Техничар/Сервиер на принтери

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на нашиот клиент Мираж МК ДООЕЛ водечка компанија, доставувач на опрема и материјали за дигитално печатење во широк формат на материјали од ролна и плочести материјали, како и текстили и церади, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Техничар/Сервиер на принтери

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Инсталација, конфигурација и одржување на печатачи;
  • Обезбедување на техничка поддршка за крајните корисници;
  • Постојана комуникација со клиенти;
  • Поправка и сервисирање на принтери.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно или високо образование;
  • Познавање на машини за принтање и печатење;
  • Комуникативна, мотивирана, стабилна личност;
  • Возачка дозвола Б категорија.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »