ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Соработник во контакт центар
- Ги прима дојдовните повици во Друштвото, обезбедувајќи квалитетна услуга и поддршка на клиентите преку идентификување на потребите на клиентите;
- Организира и дава информации на клиентите во врска со генерални информации за производите, како и други информации кои може да ги има клиентот и/или организира обезбедување на тие информации од страна на надлежните организациони единици во Друштвото;
- Прима и поплаки на клиентите во врска со услугите на друштвото и обезбедува нивно соодветно информирање и пренос на истите до надлежните организациони единици согласно интерни акти;
- Врши анализи и го организира процесот на услуга на клиентите во однос на продуктите на друштвото, особено продуктот за доброволно приватно здраствено осигурување, ги документира сите интеракции со клиентите и дава препораки за подобрување на процесот кога е потребно;
- Дава техничка поддршка на клиентите;
- Врши и други работи од оваа област по барање на претпоставени лица.
Потребни квалификации и карактеристики:
Универзитетска диплома
Задолжително познавање на македонски и англиски јазик, турски или албански јазик ќе се смета за предност,
Ориентираност кон клиенти;
Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
Способност за тимска работа;
Способност да учи и да се надоградува;
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на “Соработник во контакт центар”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.