Агент за продажба - Скопје

За компанијата: НЕОТЕЛ ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 15 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 9.2021
  • НЕОТЕЛ ДОО
  • Активен до 14.10.2021
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 025511156
  • Веб: www.neotel.mk
  • Facebook: neotel.mk

Активни огласи од НЕОТЕЛ ДОО:

Специјалист за продажба

НЕОТЕЛ ДОО Скопје како брзорастечки телекомуникациски оператор кој на македонскиот пазар нуди високотехнолошки услуги од областа на телекомуникациите има потреба од продажни агенти за Скопје.

Нудиме одлична можност за сите квалификувани и мотивирани кандидати со страст за продажба и желба за личен развој.

Краток опис на работните задачи и одговорности:

  • Директна презентација и промоција на услугите на Неотел
  • Теренска продажба
  • Грижа за клиентите и следење на реализацијата на договорите
  • Остварување на зададените продажни цели

Потребни вештини:

  • Завршено средно образование
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Одлични преговарачки способности
  • Развиени организациски и комуникациски вештини
  • Енергична, одговорна, посветена и исполнителна личност, способна за работа на терен
  • Претходно искуство во продажба ќе се смета за предност

Услови:

  • Флексибилно работно време
  • Право на бонус согласно постигнати резултати

 

Доколку имате интерес и се пронаоѓате себе си во опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате горенаведени карактеристики, испратете Ваша апликација со професионална биографија (CV) најдоцна до 13.10.2021 на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака – “За работна позиција Агент за продажба - Скопје”.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »