Промовирани огласи »

Најголемиот трговски центар во земјава „East Gate Mall“ ќе биде отворен денеска. Нуди широк избор на уникатни 220 локални и интернационални брендови, а располага и со модерни кафетерии, посебен оддел за брза храна со капацитет за 800 посетители, хипер маркет, салони за бела техника и мебел и кино сали.

Обезбеден е паркинг простор за околу 2000 возила, а е единствениот мол во земјава кој е опкружен и со зелени паркови.

Трговскиот центар се наоѓа на местото на поранешниот Скопски саем и е на само пет минути од центарот на Скопје. Очекувањата се дека трговскиот центар ќе има околу 12 милиони посетители годишно, а закупците ќе остварат нето промет од 120 милиони евра.

Предвидено е да се отворат повеќе од 2500 вработувања пред се во секторот трговија, но и во услужните дејности и оние кои се компатибилни со трговијата.

Промовирани огласи »

Доколку сте во потрага по нова работа, во овој текст со сигурност ќе најдете компанија која ќе го привлече вашето вниманите и ќе ве натера да помислите за промена на вашето работно место. За оние кои моментално се без работа, даваме преглед и на работни места кои вработуваат итно.

PANDORA е основана во 1982 година со едноставна идеја: да ги славиме жените, нудејќи им прилика за лично изразување преку нашиот универзум на висококвалитетен и современ накит по достапни цени. Денеска PANDORA стана еден од најголемите светски брендови за накит, присутна во повеќе од 100 земји на шест континенти. PANDORA дизајнира, произведува и продава рачно доработен и современ накит од високо квалитетни материјали по достапни цени. Токму оваа компанија нуди можност за вработување на позиција ПРОДАВАЧИ

Винарија ТИКВЕШ е дефинитивно предводник во македонската винска индустрија, како и најстарата и најголемата винарница во регионот.Комбинирајќи ги придобивките од уникатното поднебје и идеалните услови за производство на грозје со иновативниот начин на размислување, долгата традиција и специфичната винска култура, Тиквеш создава светски признаени македонски вина со автентичен карактер. Во моментот на нашиот сервис за вработување е.со неколку оторени различни работни места и тоа:
РАКОВОДИТЕЛ НА МАГАЦИН
УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАР
ВОЗАЧ И УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАР ЗА ОХРИД

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нивните вработени им нудат динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим. Отворени работни места во моментот:
JUNIOR FRONT END DEVELOPER 
JUNIOR DATABASE PROGRAMER
JUNIOR SYSTEMS ADMINISTRSTOR 
ХИГИЕНИЧАР

Приватната агенција за вработување МОТИВИ во моментот има отворени многу работни места од различни сфери на работењето 
HOUSEKEEPER- deputy chief of Mission residence
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАРИ
ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАРИ
СМЕТКОВОДИТЕЛ/ЕКОНОМИСТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МАЛОПРОДАЖБА
АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА REBECCA, EAST GATE MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ ARTHUR'S

Alocate Software, голема компанија од IT светот, во моментот пребарува апликанти за своите слободни работни места
SENIOR SOFTWARE ENGINEER 
TECHOPS ENGINEER

Ikonë Studio е основано во 2011 година од забавни луѓе со луди идеи, кои се исклучително страствени за својата работа.Неговата цел е развој на кинематографија и производство на ТВ реклами во Косово, фокусирани на млади филмски и меѓународни копродукции. Всушност моментално Ikonë Studio најголемата компанија за изнајмување на филмска опрема во Косово и професионални филмски услуги. Искористете ја можноста и аплицирајте за големиот број на отворени работни места за VIDEO EDITORS.

Жито маркети итно вработуваат пероснал за своите маркети во Ѓорче Петров и Петровец.

SportVision за своите салони во Скопје,, Тетово и Струмица бара мотивирани, млади и комуникативни луѓе кои би го збогатиле нивниот тим на продажен пероснал

Сите останати активни огласи може да ги погледнете на KARIERA.mk и да аплицирате со само еден клик!

Промовирани огласи »

Животот е тежок, но и наградувачки за оние кои работат напорно. Има денови кога мислите дека сте дале максимум, но тоа не било доволно добро за вашите шефови. Клучот за справување со неуспесите на работа е како реагирате на нив и како ги користите за подобрување на вашите професионални вештини.  Oва се шест здрави начини да ги надминете неуспесите на работа и да ги поминете.

1. Прифатете ги вашите емоции

Во ред е да се чувствувате лошо и повредено веднаш по неуспехот. Веројатно ќе поминете низ мешавина на емоции - анксиозност, тага, срам, лутина, вина.Овие чувства се непријатни, но треба да си дозволите да ги доживеете некое време. 

2. Запомнете дека еден неуспех не ве прави неуспешни

Шокантно е како некои поединци можат да дозволат неуспесите да им го уништат животот. Кога имате неуспех, поставете си го ова прашање: „Дали еден неуспех значи крај на светот? Дали сите успешни луѓе никогаш немаат неуспеси во нивните животи?“

3. Не користете изговори за неуспех

Неуспесите се како огледало што можете да го искористите за да размислувате за вашите недостатоци. Не можете да користите безброј глупави изговори за да ги оправдате вашите грешки. Префрлањето вина на други луѓе или околности ве прави да изгледате како болен губитник и ве спречува да ве сфатат сериозно.

4. Мотивирајте се од познатите неуспеси

Кои се познати личности кои ве инспирираат? Тоа може да бидат спортски ѕвезди, филмски ѕвезди, политичари или претприемачи. Дали некогаш сте прочитале за тоа како тие се соочиле со неуспеси повеќе пати во животот само за да научат од нив и да излезат посилни и подобри? Ако не, тогаш направете истражување за нивните рани борби и катастрофални неуспеси со кои се соочиле и како се справиле со тие ситуации.

5. Продолжете напред 

Лесно е да се заглавите во вашиот неуспех и да дозволите негативните, самоуништувачки мисли да го контролираат вашиот ум со денови, недели, па дури и месеци, но наоѓањето решенија и донесувањето проектен план за да продолжите напред ќе ви помогне да излезете од рутината. 

6. Подобрете ја вашата самодоверба 

Ако имате висока самодоверба, ниту еден неуспех не може да ве повлече долго надолу и ќе можете брзо да се опоравите. Исто така, ви помага подобро да разберете зошто на прво место се случил неуспех. Не само што ја преземате одговорноста за вашите постапки, туку и можете да видите до кој степен другите се виновни. 

 

 

 

 

 

 

Промовирани огласи »

Бидејќи многу од нашето време го поминуваме на работа, патуваме до и од работа или размислуваме за работа, има голема  улога во нашите животи. Ако се чувствувате досадно или незадоволно од тоа како поминувате голем дел од денот, тоа може да има сериозна штета на вашето физичко и ментално здравје. Може да се чувствувате фрустрирани, вознемирени, депресивни или неспособни да уживате во времето дома знаејќи дека ви претстои уште еден работен ден.

За да ги надминете потешкотиите вие треба да се обидете да најдете некоја вредност во вашата улога. Треба да се фокусирате на тоа како вашата работна  позиција им помага или придонесува на другите.

Напрајте баланс во вашиот живот. Ако вашата работа или кариера не се она што го сакате, пробајте да најдете задоволство во  нешто друго, на пример во вашето семејство, хоби или интересите после работа.

Запознавајте нови пријатели на вашето работно место. Имањето силин врски на работното место може да ви  ја намала монотонијата на работа. Имајќи со кого да разговарате и шегувате во текот на денот може да помогне да се ослободите од стресот од работата која не ве исполнува.  Со ова можете да ги подобрите вашите работни перформанси или едоставно да издржете тежок ден.

Дали се соочувате секојдневно со потешкотии  и непријатности кога не ја работете работата од соништата, Дали некогаш сте посакале да ја смените сегашната професија но не сте имале можност?

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »