За компанијата: Теламон е специјализиран за решенија за телекомуникациски мрежи и услуги за индустриско склопување. Нашата цел е да го поедноставиме вашиот бизнис со зголемување на ефикасноста и рационализирање на работењето.
повеќе за компанијата »ТЕЛАМОН - една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за автомобилската индустрија од Индијана, САД има потреба од работници за отворена работна позиција во оддел Производство.
Основни обврски и одговорности:
- Составување на индустриски делови според упатствата за процесот на квалитет користејќи разни алатки.
- Тестирање на склопената опрема.
Работната позиција опфаќа:
- Работење согласно работни упатства и инструкции од претпоставен.
- Составување и тестирање на составениот производ.
- Сортирање несоодветни материјали.
- Вршење на работните задачи со полно работно време во траење од 40 часа седмично.
- Работа во стоечка положба и повторувачки движења со раце.
- Документирање и одржување запис за инспекција на готови производи.
- Почитување на интерните правила и политики, генералното работно време, времето за паузи.
Теламон нуди:
- Организиран превоз од Скопје и Куманово;
- Работа во две смени (06:00-14:00 и 14:00-22:00);
- Работно време од понеделник до петок;
- Бонус за редовност;
- Бонус за препорака на вработен;
Вработувањето во "Теламон-Европа" е взаемна врска на доверба и сигурност. Имаме должност да се грижиме кон вработените, а должност на вработениот е да ги изврши законските и разумни наредби на Теламон-Европа.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со целосна доверливост.
Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Поврзани огласи »