Промовирани огласи »

Изиџет официјално од понеделник 1 ноември, ќе лета на релација меѓу Скопје и Женева, Швајцарија.

Македонскиот главен град ќе се поврзува со швајцарскиот град три пати неделно, односно секој понеделник, четврток и петок, од 1-ви ноември 2021 до 25-ти март 2022 година.

Првично на релацијата ќе има по два лета неделно, секој понеделник и петок, а од декември ќе има зголемување на три лета неделно. Летот ќе трае два часа и 15 минути.

Како што е наведено на веб стрницата на авиокомпанијата цената на билетот од Скопје за Женева доколку букирате лет за понеделник ќе ве чини 105 фунти (7.679 денари), а обратно 46,56 фунти (3.400 денари). Додека доколку букирате лет за 6- декември цената на билет од Скопје до Женева чини 18 фунти (1.316 денари).

Според анализите на ОАГ, во предпанде*ската 2019 година на релација Скопје – Женева индиректно патувале 3.923 патници, додека лани само нешто над 600 патници, пишува exyuaviation.com.

Како што изјавија претходно од Изиџет, оваа нова сезонска авиолинија ќе им овозможи на клиентите да ги посетат своите семејства и пријателите, или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети.

Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел.

Промовирани огласи »

Основачот на најпознатата социјална мрежа Фејсбук, Марк Зукерберг објави дека оваа компанија официјално го сменила името. Отсега се вика Мета.

Неговата последна објава за ребрендирање на компанијата, која ги поседува и Instagram и WhatsApp, предизвика конфузија и шпекулации на социјалните мрежи.

Засега нема повеќе информации колку се работело на промена на името – кога во јавноста стигна веста за ребрендирањето, медиумите објавија дека новото име не им е познато ниту на вработените во компанијата.

Марк Закерберг објави дека компанијата Фејсбук официјално го сменила името. Отсега ќе се вика „Мета“. Закерберг ги објави промените минатата недела и дека компанијата ќе доживее ребрендирање, па така компанијата која ги поседува и Instagram и WhatsApp ќе се вика Мета. Името „Мета“ се заснова на повеќекратните референци на Закерберг за „метаверзум“ и „Хоризонт“ како име за Фејсбук.

Промовирани огласи »

Најголемиот трговски центар во земјава „East Gate Mall“ ќе биде отворен денеска. Нуди широк избор на уникатни 220 локални и интернационални брендови, а располага и со модерни кафетерии, посебен оддел за брза храна со капацитет за 800 посетители, хипер маркет, салони за бела техника и мебел и кино сали.

Обезбеден е паркинг простор за околу 2000 возила, а е единствениот мол во земјава кој е опкружен и со зелени паркови.

Трговскиот центар се наоѓа на местото на поранешниот Скопски саем и е на само пет минути од центарот на Скопје. Очекувањата се дека трговскиот центар ќе има околу 12 милиони посетители годишно, а закупците ќе остварат нето промет од 120 милиони евра.

Предвидено е да се отворат повеќе од 2500 вработувања пред се во секторот трговија, но и во услужните дејности и оние кои се компатибилни со трговијата.

Промовирани огласи »

Доколку сте во потрага по нова работа, во овој текст со сигурност ќе најдете компанија која ќе го привлече вашето вниманите и ќе ве натера да помислите за промена на вашето работно место. За оние кои моментално се без работа, даваме преглед и на работни места кои вработуваат итно.

PANDORA е основана во 1982 година со едноставна идеја: да ги славиме жените, нудејќи им прилика за лично изразување преку нашиот универзум на висококвалитетен и современ накит по достапни цени. Денеска PANDORA стана еден од најголемите светски брендови за накит, присутна во повеќе од 100 земји на шест континенти. PANDORA дизајнира, произведува и продава рачно доработен и современ накит од високо квалитетни материјали по достапни цени. Токму оваа компанија нуди можност за вработување на позиција ПРОДАВАЧИ

Винарија ТИКВЕШ е дефинитивно предводник во македонската винска индустрија, како и најстарата и најголемата винарница во регионот.Комбинирајќи ги придобивките од уникатното поднебје и идеалните услови за производство на грозје со иновативниот начин на размислување, долгата традиција и специфичната винска култура, Тиквеш создава светски признаени македонски вина со автентичен карактер. Во моментот на нашиот сервис за вработување е.со неколку оторени различни работни места и тоа:
РАКОВОДИТЕЛ НА МАГАЦИН
УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАР
ВОЗАЧ И УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАР ЗА ОХРИД

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нивните вработени им нудат динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим. Отворени работни места во моментот:
JUNIOR FRONT END DEVELOPER 
JUNIOR DATABASE PROGRAMER
JUNIOR SYSTEMS ADMINISTRSTOR 
ХИГИЕНИЧАР

Приватната агенција за вработување МОТИВИ во моментот има отворени многу работни места од различни сфери на работењето 
HOUSEKEEPER- deputy chief of Mission residence
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАРИ
ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАРИ
СМЕТКОВОДИТЕЛ/ЕКОНОМИСТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МАЛОПРОДАЖБА
АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА REBECCA, EAST GATE MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ARTHUR'S

Alocate Software, голема компанија од IT светот, во моментот пребарува апликанти за своите слободни работни места
SENIOR SOFTWARE ENGINEER 
TECHOPS ENGINEER

Ikonë Studio е основано во 2011 година од забавни луѓе со луди идеи, кои се исклучително страствени за својата работа.Неговата цел е развој на кинематографија и производство на ТВ реклами во Косово, фокусирани на млади филмски и меѓународни копродукции. Всушност моментално Ikonë Studio најголемата компанија за изнајмување на филмска опрема во Косово и професионални филмски услуги. Искористете ја можноста и аплицирајте за големиот број на отворени работни места за VIDEO EDITORS.

Жито маркети итно вработуваат пероснал за своите маркети во Ѓорче Петров и Петровец.

SportVision за своите салони во Скопје,, Тетово и Струмица бара мотивирани, млади и комуникативни луѓе кои би го збогатиле нивниот тим на продажен пероснал

Сите останати активни огласи може да ги погледнете на KARIERA.mk и да аплицирате со само еден клик!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »