Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Неспорно е дека ИТ компаниите водат битка за освојување нови таленти, но секако и задржување на постојните квалитетни кадри. Статистиките велат дека домашниот ИТ пазар се соочува со дефицит на искусни ИТ професионалци, па овој факт само дополнително ја отежнува работата на голем број од ИТ компаниите. Во ова „море“ се издвојува македонската iGaming компанија за развој на софтвер за спортско обложување и онлајн казина, BtoBet, која нуди голем број предности за своите вработени, меѓутоа и негува компаниска култура каде се вреднува постигнувањето на тимот, но и на поединецот. Почнувајќи од професионалната надградба на вработените, преку креативната работна средина со бројни интерни дружби и настани, па сè до приватно здравствено осигурување, бесплатни членства во фитнес центри, здрави ужинки итн., компанијата континуирано се грижи за севкупната благосостојбата на своите вработени.

Извршниот директор на BtoBet, Зоран Спасов, во интервју за ИТ.мк вели дека компанијата е во постојана потрага на таленти, токму поради споменатиот дефицит на квалитетни ИТ кадри, но и со примарен фокус за задржувањето на квалитетните членови од тимот на вработени.

„Поефикасно е да се задржат квалитетните работници отколку да се регрутираат, обучуваат и насочуваат нови, заменски работници од исто квалитативно ниво. Поради ова, создадовме бенефициска програма за задржување на вработените којашто е од витално значење и во привлекување на новите, а секако и во задржување на клучните членови од нашиот тим на вработени“, вели Спасов појаснувајќи дека оваа програма не подразбира само можност за флексибилно работно време и далечинско работење, што е неспорно, туку и континуирано напредување во кариерата.

Компанијата, инаку, по шест години самостојно функционирање, во 2020 година стана дел од реномираната глобална групација Aspire Global, што донесе голем број позитивни промени, како на бизнис план, така и во однос на менаџирањето со човечкиот капитал.

„Тоа што BtoBet стана составен дел од Aspire Global отвори, исто така, огромен број можности и за нашите вработени. Вработените не само што сега работат во мултинационална и мултикултурна средина, туку ќе имаат континуирана можност да придонесат во успехот на тимот преку различни улоги соодветни на нивните дополнителни вештини“, потенцира тој.

Сепак, светот се соочува со глобална пандемијата, на која секако ниту македонските компании не останаа имуни. Ковид-19 на компаниите им наметна да ги променат своите рутини, меѓутоа Спасов вели дека како и многу други бизниси низ целиот свет во време на пандемија, така и BtoBet активно ја анализира ситуацијата и ги зеле предвид сите можности во смисла на правење на потребните адаптации за тимот да биде што поефективен и поагилен, притоа усвојувајќи пристап во којшто работникот е на прво место.

„Почнавме да размислуваме на подолг рок, вклучително и за алтернативни начини за структурирање на работната комуникација, работните часови, како и за физичко присуство. Во овој контекст, јас сум повеќе од задоволен од нашата конвергенција кон хибриден модел на работа, при што го комбинираме далечинското работење со канцелариската работа. Сега би се осмелил да кажам дека тоа што бевме принудени да се прилагодиме на овие никогаш претходно замислени околности, беше всушност светлата страна на пандемијата“, вели Спасов, потенцирајќи дека позитивниот фидбек што го добиваат од страна на вработените укажува на тоа дека компанијата, всушност, тргнала по вистинскиот пат.

Покрај менувањето на секојдневните рутини и работни операции, Спасов истакнува дека поради пандемијата iGaming индустријата била погодена и од бизнис аспект.

„Да започнеме со тоа дека обложувањето не е нешто што е измислено пред пет или десет години и постои во различни форми уште од раните цивилизации. Дали ова значи дека iGaming индустријата беше одмината од пандемијата? Дефинитивно не, туку беше директно погодена, особено во периодот кога беа откажани сите спортски настани“, вели тој.

Но, индустријата сама по себе е доста разновидна, така што таму каде што една активност се намалува, друга активност некако го компензира делот во застој. Всушност, iGaming индустријата е една од ретките што покажа „еластична“ природа во однос на нарушувањата предизвикани од Ковид пандемијата, а пак, оваа „еластичност“ е еден од клучните фактори што ги привлекува вработените во оваа индустрија.

Промовирани огласи »

Изиџет официјално од понеделник 1 ноември, ќе лета на релација меѓу Скопје и Женева, Швајцарија.

Македонскиот главен град ќе се поврзува со швајцарскиот град три пати неделно, односно секој понеделник, четврток и петок, од 1-ви ноември 2021 до 25-ти март 2022 година.

Првично на релацијата ќе има по два лета неделно, секој понеделник и петок, а од декември ќе има зголемување на три лета неделно. Летот ќе трае два часа и 15 минути.

Како што е наведено на веб стрницата на авиокомпанијата цената на билетот од Скопје за Женева доколку букирате лет за понеделник ќе ве чини 105 фунти (7.679 денари), а обратно 46,56 фунти (3.400 денари). Додека доколку букирате лет за 6- декември цената на билет од Скопје до Женева чини 18 фунти (1.316 денари).

Според анализите на ОАГ, во предпанде*ската 2019 година на релација Скопје – Женева индиректно патувале 3.923 патници, додека лани само нешто над 600 патници, пишува exyuaviation.com.

Како што изјавија претходно од Изиџет, оваа нова сезонска авиолинија ќе им овозможи на клиентите да ги посетат своите семејства и пријателите, или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети.

Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел.

Промовирани огласи »

Основачот на најпознатата социјална мрежа Фејсбук, Марк Зукерберг објави дека оваа компанија официјално го сменила името. Отсега се вика Мета.

Неговата последна објава за ребрендирање на компанијата, која ги поседува и Instagram и WhatsApp, предизвика конфузија и шпекулации на социјалните мрежи.

Засега нема повеќе информации колку се работело на промена на името – кога во јавноста стигна веста за ребрендирањето, медиумите објавија дека новото име не им е познато ниту на вработените во компанијата.

Марк Закерберг објави дека компанијата Фејсбук официјално го сменила името. Отсега ќе се вика „Мета“. Закерберг ги објави промените минатата недела и дека компанијата ќе доживее ребрендирање, па така компанијата која ги поседува и Instagram и WhatsApp ќе се вика Мета. Името „Мета“ се заснова на повеќекратните референци на Закерберг за „метаверзум“ и „Хоризонт“ како име за Фејсбук.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »