Kinosens 7D -Skopje

ЕМБС: 6787150
Индустрија: Трговија
Адреса: 29-ти Ноември бр. 31/15 - Центар
Град: Скопје
“7D“ забавно - едукативниот центар е лоциран во “Веро Центар“ (2. кат). Во рамки на центарот функционираат неколку целини наменети за деца, тинејџери и возрасни лица, меѓу кои и простор за забава со голем избор реквизити соодветни за различни генерации, 7D симулатор, аркадни игри и кафе-бар.На репертоарот се кратки анимирани филмови кои се емитуваат по ваш избор, но покрај тоа 7D нуди и можност за организирана забава. Просторот овозможува организирање на роденденски забави и нуди различни роденденски понуди кои покрај билети за проекциите вклучуваат и интересно мени по ваш избор.
Киносенс ја донесе кај нас најновата технологија на проектирање на филмови во 3Д, сето тоа збогатено со дополнителни ефекти кои даваат единствено филмско доживување. Оваа технологија направи гледачите да излезат од улогата на набљудувачи и вистински да “влезат” во филмот, чувствувајќи движења и сензации кои соодветствуваат со она што се случува во филмот. Тука се аромите, вибрациите, чадот, ветрот, капките дожд кои паѓаат на вашето лице, снегот, допирите – низа ефекти кои го прават ова “возење” незаборавно искуство како за децата, така и за возрасните.
Повеќе информации: www.7d.mk

Моментално нема активни огласи.




барај огласи за вработување » барај останати огласи »