СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АНАЛИЗА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИ ТРОШОЦИ

  • Објавен на 12.2022
  • Wabtec MZT
  • Активен до 22.12.2022
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/2581-392
  • Веб: www.wabtec.com

Активни огласи од Wabtec MZT:

МАГАЦИОНЕР

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, поради проширување на својот тим во секторот Производен Инженеринг има потреба од:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АНАЛИЗА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИ ТРОШОЦИ

За позицијата:

Собира, обработува, анализира и известува за сите трошоци поврзани со процесот на производство и овозможува финансиска поддршка за проекти.

 

Главни одговорности:

  • Собира податоци за искористеност на опремата, истите ги внесува во ЕРП систем, прави анализа на внесените податoци и подготвува дневни и месечни извештаи согласно барањата и потребите
  • Подготвува извештаи за искористеност и ефикасност на директните извршители врз база на внесени податоци во ЕРП системот или други документи кои ги има на располагање
  • Континуирано ги следи, собира и обработува сите податоци поврзани со трошоци на производство. Креира, одржува и дневно ажурира база на основни категории трошоци.
  • Пресметува цена на чинење на производите за потребите на менаџментот и продажбата.
  • Известува за трошоци поврзани со: набавката на материјали, начинот на обработка, директните и индиректните трошоци на производството, доработките, шкартот, персоналните трошоци, рекламациите, трошоците настанати по основа на гаранции.
  • При пресметките изнаоѓа и применува напредни методологии за инженеринг на трошоци.
  • Изготвува редовни аналитички извештаи.

Потребни квалификации:

Дипломиран економист, машински инженер или сродно образование.

Познавање на Англиски јазик – задолжително.

Предност -  2 години работно искуство, работа во ЕРП систем

Нудиме:

  • Компетитивни редовни месечни примања во зависност од знаењата и искуството
  • Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
  • Пријатна и безбедна работна средина

Вашето CV испратете го на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Контакт телефон за повеќе информации: 02/2581-362

*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју. 

**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »