Промовирани огласи »

Владата на денешната осма седница донесе одлука до 28 февруари 2022 година да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи – лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата и тестенините.

Како што соопшти владината Прес-служба, со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст, како акциски попуст, снижувања или распродажба, кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа интервентна мерка на пазарот, која започна да се применува од 6 декември 2021 година ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година, се додава во соопштението.

Претходно, министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека ресорното Министерството доставило одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година. 

Промовирани огласи »

Во прилог издвојуваме огласи на неделата кои вреди да се погледнат и со сигурност ќе го побудат вашиот интерес.

Со нудење на сите услуги за управување со објекти, SE CLUB го координира дизајнот на градежните системи и опрема, сите активности кои ги зголемуваат постојните и потенцијалните способности на организациите, како и сите операции во врска со планирањето и работењето, и гарантира дека ќе биде омилен партнер на сите времиња со преземање сите одговорности на проектите во текот на времето. Во моментов има отворени работни позиции за во CEVAHIR SKY CITY 

ХИГИЕНИЧАР/КА 

ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

ПЕРСОНАЛ ЛТД, компанија во британска сопственост основана во 1998 година и која работи во Македонија од 2009 година, повторно се проширува и бара лица да обезбедат услуги за телефонска поддршка за нашите бизниси во UK ENGLISH SPEAKING TELEPHONE ASSISTANT и искусни програмери PHP PROGRAMMER.

Тиго Фајнанс е водечка компанија за финансиско работење во регионот, која обезбедува опсег на финансиски услуги, вклучувајќи краткорочни и лични заеми. Во моментов има отворени работни позиции кои може да ги погледнете ТУКА.

Ritello претставува најдобрата машина која работи на принцип со вода. Машина со која најлесно и најефикасно се чистат сите површини, елементи, предмети и воздухот во домот без притоа да испушта прашина и миризба. Германската компанија Librex L.L.C бара 30 агенти за продажба! Сите заинтересирани страни треба да се пријават преку оваа е-адреса [email protected]

BtoBet е пионер во технолошките решенија за спортско обложување и онлајн казино, обезбедувајќи наградувани решенија за спортско обложување и онлајн казино и целосен опсег на услуги за управување. Погледнете ги сите отворени работни позиции ТУКА.

PANDORA има потреба од ПРОДАВАЧ - СКОПЈЕ

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик има отворени работни места:

ИНЖЕНЕР ЗА СОФТВЕР ЗА ИНСТРУМЕНТ ТАБЛИ

ИНЖЕНЕР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ЈАЧИНА

ЖИТО маркети вработувааат продажен персонал за повеќе локации низ цело Скопје.

НЕХО ИСНИ фабрика за производство на сладоледи има потреба од вработување на ПАКУВАЧИ 

Сите останати огласи погледнете ги на KARIERA.mk

Промовирани огласи »

Видеото кое го објавил корисник на ТикТок, а на кое се гледа како управува со „мерцедес“ и вози со 130 километри на час низ скопските улици, предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Од снимката може да се види како во скопската населба Кисела Вода, возачот поминува на затворен семафор додека проаѓаат пешаци, а на друго видео се гледа како претекнува возила.

Инаку, за повеќе од една недела две лица загинаа на скопските улици, а трето вчера е прегазено и се бори за живот.

Промовирани огласи »

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот официјален фејсбук профил објави дека Министерството за економија доставило одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година. 

Владата на 4 декември минатата година донесе одлука со која ги замрзна цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата, со цената што ја имаа на 1 декември која ќе важи до 31 јануари 2022 година. Дополнително беше донесена и одлука да биде замрзната и цената и на оризот, тестенините и јајцата. Замрзнувањето на цените важеше во трговијата на мало и на големо.

Од Владата  тогаш најавија дека одлуката за определување највисоки цени на основни прехранбени производи, може да биде продолжена и по 31 јануари 2022 година ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »