Финансиски менаџер

  • Објавен на 7.2019
  • СЕКЕ ДООЕЛ
  • Активен до 22.07.2019
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Крушево

Секе ДООЕЛ Прилеп има потреба од

Финансиски менаџер -

 

Финансискиот менаџер треба да :

  • Има завршено високо образование во соодветна област;
  • Има знаење за финансиски менаџмент;
  • Познавање на сметководствениот и даночниот систем во земјата;

 

Финансискиот менаџер треба да има искуство во:

  • Најмалку 5 години работно искуство на наведената позиција во областа на ревизијата,финансиското и материјалното сметководство;
  • Искуство во подготовка и анализа на финансиски извештаи,книжења,трансфер и евиденција на финансиски средства и завршна годишна сметка,водење на сметководствени и деловни книги,плаќања,банкови усогласувања,водење даноци и поднесување на даночни извештаи,подготовка на месечни финансиски  извештаи,подготовка на финални годишни извештаи;

 

Финансискиот менаџер треба да ги поседува следните вештини и способности

  • Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот и сметководствените апликации;
  • Одлично познавање и активно користење на деловен англиски јазик(говорен и пишан);
  • Aктивно следење и познавање на актуелните промени,случувања и законски регулативи во областа на финансиите и сметководството;
  • Високо развиени аналитички и комуникациски способности,посветеност,лојалност, доверливост,комуникативни и презентерски вештини,вештини за организирање,капацитет за тимска и независна работа;
  • Препорачливо е да поседува сметководствена лиценца;
  • Возачка Б категорија;

 

Обврските на финансискиот менаџер опфаќаат:

  • Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
  • Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
  • Подготовка на финансиски извештаи;
  • Материјално и книговодствено работење;
  • Следење на македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди;
  • Организација и поддршка во спроведување на ревизии;

 

 

Плата: 49.200

 

Сите заинтересирани кандидати својата кратка биографија можат да ја достават на следната е-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 22.07.2019 година

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »