Специјалист за развој на бизнис

(преземи го огласот како слика)

Семос Едукација (www.semosedu.com.mk), најголемиот центар за компјутерска обука во Македонија бара:
 

Специјалист за развој на бизнис


Ако си:

  • срдечен и професионален
  • имаш продажни вештини и искуство, како и познавање на напредни ИТ технологии;
  • знаеш супер англиски и факултетот ти е завршен;
  • Поседуваш возачка дозвола Б категорија, и активно возиш

Тогаш овој оглас е токму за тебе!

Во Семос Едукација, твоето ново работно место, ти ќе:

  • Комуницираш секојдневно со клиенти, водиш и унапредуваш продажбата во земјата и странство;
  • Истражуваш нови бизнис можности и реализираш состаноци и презентации;
  • Подготвуваш понуди за клиентите и тендери;
  • Ја планираш продажбата и ги следиш финансиските резултати и поставените цели.
     

Ние ти ветуваме забавно и динамично опкружување, можност за личен и професионален развој како и можност за постојано усовршување со посета на курсеви и сертифицирање.

Нас нѐ има секакви – програмери, продавачи, дизајнери, маркетинг експерти, колеги кои се грижат за сите нас од одделот човечки ресурси, финансиери, администратори, тестери, скрам мастери... Со нетрпение те очекуваме и тебе, новиот дел од мозаикот наречен Семос Едукација!

Сакаш да се придружиш? Не чекај ни момент повеќе, пиши нѝ или прати нѝ CV до 07.02.2021 на  [најави се за да го видиш е-маилот]  


Се гледаме!

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »