За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851
повеќе за компанијата »РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ИНЖЕНЕР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ЈАЧИНА
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Пресметување равенки за јачина со цел да се определи оптовареноста на дел, подсклоп или на цело возило
- Правење пресметки на конечни елементи во доменот на еластичност, пластичност и замор на материјалот: meshes, constraints, load cases, анализа на сигурноста на пресметката, анализа на резултатите
- Рачни пресметки на јачина како проверка на резултатите (нивниот ред по големина)
- Изработување практични предлози и решенија во соработка со нашите конструктори
- Известување и презентирање на предлози и решенија
- Работа со проекти
- Навремени известувања на главниот инженер
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Диплома од постдипломски студии од областа на машинско инженерство со голем афинитет кон механика (на возила) и теорија на јачина
- Задолжително 3-5 годишно искуство со FEA пресметка на механички конструкции, подготвеност за учење на нашата специфична методологија за пресметување
- Поседува (академско) основно знаење на пресметки на конечни елементи и е способен да ги проверува овие пресметки со рачно пресметување
- Прецизно и внимателно работење
- Комуникативен и тимски играч
- Способен да комуницира на англиски (пишување, зборување, разбирање), познавање на холандски јазик ќе се смета за предност
ШТО НУДИМЕ:
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Разновидна средина на развој во која се претставени најразните инженерски дисциплини
- Допир со напредна автомобилска технолигоја којашто е управувана од брзото еволуирање на пазарот и сопствениот развој
- Проекти поврзани со јавен транспорт, e-mobility...
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина
- Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Краен рок за доставување на апликациите: 05.02.2022 година
Слични огласи »