќи го целиот сектор на услуги воопшто, ние знаеме како да ја завршиме таа работа и тоа го правиме се подобро и подобро секоја година. Фигуративно кажано, ние не сме најдобри во гастрономијата, играме Лига на шампиони. И тоа е добро позната работа надвор од нашите граници. Затоа нашите готвачи, келнери, но и фризери, масери, трговци ..., добиваат подобри понуди од Европа, така што докажаниот добар персонал завршува во Германија или Ирска“, вели Иво Врдоjак, сопственик на познат ресторан во Сплит .

Врдоjак е на мислење дека заминувањето на работната сила преку граница може да се запре само со паметна и систематска државна политика.

„За среќа, јас го немам тој проблем, бидејќи собрав добар тим на време, но некои работодавци во Хрватска се принудени да ангажираат каква било работна сила, бидејќи едноставно не можат да изберат“, вели Врдоjак.

Тој додава дека Европа, од една страна, го привлекува најдобриот персонал со подобри плати, бидејќи Хрватска има поголемо искуство во угостителството заради туризмот, да речеме, од Германците, а од друга страна , образованието не се прилагодило на пазарот на трудот.

Промовирани огласи »

„Има зголемување на бројките на заразени, но така е низ целиот свет. Сепак, во многу земји се воведуваат повторно рестриктивни мерки. Кај е важно што нема притисок во болниците. Моментално на Инфективната клиника се лекуваат 15 пациенти“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче од Гевгелија.

Тој соопшти дека здравствените власти интезивно ги пратат препораките на СЗО и останатите земји, во однос на имунизацијата.

Едното од можните сценарија е воведување на трета доза, а можно е дозата да стане и сезонска. Болеста нема да исчезне одеднаш и делта сојот нема да биде последен, додаде Филипче.

Според него, би имало мерки за тие што не се имунизирале.Не можеме сите да ги ставаме во опасност. Ставаме акцент на имунизацијата. Сметам дека нема да спласне интересот, потенцира Филипче.

Промовирани огласи »

Владата на 92-та седница донесе одлуки за трите јавни повици, дел од мерките од шестиот економски пакет, со кои се одобрува исплата на еднократна финансиска помош за лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за свадби и за ноќни клубови

Како што соопшти владината прес-служба вкупно ќе бидат помогнати 382 правни субјекти од овие категории, а висината на поддршката изнесува речиси 111 милиони денари или 1,8 милиони евра кои во наредните денови ќе им бидат исплатени на компаниите од буџетската Програма П-Мерки за справување со Ковид-19 кризата од Потпрограма П1.

Поединечно, најголем број на апликации имало на јавниот повик за лиценцирани туристички агенции, вкупно 261, од кои 258 барања се прифатени, за 163 туристички агенции со лиценца А и 95 туристички агенции со лиценца Б, додека три апликации не се прифатени, бидејќи е утврдено дека правните лица немаат лиценца за туристичка агенција. Износот на средства кој е доделен е во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, бројот на вработени и видот на лиценцата и изнесува од 60.000,00 до 300.000,00 денари за правен субјект, при што вкупниот износ кој ќе биде исплатен изнесува 50.880.000 денари.

За јавниот повик за финансиска поддршка на категоризирани ресторани за свадби аплицирале вкупно 120 правни субјекти, а утврдено е дека комплетна документација имаат доставено 107 ресторани. Како Основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30 отсто од просечниот месечен приход. За субјектите кои ќе поднесат пријава на овој повик, а кои се регистрирани во текот на 2019 година основ за пресметка се просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2019 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект добива финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020. На тој начин за 107 категоризирани ресторани за свадби ќе биде исплатена финансиска поддршка од 51.650.798,00 денари.

На јавниот повик за лиценцирани кабареа, ноќни барови, диско клубови и диско клубови на отворен простор барања за финансиска поддршка поднесоа 17 правни лица и утврдено е дека сите имаат комплетна документација. Основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30 отсто од просечниот месечен приход. За субјектите кои ќе поднесат пријава на овој повик, а кои се регистрирани во текот на 2019 година основ за пресметка се просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2019 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020. На 17-те компании од оваа категорија ќе им бидат исплатени вкупно 8.324.480,00 денари.

Овие средства кои се исплаќаат како поддршка за излегување од корона кризата ќе бидат третирани како грант кај сите правни лица кои на крајот на 2021 ќе имаат еден вработен повеќе споредено со крајот на 2020 година. Оние корисници на финансиска поддршка кои ќе го задржат истиот број вработени на крајот на 2021 како што им бил на крајот на 2020 ќе имаат обврска да вратат 20 отсто од добиената финансиска поддршка, додека оние кои ќе го намалат бројот на вработени лица ќе имаат обврска да вратат 50 отсто од добиената финансиска поддршка, се појаснува во владиното соопштение.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »