За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851
повеќе за компанијата »РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Развој на embedded софтвер за целосно дигитални иснтрумент табли
- Анализа на потребите за тестирање и тест спецификации во соработка со тест инженерите
- Работа во Agile/SCRUM тимови за развој на софтвер според V-моделот
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Магистрирал, дипломирал, или стекнал еквивалентно работно искуство во областа на развој на софтвер по можност во автомобилската индустрија
- Искуство во апликативно програмирање за embedded системи со употреба моделно базиран дизајн (Simulink), или со PLC тип на јазици (logi.cad).
- Познавање на CAN, CAN протоколите (J1939, UDS, XCP), и CAN алатки (Vector canalyser, Canoe,…)
- Искуство во работење во Agile средина (SCRUM)
- Способен да проценува, да дава приоритет и да организира задачи самостојно
- Темелно познавање на општа електроника, електроника за возила како и тестирање на софтвер
- Способен да комуницира течно на англиски јазик (пишување, зборување, разбирање)
Ќе се смета за предност доколку апликантите:
- завршиле студии на ФЕИТ на смеровите КХИЕ или КСИАР
- имаат искуство со embedded софтвер за апликација на возила
- имаат практично познавање на Automotive Spice, развој на V-модел, ISO26262
- имаат искуство во HIL/SIL тестирање
ШТО НУДИМЕ:
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Разновидна средина на развој во која се претставени најразните инженерски дисциплини
- Допир со напредна автомобилска технолигоја којашто е управувана од брзото еволуирање на пазарот и сопствениот развој
- Проекти поврзани со јавен транспорт, e-mobility...
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина
- Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Краен рок за доставување на апликациите: 05.02.2022 година
Слични огласи »