ИТ Менаџер

За компанијата: Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на... повеќе за компанијата »

Офис Плус, Водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјал, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема, 

 

Има потреба да вработи:

 

Сега имате одлична можност да бидете

 

ИТ Менаџер

Одговорности и задачи:

Задачи:

- Дизајн, имплементација и одржување на комплексни ИКТ решенија.

- Поврзување на локални мрежи и работа со мрежни уреди (WAN / LAN).

- Анализа на LAN и WAN околини за сигурносни слабости.

- Развој и планирање на Firewall решенија за заштита на корпоративната мрежа – дефинирање на зони на пристап, како и воспоставување на VPN доколку е потребно.

- Оптимизирање на перформанси на сервери како и развој на процедури и планови за миграција на понови технологии.

- Планирање и развој на disaster-recovery решенија и извршување на backup задачи.

- Администрација на Microsoft Windows Server 2008R2/2012.

- Администрација на клиентски оперативни системи (Windows XP, 7, 8).

- Администрација и одржување на компаниските ERP решенија.

- Одржување на целата техничката опрема.

- Следење и воведување на нови производи и услуги од информатичката област.

- Познавање на соодветните закони.

- Придржување кон должностите на сите вработени.

- Изготвување на извештаи за секторот.

Потребни квалификации:

  • ВСС  (предност факултет за информатичка технологија) 
  • Предност е претходно работно искуство на соодветна позиција 
  • Одлично познавање на англискиот јазик, особено деловната комуникација. Познавање на друг светски јазик ќе се смета за предност.
  • Возачка дозвола Б-категорија – активен возач

Профил на личност:

  • Одлични аналитички способности
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Организираност, одговорност, лојалност и ориентираност кон цели
  • Самоиницијативност при извршување на работните задачи
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок

 

Почетна плата 40.000 денари

Испратете ваша биографија (CV) и мотивационо писмо, на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]    , со назнака IT Менаџер”

 

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место „ IT Менаџер “. 

Огласот е отворен 7 (седум) дена.

Само одреден број на селектирани кандидати ќе бидат известени и повикани на тестирање и разговор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »