Промовирани огласи »

Согласно Законот за работни односи  имате  право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена.

Според Законот годишниот одмор може да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година .

Во годишен одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Непријавените работници односно „хонорарците“ и други нетипични видови на вработувања не се предвидени во Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој ги користи услугите на оваа најзагрозена група работници  е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени.

Законот за работни односи предвидува прекршочна одговорност на сите работодавачи кои на вработените не им обезбедат годишен одмор во согласност со Законот  и не им издадат решение за годишен одмор кое служи и како доказ пред трудовата инспекција.

Секое користење на годишен одмор треба во секоја фирма да е според однапред утврден план за одмори и секако писмено да добиете документ за користење на годишниот одмор – потпишано од работодавецот и од вас како вработени.

Доколку според работните обврски мора да работите за празник работодавецот е должен да ви исплати празнична дневница.

Промовирани огласи »

Шефот можете да го прашате за покачување на плата само ако имате подготвен пристап. 

Сајтот Inc пишува што треба да одбегнувате. 

Не би требало да кажувате кои се вашите потреби. Ако имате деца и поголеми трошоци, тогаш ви требаат повеќе пари, но овој дел кај шефот ќе го прескокнете. 

Ако се споредувате себе со колегите тоа нема да има ефект.  

Треба да бидете најдобар работник во својот сектор. 

Дојдете рано на работа и веднаш почнете да работите. Бидете пример за другите. 

Бидете последни кои ги знаат најновите трачеви. 

Повеќето луѓе чекаат покачување за да работат повеќе, но вие треба да направите обратно, да работите повеќе за да заработите повеќе пари. 

Ако сето ова го направите, тогаш разговорот за покачување ќе биде полесен. 

Промовирани огласи »

Во текот на изминатите неколку години, видовме голем пораст на приватните компании во вредност од повеќе од една милијарда долари - стартапи кои цврсто чекорат кон успешноста и желба да останат приватни компании на врвот.

Ги издвојуваме најуспешните:

1. UBER 

https://www.uber.com/

Вредност: $68 милијарди

Извршен директор: Travis Kalanick

Највредното нешто за почеток на компанија во САД и ширум светот е мотивацијата. Uber е брилијатна идеја за компанија која всушност е база каде може да договорите превоз од едно на друго место во вашиот регион. Исто така и самите вие можете да бидете возач и да заработувате.

Надминувајќи ја вредноста на своите ривали, заработи неколку милијарди долари во последниве години, вклучувајќи $3.5 милијарди долари од  инвестициски фондови од Саудиска Арабија. Компанијата е исто така во потрага за нов Главен финансиски директор со искуство, што е знак дека оваа компанија инвестира во добар кадар без прекин.

2. AirBnb

https://www.airbnb.com
Вредност: $31 милијарди

Извршен директор: Brian Chesky

Технички директор: Nathan Blecharczyk

Airbnb е вториот највреден стартап во Америка. Имаше предизвици во 2016 година, но компанијата се уште е вториот најголем стартап во САД. Airbnb  е компанија која се занимава со сместување на луѓе од целиот свет низ целиот свет за одлична цена.

3. Pinterest  

https://www.pinterest.com/

Вредност: 11$ милијарди

Извршен директор: Ben Silbermann

Pinterest е популарна компанија за споделување на идеи и креативни решенија за сите сегменти од животот. Во последните години доживеа огромен успех кај младата популација.

Компанијата го прошири својот фокус во последниве месеци на странските пазари како на Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија и Бразил, и двојно повеќе го зголеми рекламирањето на својата платформа.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи информира дека на 13 јуни ќе организира јавна аукција и комерцијална продажба на голем број на предмети запленети од даночните обврзници.

На таа аукција ќе се продава државно градежно неизградено земјиште во Свети Николе за 65.000 евра, магацини во општина Чашка за 145.000 евра, мерцедеси од 1984-та, 1985-та и 1986-та година по почетна цена од од 1.000 до 1.500 евра, Шевролети за истата таа сума, како и Ситроен и КИА.

– За подетални информации во врска со учеството на електронските јавни аукции/слободни комерцијални продажби на движни и недвижни ствари, преземете го документот подолу и посетете го веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk. Преку веб порталот e-aukcii.ujp.gov.mk, можете да ги видите активните аукции, да разгледувате онлајн, како и да ги прегледате достапните аукциски производи (движни и недвижни работи), да се пријавите и учествувате во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.

За да учествувате на е-аукциите на УЈП, единствено што треба да направите е да се регистрирате како корисник на e-aukcii.ujp.gov.mk, информираат во УЈП.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »