Плакатер

За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. повеќе за компанијата »

Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.

Распишуваме оглас за работното место „Плакатер“.

На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации

  • Минимум средно образование;
  • Работно искуство во поставување на плакати ќе се смета за предност;
  • Способност за тимска работа;
  • Самоиницијативност;
  • Подготвеност на работа под притисок;
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија.

 

Опис на работно место:

  • Редовно одржување на рекламните паноа/билборди (поправки и чистење на истите);
  • Работа на терен (монтажа, демонтажа);
  • Одговорен за редовно известување на претпоставеиот за завршените работни задачи, фотодокументацијата и навремено известување за забележаните неправилности на рекламните паноа/локациите;
  • Исполнување на предвидените задачи во предвиден рок, правилно, уредно и прописно поставување на плакатите, а во согласност со агендите.

 

Нудиме:

  • Постојана поддршка и помош од вработените во Полиестердеј во периодот потребен за адаптација;
  • Одлична работна атмосфера;
  • Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
  • Можност за учење и стекнување нови вештини;
  • Редовна Плата.

Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец, со можност за продолжување на 3, 6 или 12 месеци.

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV  на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со наслов: “за работна позиција Плакатер”.

Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.

Веб сајт: 

www.print.mk

www.polyesterday.com.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »