Соработник за комерцијална и техничка соработка

За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна... повеќе за компанијата »

ДУНА д.о.о.

Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија, посветено работиме на нашата мисија која започна во раните 90-ти години, технологијата да биде присутна во сите сегмнети на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено делување. Официјални партнери на Ricoh, Apple, Konka, Brahler, Tentnology, Zebra, Lenovo, Garmin, ги следиме светските IT трендови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд кој според многумина е IT трендсетер во регионот.              

За кого е наменето работното место?

Млади, мотивирани и амбициозни луѓе, кои имаат искуство и познавање од информатичка технологија, работа со компјутерска опрема и уреди. Потребно е познавање на Word и Excel како и основни вештини за корпоративен однос и комуникација. Достапни работни места во Куманово, Кочани, Штип, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Велес, Скопје, Тетово и Гостивар.

Ако сте организирани, систематични, флексибилни, плус имате добри комуникациски вештини, позитивни сте, добро работите во тим и спремни сте да учите под притисок, ние би сакале да ви дадеме можност да го докажете својот потенцијал. По завршување на ангажманот со одредено работно време, имате можност за вработување со делумно или полно работно време.

Опис на задачи

  • Контакт со клиенти, анализа на потреби и креирање на решение;
  • Изработка на комерцијални документи – понуди, профактури, фактури, техничка документација и коресподенција со клиенти
  • Поддршка во промоција и продажба на останати продукти и сервиси кои ги нуди компанијата -  на Ricoh, Apple, Konka, Brahler, Tentnology, Zebra, Lenovo, Garmin

Што ќе добие вработениот:

  • Менторство при анализа, дизајн и изработка на решение;
  • Можност за надградба на своите вештини со учество на обуки, сертификација и усовршување на техниките и знаењата;
  • Пренесување на знаење од страна на нашите продукт специјалисти;
  • Професионална и пријатна работна атмосфера и целокупна техничка опременост за професионално работење.

Времетрање на ангажманот:

6 месеци со можност за продолжување

Како да аплицирам?

Испратете ја својата биографија/CV (со телефонски контакт), кратко писмо за изразување интерес на следната адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака „Пријава за соработник за комерцијална и техничка соработка“, најдоцна до 10 јуни 2021 г., до 23:59 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »