Цементарница УСЈЕ АД Скопје лого

Платена практикантска работа во Службата за човечки ресурси

За компанијата: Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Цементарница УСЈЕ АД Скопје:

Сениор сметководител - Communications & CSR Officer

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерахијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните разултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Групација ТИТАН објавува оглас:

Платена практикантска работа за поттикнување на вработување и развој на млади таленти

Цементарница УСЈЕ, како компанија чија стратешка определба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, спроведува програма за практикантска работа за поттикнување на вработување и развој на млади таленти.

Цементарница УСЈЕ во склоп со Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европска Унија (Pact for Youth), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.

Како дел од Програмата, Цементарница УСЈЕ објавува оглас за ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА во Службата за човечки ресурси.

Потребни квалификации:

  • Кандидатите треба да бидат без работно искуство, дипломирани или во завршна година на студиите по општествени науки (економски, правен, менаџмент на бизнис администрација и слично). 
  • Одлично познавање на Microsoft Office апликациите и одлично познавање на англиски јазик се сметаат за предност.
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

  • Мотивациско писмо на англиски јазик
  • Биографија (CV)
  • Доказ за образование (уверение за дипломирање или за положени испити)

Огласот трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето. 

Ангажирањето во програмата за практикантска работа трае определено време до 3 месеци. Учесниците во програмата ќе добијат Потврда за обученост во соодветната област. 

Аплицирањето се врши само на веб страната на Цементарница УСЈЕ АД Скопје http://usje.com.mk/, каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи. Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »