Промовирани огласи »

Штом се одлучи да ја отвориш оваа содржина, веројатно си активен пребарувач на работа! За да ја направиме твојата потрага по совршеното работно место полесна, издвојуваме популарни огласи за работа во изминатава недела. Аплицирај денес и почни да чекориш кон твојот кариерен пат од утре!

Хотел Double Tree by Hilton на само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, безвременски дизајн и име кое означува бренд, отвори конкурс за вработување на 4 позици во различни сектори. Доколку имате желба да работите според светски стандарди и да го збогатите вашето резиме со искуство во угледна светска компанија разгледајте ги можностите кои се нудат во моментот  

ХОСТЕСА
ХОТЕЛСКИ НОСАЧ
ХАУСМАЈСТОР
ЕЛЕКТРИЧАР

А1 Македонија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници. Оваа недела вработува SALES ADVISOR.

Адева е ексклузивна технолошка мрежа на професионалци која ги поврзува најдобрите инженери во светот со водечки компании, организации и стартапи. Инженерската мрежа е дистрибуирана низ целиот свет, со инженери во повеќе од 35+ земји. Како компанија создаваат работно место од иднината што ја цени флексибилноста, автономијата и транспарентноста. Ако тоа звучи како нешто од што би сакале да бидете дел, аплицирајте за нивните отворени работни места ТУКА.

Со над 100 години технолошка иновација, KEMET ELECTRONICS помага да се направи широк спектар на производи во најбрзо растечките индустрии во светот. Во моментот се во потрага по

CUSTOMER SUPPORT REPRESENTATIVE
BUYER

За потребите на USAID Strengthening Resource Mobilization Activity потребни се КОНСУЛТАНТИ

НЕУРОМЕДИКА е во потрага по 4 различни профили со одлични услови за работа

АДМИНИСТРАТОР - ОПЕРАТОР
МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ
ОПШТ ДОКТОР
МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Ikonë Studio е основано во 2011 година од забавни луѓе со луди идеи, кои се исклучително страствени за својата работа.Неговата цел е развој на кинематографија и производство на ТВ реклами во Косово, фокусирани на млади филмски и меѓународни копродукции. Всушност моментално Ikonë Studio најголемата компанија за изнајмување на филмска опрема во Косово и професионални филмски услуги. Искористете ја можноста и аплицирајте за големиот број на отворени работни места за VIDEO EDITORS.

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во моментот вработува ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР и АСИСТЕНТ ВО СМЕТКОВОДСТВО

Koton Скопје интернационална компанија која успешно работи во Северна Македонија околу 7 години, распишува конкурс за ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ и АРАНЖЕР

Сите останати активни огласи, можете да ги погледнете на kariera.mk 

Промовирани огласи »

Пластичните кеси од 1 декември ќе се наплаќаат по 15 денари. Граѓаните се уште недоволно се запознаени со ова ново правило во однос на паметна употреба на пластичен отпад.

Иако на социјалните мрежи се коментира дека Македонците се познати по интензивна употреба на пластични кеси за различна намена, ретко кој тргнува во маркет или на пазар со сопствено кесе или торба, туку трговците им ги пакуваат прозводите во кеси или, пак, кесите се наплаќаат по симболична сума од 2 денари.

Според новите закони, покрај другите промени, од 1 декември годинава пластичните кеси кои граѓаните ги купуваат по продавници ќе чинат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината. Дел од граѓаните ја поддржуваат ваквата одлука и сметаат дека е во ред да се пазарува со платнена или хартиена торба која ќе си ја носат од дома, но има и такви кои сметаат дека многу попрактични се пластични кеси без оглед на штетата која ја предизвикуваат за животната средина долгорочно.

Еве ги ставовите на дел од граѓаните.

Во продавница 15 денари, но кај прозиводителите по старо. Единствен начин е престанок на производството, со тоа што сопствениците на производствените погони на пластични кеси и амбалажи да се обештетат, смета еден граѓанин.

„Две децении заговарам употреба исклучиво на хартиени кеси, ама бизниси се во прашање“, коментира друг граѓанин.

Дел од граѓаните сметаат дека пластичните шишиња и лименките треба да се забранат за употреба и се да биде во стаклено повратно шише.

„Колку планини треба да се изечат за да сите користиме хартиени кеси и колку ќе чини тоа, кога веќе и овие постојните се биоразградливи за 18 месеци“, смета една граѓанка.

„Не се тоа истите кеси - поцврсти и поголеми се и лугето си ги користат повеке пати. Не измислуваме топла вода, тоа се прави во поразвиените земји и лугето си одат во продавница со кесе или торба, кој бил барем во Лидл маркет знае. Навистина претеравме со кесите. Во врска со губрето и еколгијата сме на нула, ова е основно, уште многу можеме да направиме“, гласи еден мотивирачки став на граѓанка.

Останува времето да покаже дали македонските граѓани ќе успеат да се снајдат со рационалната употреба на пластичните кеси, односно дали повисоката цена ќе ја намали нивната употреба во секојдневието!

Исто така, од 1 декември 2021 година ќе се забрани за користење пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во земјава.

Промовирани огласи »

Неработен ден за сите граѓани на РМ е 11 октомври (понеделник), ова е Ден на народното востание што всушност е и продолжен викенд.

Празникот 23 октомври , Ден на Македонската Револуционерна Борба го “губиме” бидејќи се паѓа во сабота, а на 8 декември (среда) е “Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од католичка вероисповед – 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука.

Промовирани огласи »

На секого понекогаш му се случува да измисли изговор за да избегне појавување на работа. Но, до каде оди човековата креативност прочитајте во топ 10-те најсмешни изговори за недоаѓање на работа кои ги издвоивме за вас.

Ново научно истражување покажа дека дури 30 проценти од вработените, барем еднаш годишно, подлажуваат дека се болни или наоѓаат изговор за да не дојдат на работа.

Сепак, има и такви кои сакаат да ги комплицираат работите, па затоа менаџерите често ги фаќаат како лажат, наместо едноставно да кажат дека се болни, тие измислуваат едноставно невозможни причини.

Еден од нив му рекол на својот работодавец дека не може да дојде на работа затоа што прстот му бил заглавен во славината, додека на една жена и се слошило од премногу читање.

Иако мислиме дека сме виделе се, секогаш сме изненадени од нешто ново, поради што истражувачите издвоија 10 најсмешни изговори од луѓе кои се обиделе да не дојдат на работа:

– Не дојде на работа затоа што и се слоши од премногу читање – Алкотестот не му дозволи да го запали автомобилот – Има скршено срце – Заборавил дека го вработиле – Го повредил малиот прст – Кучето имаше нервен слом – Вработениот се вознемирил од тв серија – Ја каснала птица – Нејзината коса е портокалова откако се исфарбала сама.

Кој од овие изговори е најсмешен за вас? Дали и вие сте имале слични искуства?

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »