КБ Прво пензиско друштво
ЕМБС: 5990815
Индустрија: Финансии и банкарство
Адреса: ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 6
Град: Скопје
КБ Прво пензиско друштво произлезе од реформите во пензискиот систем во Република Северна Македонија и негова основна дејност е управување со пензиските фондови.
Нашата цел е да создадеме вредност за членовите на фондовите со кои управуваме, да ги заштитиме нивните интереси, да овозможиме сигурност на нивните средства и да создадеме профит со соодветно инвестирање.
Нашата визија е КБ Прво пензиско друштво да биде лидер на пазарот на пензиското осигурување во Република Северна Македонија, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност и професионалност во работењето, со единствена цел остварување добробит за сите свои членови.
Работејќи на остварување на својата цел, КБ Прво пензиско друштво, на сите сегашни и идни членови на фондовите им нуди:
СИГУРНОСТ – работејќи во согласност со строгите законски одреби како и поради контролата од страна на институциите кои се инволвирани во реформираниот пензиски систем (Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Банката чувар)
СТАБИЛНОСТ – затоа што КБ Прво пензиско друштво произлегува од партнерството на Skupina Prva zavarovalniski holding d.d. Ljubljana и Комерцијална банка АД Скопје, кои создадоа идеален спој на сигурност со голема банкарска традиција, знаење и искуство во управување со пензиски фондови;
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – затоа што со Друштвото раководат искусни и стручни лица, а негова основна дејност е управување со пензиски фондови
ОРГАНИЗИРАНОСТ И ДОСТАПНОСТ – затоа што располага со широко распространета мрежа на обучени агенти, преку кои секој граѓанин може да дојде до точни информации за производот што го нуди
ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – затоа што секогаш е отворено за комуникација и достапно за членовите кои во секое време имаат увид во своите средства и нивното оплодување
Во конкурентскиот настап на друштвата на пазарот, КБ Прво пензиско друштво се однесува коректно, почитувајќи ги принципите на добро деловно однесување и фер игра.
Моментално нема активни огласи.