Промовирани огласи »

Доколку се уште барате работа, погледнете ги следните огласи кои добија најмногу прегледи во изминатата работна недела. Имајте на ум дека токму меѓу овие огласи може да се наоѓа вашата нова работна позиција! 

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, IT, канцелариски мебел, промоција и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп. Во моментот вработуваат ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ.

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa. Во моментот имаат отворени работни места во Скопје, Свети Николе, Битола, Гостивар и Прилеп, сите отворени можности погледнете ги ТУКА.

За сите оние кои бараат работа во Куманово, Compass Mananement International нуди одлични услови за работа во интернационална средина на следните позиции

Loan Processing Specialist
Dispatcher

НЕОТЕЛ ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 15 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, фиксна телефонија, изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема. 

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ТЕТОВО
АГЕНТИ ЗА ПРВО НИВО ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Телеком Србија, со влезот како нов оператор на нашиот пазар МТЕЛ, отвори огромен број на нови работни места кои кои разбудија голем интерес кај потенцијалните апликанти.  Моменталениот активен оглас е отворен за аплицирање до 14.10.2021 на следниот ЛИНК 

Прекрасниот хотел Double Тree by Hilton вработува на неколку различни позции и за истите може да ги погледнете деталите ТУКА

City Connect е брзорастечка компанија која врши контакт центар услуги за реномирани светски компании. За потребите на нивните клиенти, имаат потреба од агенти за грижа на корисници со германски и холандски јазик

ПАВ МОТИВИ, приватна агенција за вработување, работи во партнерство со своите клиенти и комбинација на доверливи високо квалификувани кандидати со кои преку специјални извори се обидува да испорача одлични работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени позиции. Во моментот примаат апликации за 11 различни работни места и компании со различни квалификации.

Fashion Group кој во своето потртфолио ги има некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други вработува на две места 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
АСИСТЕНТ ВО МАГАЦИН

КЕМЕТ Со над 100 години технолошка иновација, помага да се направи широк спектар на производи во најбрзо проширувачките индустрии во светот. За да се придружите на нивниот тим можете да аплицирате за отворено работно место на позиција R&D PRODUCT ENGINEER POWERTRAIN

Vox Teneo Македонија водечки бренд во iT индустријата со 6 отворени работни места 

JUNIOR PHP DEVELOPER 
INTERN .NET
SENIOR PHP DEVELOPER
FUNCTIONAL TESTER
FRONT END DEVELOPER
SCRUM MASTER

Промовирани огласи »

Ова е играње со глобалната економија, оценува американската ТВ станица “CNN” во денешниот коментар по повод несогласувањата меѓу републиканците и демократите во Конгресот да се крене лимитот на задолжување на владата, за да може да продолжи да ги подмирува своите финансиски обврски.

Соединетите Американски Држави одат кон провалијата бидејќи на Конгресот паѓа одлуката за кревање на плафонот до кој може да се задолжува американската влада. Ако работите тргнат наопаку, последиците ќе се почувствуваат далеку од границите на САД, се наведува во анализата на уредникот на “CNN”, Стивен Колинсон.

Со оглед на тоа дека американската влада троши повеќе од што заработува, би била принудена да престане со сервисирање на долгот – па исплатите на воените плати, државните пензии и други бенефиции би пресушиле.

А ако САД не можат да ги плаќаат каматите за своите долгови, каматните стапки за позајмување пари веројатно ќе пораснат – што значи дека ќе поскапат хипотеките, кредитите за автомобили и сметките за кредитни картички. Милиони Американци веројатно би ја изгубиле својата работа, а забавеното закрепнување од пандемијата би се урнало.

Со оглед на тоа дека стабилноста на американскиот долг е темел на глобалната економија, неизвршувањето на финансиските обврски на Вашингтон би можело да го фрли остатокот од светот во криза.

Непоимливите размери на ваквите последици се причината поради која завојуваните политичари во Вашингтон, во главно по периодот на тврдоглаво развлекување и изнудување на отстапките, обично постигнуваат консензус доцна навечер и изгласуваат кревање на горната граница на долгот. Но, овој пат е поинаку, се наведува во анализата.

Републиканците ја одбиваат оваа игра обвинувајќи ги демократскиот претседател Џо Бајден за неконтролиран раст на потрошувачката, кој дополнително ќе го зголеми националниот долг, кој моментално изнесува речиси 29.000 милијарди долари.

Нивниот став е длабоко лицемерен, смета уредникот на “CNN”. Како прво, нагласува тој, демократите неколку пати гласале со републиканците за зголемување на лимитот за задолжување под републиканските претседатели.

Уште поважно од тоа е дека лимитот мора да се зголеми за да се платат обврските кои самите републиканци ги преземале со гласањето за масовно намалување на даноците кои ги погодиле богатите за време на тогашниот претседател Доналд Трамп. Републиканците, според Колинсон, се однесуваат како државата една недела да се забавувала во Лас Вегас и сега одбива да ја плати сметката на кредитната картичка.

Но, републиканците сакаат да ги “измијат рацете” од одговорноста и ги обвинуваат демократите дека ја довеле државата до банкрот, бидејќи Бајден “турка” инвестициски програм од 4,0 билиони долари за преобликување на економијата за да им помогне на посиромашните Американци. Републиканците знаат дека демократите нема да имаат друг избор освен самите да го кренат лимитот за задолжување, и на крајот самите да ја платат политичката цена, стои во анализата на “CNN”.

Промовирани огласи »

Од утринава  биткоинот е со благ раст во цената. 

Најпознатата криптовалута, скокна за 3,3 проценти во последните 24 часа и сега се тргува по цена од 43,675 долари. Етерум во изминатите 24 часа доби 4,4 проценти, и сега се тргува за 3,039 долари.

Инвеститорите кои сакаат да купат ETF(exchange traded fund) за криптовалути, не мора да избираат помеѓу биткоин (BTC) или етериум (ETH) и неговите токени наречени етер, бидејќи новиот фонд кој ги има и двете криптовалути започна со тргување денес.

Промовирани огласи »

Од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, информира Министерството за образование и наука (МОН). Согласно условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021-2022 година, крајниот рок за аплицирање е 15 октомври.

Од Министерството посочуваат дека од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, а студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава – евидентен лист, и ја доставуваат потребната документација во Министерството за образование и наука.

МОН и Владата оваа година одлучија значително да ја променат политиката на стипендирање студенти, со цел да се излезе во пресрет на што повеќе млади, но и да добијат зголемени месечни износи со кои навистина ќе ја почувствуваат поддршката која државата им ја обезбедува во текот на образовниот процес. Па така, за најголем дел од категориите на студентски стипендии, месечните износи се зголемени, некаде и за над 80 отсто, соопштија од Министерството.

Дополнително, како што се наведува во соопштението, утре започнува и поднесувањето на документи за продолжување на правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите академски години, за што секој корисник кој ги исполнува условите од договорот потпишан со МОН, доставува потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80 односно 90 отсто, зависно од типот на стипендија кој го користи од предвидените испити.

Доставата на документите се врши електронски преку http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку студентот нема можност, истите ги доставува хартиено до МОН. Краен рок е 30 октомври 2021 година.МОН обезбедува поддршка при аплицирањето за секој заинтересиран кандидат за студентските стипендии преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк, посочуваат од Министерството.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »