Дадилка - полно работно време

Активни огласи од Бејбиситинг Сервис Скопје:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК - Можност за пријавување

Бараме талентирани личности кои ќе станат дел од нашиот тим

Бараме личност со амбиција и желба да ни се придружи во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца. Ние сме компанија основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме различитост и индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Модерно и современо време е исполнето со предизвици како за децата така и за родителите и нашиот тим е посветен да пружи висококвалитетна услуга кон нашите клиенти.

Нашата компанија расте и за потребите на нашите клиенти и нашата агенција објавуваме оглас за вработување на

ДАДИЛКА – негувателка на бебе(6 месеци) во домот на семејство, реон Бутел, полно работно време 09:00 - 17:00 часот

Плата по договор (почнувајќи од 14 000 МКД па нагоре, зависно од кандидатот и неговото искуство)

Мајката ќе биде во домот, дадилката ќе и помага 

Дадилката ќе биде вклучена во сите активности коишто се однесуваат на грижа и нега на детето во домот на семејство, вклучувајќи секојдневна (понеделник-петок) грижа и нега на детето, едукативни активности и придружување на детето. Секое семејство има различни побарувања и очекувања, што значи дека и секоја негувателка има релативно различен фокус во својата работа. Возраст на детето, начин на исхрана, омилени активности или посебни потреби се фактори кои имаат влијание на организација на секојдневните активности. Меѓутоа без оглед на посебните услови, висококвалитетна грижа и нега на детето е приоритет за секоја дадилка.

Клучни одговорности на дадилката:

  • Грижа и нега на детето на возраст од 6 месеци

  • Хранење, стерилизација на шишиња

  • Подготовка на оброци за детето и хранење

  • Бањање, облекување и пресоблекување

  • Овозможување на едукативни игри согласно возраста и развој на детето

  • Одржување на детска соба и простор за играње

  • Грижа за играчки и детски алишта

Квалификации и вештини:

  • Минимум средно образование ( високо образование и насочено образование ќе се смета за предност)

  • Одлични комуникациски вештини

  • Препораки од претходни работодавачи

  • Минимум 2 години претходно искуство како негувателка (во градинка или домот на семејство)

  • Посветеност на професијата, континуирана едукација и напредување

  • Познавање на странски јазик ќе се смета за предност

Нудиме:

Ние нудиме можност за долгорочно вработување, напредување и надоградување. Дадилките во агенција имаат можност за соработка и работа во странски и домашни семејства. Надоместоци и плати во нашата агенција се мотивирачки и вклучуваат освен плата и можност за едукација и присуствување на домашни и меѓународни обуки во наведена област. 

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 25 мај 2017 година.

Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.

info@babysittingmk.com

contact@babysittingmk.com

www.babysittingmk.com

КЛИКНИ