Референт за теренска наплата на долгови

За компанијата: Еазу Фајнанс АД е Финансиско Друштво основано 2018та година во Република Македонија. Компанијата е насочена кон пазарот на брзи кредити и е еден од лидерите. Знаеме дека секој заслужува почит и разбирање... повеќе за компанијата »

Финансиското Друштво ЕАЗУ ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција која обезбедува отворени услуги на своите клиенти. За краток временски период, компанијата се докажа како сигурен и чесен партнер кој придонесува за развој на секторот преку одговорност и професионализам.
Веруваме дека сите заслужуваат пристап до пари на пристоен начин.

ЕАЗУ ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје бара одговорна и амбициозна личност за позицијата:

Референт за теренска наплата на долгови/машко

Посетување и потврдување на валидноста на адресите на должниците.
Разговор со должниците со цел да се најде заедничко решение за плаќање на долгот надвор од постапка за присилна наплата и согласно внатрешните политики, процедури и стратегија на Друштвото.

Она што бараме од идниот кандидат е организираност, способност за работа под притисок, вештини за убедување, фокус кон резултати, високо ниво на доверливост и лојалност
• Завршено средно образование;
• Познавање и работа со компјутери;
• Пожелно, но не  е неопходно претходното искуство во наплата на достасани побарувања во кредитна/финансиска институција 
• Возачка дозвола Б категорија (користење на сопствен автомобил при вршење на работата ќе се
смета во предност)

Што ти нудиме?

  • Обука за работното место
  • Одлична работна атмосфера
  • Современа и најнова технологија
  • Фиксна плата + бонуси
  • Можност за напредување
  • Работно време од понеделник до петок од 9 до 17ч

Ние сме победници!

Играме како тим!

Од тебе очекуваме:

  • Да носиш одлуки и да решаваш проблеми засновани на податоци
  • Да бидеш одговорен и да превземеш одговорност
  • Да тестираш и научиш, да правиш грешки, но повторно да се обидеш
  • Да почитуваш, разбираш и помагаш во тимот

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да му се приклучи на нашиот тим, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на email: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »