ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР

  • Објавен на 10.2019
  • АД ОХРИД ТУРИСТ - ОХРИД
  • Активен до 25.10.2019
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Охрид

Врз основа на Oдлука на одборот на директори на АД “ОХРИДТУРИСТ”ОХРИД,  донесена на седница одржана на ден 24.09.2019 година, се распишува оглас за следното работно место:

ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР

Профил на кандидатот:

  • Образование –ВСС, насоки: Менаџмент, Бизнис администрација, Туризам и хотелиерство
  • Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на Microsoft Office (Excell, Word, Power Point)

Клучни одговорности:

  • Учество во донесување на важни одлуки во врска со политиката, плановите и стратегиите на компанијата
  • Развивање и спроведување на оперативните политики и процедури
  • Помага при прмоција на културата на компанијата што поттикнува врвни перформанси и високи морални вредности
  • Вршење супервизија на буџетирањето, известувањето, планирањето и ревизијата
  • Надзор при поднесување на сите правни и регулаторни документи и следење на усогласеноста со законите и прописите
  • Идентификација и локација на проблемите и можностите за компанијата
  • Градење на партнерски односи со други организации
  • Поддршка при комуникација на работниците со менаџерскиот тим
  • Поддршка на сите функции на бизнсот да функционираат усогласено.

Времетраењето на огласот е до 25.10.2019, во тој период кандидатите своето резиме (CV) можат да го пратат на [најави се за да го видиш е-маилот] или на адреса ул. ”Партизанска” бр. 8, Охрид.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »