Промовирани огласи »

Во јуни година најголемата плата е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 72.694 денари. Податоците ги објави Државниот завод за статистика. 

Понатаму следи секторот Воздухопловен транспорт – 64.764 денари, а зад нив се вработените од  Финансиско услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 49.100 денари, па Производство на останата опрема за транспорт – 47.625 денари и Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 46.387 денари. 

Во јуни просечната плата во Македонија изнесувала 28.744 денари. 

Како што објави Државниот завод за статистика, просечната бруто плата  била 42.950 денари. Просечната нето плата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни лани, а бруто платата е повисока за 7,1 отсто.

Промовирани огласи »

 Американскиот автомобилски гигант „Џенерал Моторс“ на својата веб -страница објави дека повлекува повеќе од 73.000 електрични автомобили „Шевролет Болт“ од пазарот.

„Џенерал Моторс доброволно го проширува повлекувањето на електричните возила Шевролет Болт произведени во 2019 година и сите возила 2020-2022 година, вклучувајќи го и моделот Болт ЕУВ (електричен СУВ). Во ретки случаи, батериите за овие возила можат да дадат дефекти, што го зголемува ризикот од пожар“, се вели во соопштението.

Компанијата проценува дека замената на неисправни батерии ќе резултира со една милијарда американски долари вонредни трошоци.

Промовирани огласи »

Иако повеќето возачи не се навикнати на ова, отворањето на возачката врата од автомобилот со десната рака е многу важно правило кое треба веднаш да ви стане навика. Според стручните лица и познавачите, причината е повеќе од сериозна.

Имeно, кога возачите излегуваат од возилото, повеќето возачи ја отвораат вратата со лева рака што им е поблиску до вратата. Но тоа е погрешно, бидејќи кога ја отвораме со десната рака, на овој начин ја вртиме главата нaстрана и има можност навреме да се види дали покрај автомобилот поминува велосипедист или мотоциклист кој би можел да биде соборен со отворање на вратата, или можеби друго возило што може да ја удри вратата или притоа некој да биде по вреден.

Во истата таа смисла, за совозачите се препорачува обратно отворање со левата рака.

Незгоди се случуваат почесто отколку што повеќето луѓе мислат. На пример, велосипедист не може да знае дека возачот ќе излезе од возилото во тој миг, ако возачот не гледа што се случува на патот, туку автоматски ја фаќа рачката на вратата со левата рака и ја отвора. Ова се секунди што можат да значат живот.

Отворањето на возачката врата со десната рака всушност го тера возачот да го сврти горниот дел од телото, а со тоа и патот е во неговото видно поле.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави видео во кое се појаснува како да се извади CommonPass, односно сертификат за патување:

https://fb.watch/7vieN9Ivr4/

Инаку, Европската комисија го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ, информира Министерството за здравство.

Според Здравство, ние сме прва земја во регионот чии сертификати ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.

Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле дозите против болеста одобрени од ЕУ. Со оваа одлука се гарантира дека сертификатите издадени од Република Северна Македонија ќе се сметаат за исти со Дигиталниот сертификат на ЕУ, а нашата земја официјално е поврзана со системот на ЕУ со сертификатот за болеста издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација, велат од Здравство.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »