Промовирани огласи »

Знаењето како да направите добра презентација е неверојатно корисна вештина што треба да ја имате, особено затоа што 55% од ефективната презентација се сведува на невербална комуникација. Ги собравме најдобрите совети за професионално правење презентации и водич чекор-по-чекор за тоа како да направите презентација што ќе ја задржи вашата публика од почеток до крај.

1. Изберете ја темата на вашата презентација внимателно

Изборот на темата на вашата презентација е веројатно еден од најважните делови во креирањето на презентацијата. 

2. Истражувајте ја вашата тема и дознајте што може повеќе 

Кога ќе дојде време да презентирате треба да се чувствувате сигурни во себе и во своите способности за да ја освоите довербата на публиката.

3. Размислете за вашата публика и зборувајте на нивниот јазик.

Не само што треба добро да ја знаете вашата тема на презентирање, туку исто така треба да ја знаете и проучите вашата идна публика. 

4. Користете PowerPoint доколку сте во можност

Иако некои презентери воопшто не ја сакаат оваа алатка, сепак таа е создадена за презентации и користејќи ја ќе осигурате јасна и прецизна структура на она што сакате да го кажете.

5. Ограничете ја количината на текст на вашите слајдови

Бидејќи сме на тема да не ја преоптоваруваме вашата публика со премногу информации, одлична идеја е да се обидете да го задржите вашиот текст на околу 6-8 линии по слајд.

6. Користете го раскажувањето во ваша корист

Луѓето се повеќе склони да се сеќаваат на приказните што ги допреле, наместо статистиките наведени на слајд.

7. Вклучете примери

Вклучувањето на бројки и податоци во вашата презентација е одлично, но ако не ги поврзете тие информации со реалниот свет вашата публика може да се изгуби.

8. За крај подгответе прашања кои предизвикуваат размислување

Ние луѓето сме љубопитни суштества кои сакаат да учат. Еве неколку идеи: Дали некогаш сте пробале…? Што би направиле ако…? Зошто мислите така…?

Подготвени сте да направите моќна презентација?
Создавањето влијателна презентација бара внимателно планирање, внимание на деталите за содржината и добро око за дизајн. Но, дури и најдобрите презентации може да пропаднат ако не се вежбаат и испорачуваат правилно.

Промовирани огласи »

Во вторник, петок и деновите од викендов пензионерите повторно ќе може бесплатно да се возат со ЈСП-Скопје. Мерката ќе стартува до крајот на месецов, а за истата од буџетот на Град Скопје ќе се потрошат 650.000 евра.

Бесплатниот превоз во овие денови важеше и пред почетокот на корона пандемијата, по што беше стопиран поради заштита од ширење на коронавирусот.

Граѓаните, дел ја оправдуваат оваа „привилегија“ за пензионерите, дел советуваат дека бесплатен превоз треба да има и за лицата со минимални плати кои со јавен превоз патуваат кон работното место и назад.

И јас мислам дека на тие со малите плати треба да се возат бесплатно, а не пензионерите. За пензионерите превозот не е неопходен, вели еден граѓанин.

  • Јас сум пензионерка и не трчаме по автобуси. Мислам за оваа категорија не е добро да одат по автобуси и да се изложуваат на ризици, советува една повозрасна скопјанка.
  • Еден пензионер прима минимални 12.000 денари, четиричлено семејство, работничко еве 40.000 денари и ај сега кој е загрозен? Со деца со милиони трошкови неисполнети желби, неспоредливи трошоци. Затоа велам за работниците со ниски примања ништо нема да им значи да си купат пензионерска карта или да си платат ако одат на лекар, а работниците секој ден мора да одат на работа па ај спореди, констатира друг граѓанин.
  • Сите треба да се возат бесплатно, а тој што сака да плати нека го донира платениот билет во буџетот на градот. Да ја видиме свеста на тие што имаат високи плати и пензии, е предлог на еден граѓанин. 
  • Пензионерите имаа безпари, него дај безпари на невработени, за студенти, средношколци (особено и во летен период тие што одат на пракса имаат потреба од автобус ), на мајки со мали деца кои имаат потреба да користат јавен превоз (немаат може автомобил или не се возачи) или кога веќе ни ова не одговара, да се намали цената на превозот да биде како на времето 25 денар, вели еден скопјанец.
  • Добра идеја е бесплатно да се возат тие што се на минимална плата, а за пензионерите четири бесплатни возења, а не четири дена, па да не може да се влезе од гужва, вели една млада скопјанка.

Промовирани огласи »

Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. Континуирано воведува нови производи во асортиманот како што се: замрзнато овошје и зеленчук, лиснато тесто, замрзната риба, млечни и кондиторски производи. Уникатни, секогаш достапни, иновативни, креативно-тимски тоа е Цермат препознатливата формула за успех. Во компанијата владее европскиот дух, современ начин на функционирање и уникатен животен стил.

Моменталнот вработува на следниве работни позиции:

АСИСТЕНТ ЗА КОМЕРЦИЈА И ИЗВОЗ - БИТОЛА 

ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО - БИТОЛА

АСИСТЕНТ НА КАНЦЕЛАРИЈА - БИТОЛА 

СТРУЧНО ЛИЦЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВО ПРОИЗВОДСТВО - БИТОЛА 

ВИЛУШКАРИСТ - БИТОЛА 

ТЕХНОЛОГ - БИТОЛА

СМЕТКОВОДИТЕЛ - БИТОЛА 

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - СКОПЈЕ

ДИСТРИБУТЕР/ ДОСТАВУВАЧ - СТРУМИЦА


 

Промовирани огласи »

Докторката Марија Гњатовиќ од српскиот Институт за примена на нуклеарна енергија, тврди дека еден од соевите на коронавирусот дава најсилен и најстабилен имунитет, споредено со сите други. 

Таа напоменува дека пациентите кои прележале омикрон, а истовремено имаат примено две дози на вакцина, можат да сметаат дека имаат посилен имунитет од оние кои прележале омикрон, а не се вакцинирани или пак, кои прележале друг сој, без разлика дали се вакцинирани или не. 

Според повеќе студии, меѓу кои и истражување на 500 доброволци во Србија, во истиот Институт, се покажало дека имунолошкиот одговор кај оние кои биле изложени на омикрон е доста постабилен споредено со претходните соеви. Според докторката, меѓу испитаниците имало и пациенти кои се заразиле по помалку од шест месеци од целосна вакцинација. 

Според докторката Гњатовиќ, делтакрон има сличен С-протеин како омикрон, па со оглед на сличноста, а и дека голем дел од населението има прележано или делта или омикрон, или и двете, се очекува да биде помалку ризичен за луѓето. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »