ИЗИКП

ЕМБС: 7440340
Индустрија: Градежништво
Адреса: Живко Чинго бр.16
Град: Скопје
Веб: msz.izikp.mk/
Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени (ИЗИКП) е првиот
приватен научен институт кој е запишан во Регистарот на субјекти кои вршат научноистражувачка дејност кој го води Министерството за образование на Република
Северна Македонија и во целост ги исполнува условите за издавање на мислењата
согласно членот 4-а од Законот за градење.
ИЗИКП ги изработува сите три потребни мислења дефинирани со Законот за градење
кои се неопходни за издавање на одобренијата за градење и одобренијата за пуштање
во употреба на објектите.
Исто така, Институтот е опремен (кадровски и материјално) и изготвува Елаборати за
сеизмичност на локацијата (за градби од високоградба од I категорија и вон категорија
за инженериски објекти) кои што Правилниците ги пропишуваат како неопходни за
проектирање на овој вид на градби (згради со простории за собирање на голем број на
луѓе – училишта, театри, кино и спортски сали и сл., згради чија што функција е од
пресудно значење после земјотрес – болници, противпожарни објекти и сл., згради
опремени со скапоцена опрема, музеи, енергетски објекти со голема инсталирана моќ,
високи брани, индустриски оџаци и разладни кули, мостови и вијадукти со распони
поголеми од 50 м., насипи на сообраќајници повисоки од 20 м., сложени
конструктивни системи на објекти и сложени услови на фундирање, како и други
објекти чие што рушење може да нанесе големи материјални штети на пошироката
заедница)

Моментално нема активни огласи.




барај огласи за вработување » барај останати огласи »