Промовирани огласи »

Стриминг платформата Netflix нуди ризница од нови содржини за своите претплатници. Покрај премиерите, месецов на Netflix се или ќе бидат достапни и некои постари наслови кои сигурно со задоволство ќе ги прегледате.Почнуваме со новата сезона од историска драмска телевизиска серија Outlander.

Станува збор за ТВ серија која е базирана на бестселерите „Outlander“ од Дајана Габалдон. Приказната го следи животот на Британката Клер Рандал (Катрина Балф), медицинска сестра која била на бојното поле во Втората светска војна. Откако војната завршила, во 1945 година, таа и нејзиниот сопруг со кој во период од 5 години поминале само 10 дена заедно, решиле да одат на втор меден месец во Шкотска со цел од почеток да се запознаат. Но, по сплет на неверојатни околности, Клер мистериозно ќе биде вовлечена во минатото и ќе се најде во 1743 година, во еден свет кој е целосно вонземски за неа.

Кога Клер ќе се најде во средината на пресметка помеѓу војници од Англија и Шкоти, нејзиниот мозок прво ќе се обидува да бара логично објаснување за она што го гледа. Можеби сонува или пак, случајно се нашла во сцена од филм. Но, колку и да се обидува да се убеди дека станува збор за едно големо недоразбирање, сепак реалноста едноставно ќе почне да преовладува. Таа се наоѓа во минатото. И изгледа дека е во време во кое е многу опасно за една жена да биде сама. Таа за само неколку денови ќе биде нападната, ќе биде под закана и киднапирана.

За да преживее, Клер ќе мора да најде начин како да се адаптира на околината. Барем привремено додека не сфати како да се врати на местото кое ја доведе во овој хаос. Бидејќи е Британка, нејзините нови „пријатели“ Шкоти ќе се плашат дека таа е шпион, но од друга страна пак, измислената приказна за нејзиното потекло ќе фрли сомнеж за неа и во очите на Британците. Таа ќе се најде помеѓу две сосема спротивни страни, обидувајќи се да сфати каде би била побезбедна – помеѓу својот народ или пак, кај Шкотите.

Станува збор за приказна која е базирана на историски факти. Но, она што ќе ви го привлече и задржи вниманието кај оваа ТВ серија се неверојатните пејзажи, прекрасната музика и необичните традиции во Шкотска. Вие брзо ќе се заљубите во ова прекрасно место, но и во народот кој живее во него. Клер ќе ве одведе во свет кој на прв поглед е сосема ист како оној денес, но доколку подобро погледнете ќе сфатите дека сè е различно. И покрај бруталноста која владеела во 18-от век, сепак постои некаква привлечност во тој едноставен живот. А ова е една од причините поради кои ќе ја гледате секоја епизода во еден здив.

Промовирани огласи »

Понекогаш е очигледно дека е време да најдете работа, но во одредени случаеви и не е така едноставно. Секако, ако некој ви понуди значително добра понуда, сигурно дека нема многу да размислувате. Ако се среќавате со потешкотија во изборот на кариера во помала или поголема форма предлагаме да ги погледнете следниве одлични компании на KARIERA.mk при донесување одлука за кариера. 

АЛФИ БИ КОМПАНИ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна веќе 29 години. Лоцирани се во Куманово и Скопје, поради успешната работа и зголемената продажба нашиот тим продолжува континуирано да расте. 

ПЕРСОНАЛ ЗА КАФЕТЕРИЈА (СКОПЈЕ)

КАСИЕРИ (СКОПЈЕ)

ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА (СКОПЈЕ)

Ресторанот "Ѕвезден Океан" се наоѓа во срцето на главниот град. На само една минута пешачење од Соборниот храм, позади Домот на градежници ќе го најдете местото што ги крие тајните на здравата исхрана. Нашите гости се луѓе кои знаат да уживаат во својот оброк и сакаат да јадат свежа и вкусна храна. Погледни ги сите отворени работни места:

МАРКЕР НА ХРАНА ВО КУЈНА

КЕЛНЕР/КЕЛНЕРКА 

ШАНКЕР/КА НА БИФЕ СО ГОТОВА ХРАНА

ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста на градењето на врската помеѓу клиентите и кандидатите, што ни помага да создадеме одлични услови за вработување, а при тоа не компромитирајќи го квалитетот. Резултатот го докажуваме со користење на најновата технологија и со постојано прилагодување на потребите на пазарот. ПАВ Мотиви за потребите на своите клиенти има потреба од:

АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕРЕН (ТЕТОВО)

ADVISOR (GERMAN SPEAKING) 

SALES REPRESENTATIVE 

АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕРЕН - СКОПЈЕ

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач на автомобили посветен на испорака на нови решенија и технологија за мобилност што ќе го променат светот. Нашите производи може да се најдат на повеќето возила денес и доаѓаат од 343 производствени операции и 91 развојни, инженерски и продажни центри на производи во 28 земји. Имаме над 158.000 вработени фокусирани на испорака на супериорна вредност на нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од светска класа. Во моментот вработуваат на следниве работни позиции:

PRODUCTION PLANNER AND PROCUREMENT

FACILITY TECHNICIAN

Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето на имплементацијата на новите технологии, како и квалитетот на контакт центарот и аутсорсинг услугите. Вклучувајќи го меѓународното знаење на групата со локалната експертиза на компанијата, Mellon Solutions е уникатно позициониран за да ги олесни сигурните и трансформирачките трансакции. Во моментов се во потрага по телефонски оператори.

Финансиско Друштво Флекс Кредит е водечки играч во делот на брзи кредити во Романија, Бугарија, Северна Македонија, а наскорро Босна и Херцеговина. Нашата компанија спроведува политика на иновации и верува дека личниот развој е најважен. Затоа се осмелуваме да се наречеме привлечен работодавец за сите оние кои се потрага по нив предизвик. Согласно брзиот раст на компанијата како и тековните потреби ,процеси и активности на Флекс Кредит на територијата на Северна Македонија, објавува оглас за работна позиција: 

КОНСУЛТАНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ - НЕГОТИНО 

ТИМ ЛИДЕР - ФИЛИЈАЛА ВИНИЦА 

ТИМ ЛИДЕР-ФИЛИЈАЛА КУМАНОВО 

КОНСУЛТАНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ - КАВАДАРЦИ

Ресторан Еквилибриум се наоѓа во скопската населба Аеродром, нуди уникатно искуство, не само поради мирната тераса туку и поради најинтересните ентериери за ресторани, исполнети со пријатни звуци на музика и релаксирачки амбиент. Секоја вечер во Equilibrium има жива музика (амбиентален џез, поп, рок) и пријатна атмосфера каде можете да ја вкусите гастрономската магија на нашите шефови или да уживате во врвните вина. Нашите готвачи ќе се потрудат максимално професионално да излезат во пресрет на сите ваши барања. Моментално има отвoрени работни места поради зголемен обем на работа: 

ВОЗАЧ/ДОСТАВУВАЧ

КЕЛНЕР/КА 

ГОТВАЧ/КА 

САДОПЕРАЧ/КА 

ПОМОШНИК ВО КУЈНА 

САЛАТЕР/КА 

ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на физички лица на наједноставен и најбрз начин. Погледни ги сите отворени работни места ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.  

IDENTITY & ACCESS MANAGEMENT 

E-COMMERCE EXPERT 

SALES ADVISOR

LOGISTICS SAP SPECIALIST

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција: 

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ

ТЕХНИЧАР ВО ПРОИЗВОДСТВО

Стокомак е ланец на дисконтни маркети кој работи по концептот хард-дисконт. Поради проширување и отварање на нови работни позиции, Стокомак има потреба од: ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА

COMPASS MANAGEMENT INTERNATIONAL како лидери во транспортната индустрија, имаме за цел да направиме се што можеме за да им олесниме на нашите клиенти да го водат својот бизнис. Со желба да обезбедиме најдобра и комплетна услуга за нашите клиенти, за нашата подружница Компас Јунајтед Кариер сега ангажираме искусен диспечер за транспорт на камиони и ASSISTANT ACCOUNT EXECUTIVE за канцеларијата во Куманово.

 БИГ БИЗНИС СОЛУШНС вработува МАРКЕТИНГ АГЕНТИ со познавање на германски, италјански и шпански јазик.

Компанијата “БРАКО” е основана во 1947 година во Велес Р.Македонија. Со достигнувањето на производството од 1400 тона на жичани производи месечно, на почетокот од 2005 година, компанијата “БРАКО”, се наметна како сериозен лидер во производството на жичани производи во државата , и во региононот. Во моментот вработува ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА И ПОСТ ПРОДАЖБА НА ВОЗИЛА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИ И ЈАВНИ ПОВРШИНИ

Друштвото за Градежништво БЕТОН – Акционерско Друштво – Скопје е градежна компанија, која е основана во далечната 1947 година со интеграција на неколку мали и слабо опремени тогашни претпријатија. ДГ Бетон АД Скопје има потреба од : Менаџер за договори

Сите останати огласи погледнете ги на KARIERA.mk.

Промовирани огласи »

Владата предлага закон со кој ќе се озвоможи декларативна промена на полот. Нацртот кој наскоро ќе биде претставен пред пратениците во Собрание го содржи знамето на ЕУ. Во Законот за матична евиденција, Владата предлага да се додаде одредба со која се овозможуваат истополови бракови и со различен пол (во законска смисла).

Закон за матична евиденција, член 1-а, точка 8

Родов идентитет “– претставува внатрешно и индивидуално доживување за род на секое лице, кое може или не кореспондира со полот кој што е одреден со раѓање, вклучително личното чувство за телото и други манифестации на родот, како што се: име, облека, говор и манири.

Со предложените одредби се олеснува постапката со тоа што се сведува на декларирање од страна на личноста и заверување на нотар.

Закон за матична евиденција, член 19-в

Копија од лична карта на барателот за правно признавање на родот, изјава од барателот за правно признавање на родот заверена од нотар во форма на нотарски акт дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање.

Од Алијанса за Албанците, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го поддржат законот

Целиот текст прочитајте го на Алсат со клик ТУКА.

Промовирани огласи »

Понекогаш има потреба да се провери брзината на Интернет, можеби само од љубопитност или под сомнение за нејзино опаѓање заради вина на давателот на услугата. За вакви случаи, постојат многу различни страници кои нудат толку потребна функција. 

Speedtest.net е услуга која има оригинален интерфејс, и покрај проверка на брзината, исто така обезбедува и дополнителни информации.

Одете во услугата Speedtest.net. На страницата што се отвора, кликнете на копчето „GO “ да започне со тестирање. Покрај индикаторите за брзина, ќе го видите и името на вашиот провајдер, IP адресата и името на хостинг. Целиот процес треба да трае помалку од една минута, а вие гледате како се одвива во реално време.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »