Office manager

Друштвото за архитектура, урбанизам и инженеринг ТЕТРАКТИС Кристијан ДООЕЛ од Скопје објавува оглас за вработување за позиција – Office manager (1 лицe)

Потребни квалификации:

-              ВСС – економски факултет ќе се смета за предност

-              Работно искуство на иста или слична позиција

-              Познавања од организација на канцелариско работење и основи на сметководство

-              Одлично познавање на англиски јазик

-              Напредно познавање на работа со компјутери, интернет и Microsoft Office програмите

-              Возачка дозвола Б категорија

Потребни вештини, познавања и карактеристики:

-              Познавања од архивско работење, одржување на архива и водење на деловодна книга

-              Организација на состаноци, прием и пречекување на клиенти

-             Прием и проследување на повици и документи

-              Координација и менеџирање на канцелариските процеси

-             Набавка на канцелариски материјали

-              Административна финансиска евиденција, координација со сметководство и банки

-              Подготовка на понуди, дописи, известувања и останата деловна коресподенција

-              Евиденција, следење и имплементација на законски процедури во областа на човечки ресурси

-              Останата административна поддршка

-              Деловна коресподенција и ефективни комуникациски вештини

-              Одлични организациски и аналитички способности, иницијативност, доверливост, способност за решавање на конфликти, способност за работа под притисок

-              Подготвеност за работа во дадени рокови

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) на е-маил адресата [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »