Оператор на печка за кафе

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • ЕСИ
  • Активен до 17.04.2021
  • Позиција: Општ работник/магационер
  • Локација: Скопје

За вработување кај наш реномиран соработник, еден од лидерите на пазарот во  преработка на кафе, потребен е:

Оператор на печка за кафе (Скопје)

ЗАДАЧИ:

  • Пуштање во работа на печката за кафе
  • Редовна проверка(каиши ,лагери) и редовно подмачкување
  • Одржување на хигиена на печка и брикетара за љушпа
  • Пратење на процесот на печење, како и на температура при печење
  • Пратење на процесот на печење на компјутер,залихи во силоси на сирово и печено кафе
  • Одржување на филтри на печка и брикетара
  • Заверка во ХАЦЦП –евиденција
  • Одржување на ладилникот за кафе

БАРАМЕ:

  • Работно искуство на конкретната позиција над 5 години
  • Познавање на работа со компјутери
  • Способност да се реагира брзо во зависност од потребите
  • Носење на задолжителна заштитна опрема
  • Следење на процедурите за безбедност и здравје при работа
  • Изразена способност за решавање проблеми, логика и споредба, квалитетна одлука, управување со време и ориентираност кон тимска работa

НУДИМЕ:

  • Навремена и компетитивна плата
  • Обезбеден топол оброк
  • Обезбедена обука во период од 3 месеци
  • Можен почеток: 01.05.2021         
  • Годишен одмор: согласно ЗРО и колективен договор

Времетраење на вработувањето: Неопределено

Прекувремена работа нема

Работно време и услови:

Полно работно време (40 часа неделно) 1.смена  07-15,00   2.смена 15,30 – 22,00 за време на вондредни мерки (Ковид 19)

Во нормални услови 1.смена   08.00-16.00

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.

Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [email protected] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[email protected], www.esi.mk