Специјалист за корисничка поддршка со германски јазик

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

City Connect е брзорастечка компанија која врши контакт центар услуги за реномирани светски компании. За потребите на еден од најголемите турператори во светот агенции, имаме потреба од специјалисти за грижа на корисници со германски јазик.

 

Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен и едноставен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го направиш пријатно и незаборавно целокупното искуство на патниците кои ги користат услугите на еден од најголемите туроператори во светот! 

 

Што можеш да очекуваш од првиот ден на твојот работен ангажман?

  • Конкурентна плата од 43.000 денари
  • Платена обука
  • Бонуси за препораки на пријател 
  • Можност за работа од дома по успешно совладување на обуката и периодот на прилагодување
  • Можност за напредок - новиот тим штотуку се формира и ќе бидат потребни идни лидери 
  • Со тек на време ќе се усовршуваш и ќе напредуваш, градејќи ја својата кариера во областа која најмногу те интересира

 

Стани дел од новиот германски тим и патувај онлајн низ целиот свет!

 

На корисниците ќе им обезбедуваш информации кои се однесуваат на:

  • Прашања од секаков тип во врска со нивните резервации (трансфери, сместување, екскурзии, активности и слично) 
  • Промени, дополнувања или откажувања на резервациите
  • Наоѓање на најдобро решение за поплаките на патниците

 

Како да знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим? 

  • Одлично зборуваш и пишуваш на германски јазик 
  • Комуницираш и на англиски јазик до B1 ниво
  • Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето
  • Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување
  • Мотивиран/а си и одговорен/на
  • Те инспирираат патувања и туризам како индустрија во подем
  • Сакаш да се развиваш во оваа индустрија

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »